Достапни линкови

Вести

Нетанјаху: "Рохани е волк во јагнешка кожа"

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека иранскиот претседател Рохани е лојален слуга на режимот и е волк во јагнешка кожа.
Во говорот на Генералниот собрание на Обединетите Нации во Њујорк, Нетанјаху изјави дека Иран развива нуклеарно оружје и оти израелската иднина е под закана од нуклеарно вооружен Иран.
Затоа, според Нетанјаху, поостри санкции и сериозна воена закана се единствениот начин за мирно спречување на Иран да развие нуклеарно оружје, а не да се влегува во делумни договори со Техеран.
Ако Израел остане сам, сам ќе го спечи Иран да биде нуклеарна закана, истакна Нетанјаху.

Обама ветува дека владините службеници ќе се вратат на работа

Вработените во американските федерални служби, кои се погодени со затворањето на некои институции поради несогласувањата во Конгресот околу буџетот, ќе се вратат на работа што е можно поскоро, ветува претседателот Барак Обама во отворено писмо постирано на владните интернет страници. Ќе продолжам да правам се што е во моја моќ да издејствувам Претставничкиот дом да дозволи повторно отворање на институциите и да можат сите да си ги добијат платите, порачува Обама. Тој смета дека не мораше да дојде до затворање на некои федерални институции.

Најмалку 55 загинати во насилства во Ирак

Во нов бран на напади, инциденти и експлозии на автомобили бомби во ирачкиот главен град Багдад, загинале најмалку 55 лица. Мисијата на Обединетите Нации во Ирак соопшти дека околу 1.000 ирачани биле убиени во насилствата, само во изминатиот септември. Слична бројка на загинати во Ирак имаше и во јули годинава.

4-ца грчки пратеници од партијата Златна Зора на суд

Атина, 01.10.2013
Атина, 01.10.2013
Четворица пратеници од партијата Златна Зора ќе бидат изведени пред суд во Атина на прелиминарно сослушување во врска со обвиненијата за учество во криминална организација, која е одговорна, меѓу другото, и за убиства, напади и перење пари. Тие беа уапсени во минатиот викенд заедно со нивниот партиски лидер и неговиот заменик. Во акцијата на полицијата против Златна Зора, досега се уапсени вкупно 22 лица, а по 10 е издадена потерница. Златна Зора има 18 пратеници во грчкиот парламент и се заканува дека ќе го напушти, што би можело да предизвика нови избори.

Беџети: Се разгледува иницијативата за ослободување на Кежаровски

Министерот за правда Блерим Беџети во врска со иницијативата на Здружението на новинарите на Македонија за ослободување од гонење на новинарот Томислав Кежаровски, вели дека додека случајот е во судска постапка би било преседан да се ослободи обвинетиот од гонење.
- Во Министерство за правда сериозно ја разгледуваме иницијативата, но внимателни сме да не придонесеме сите заедно да се случи еден преседан, додека е во судска постапка да се постапи по такво нешто, изјави Беџети одговарајќи на новинарско прашање пред промоцијата на Збирката на пресуди на Европскиот суд за човекови права, по членот 10 – слобода на изразување.
На новинарот, како што рече Беџети, не му се суди за слобода на изразување, туку за друг почуствителен предмет. - За конечен одговор деновиве ќе информираме од Министерството за правда, додаде министерот.

Судскиот процес за случајот „Ликвидација“, каде меѓу обвинетите е и новинарот Кежаровски денеска продолжи во скопскиот Кривичен суд.

Пропен во атмосферата на Титан

Американската вселенска сонда „Касини„ открила мали количества пропен во атмосферата на Титан, најголемата месечина на Сатурн. Американската агенција НАСА соопшти дека станува збор за прво детектирање на ваква состојка на некоја планета или нејзин природен сателит, надвор од Земјата. Пропен е молекула составена од три атоми на јаглерод и шест атоми на водород. Од пропен се прават производи од пластика.

ТИ: сиромашните најпогодени од курупцијата во образованието

Во најновиот извештај на Транспаренси интернешнал за корупцијата во образовните системи се наведува дека секој петти во светот платил мито за школување во минатата година. Тој сооднос се зголемува кај сиромашните земји каде што секој трети платил мито за некаква услуга во образованието. Во извештајот објавен денеска во Будимпешта се повикуваат владите да етаблираат подобри образовни системи и ги охрабруваат родителите и децата повеќе да учествуваат во донесувањето одлуки во училиштата.

Ахмети во Брисел, Париз и Хаг

Лидерот на ДУИ Али Ахмети
Лидерот на ДУИ Али Ахмети
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска ја почнува официјалната посета на Брисел во пресрет на објавувањето на Извештајот Европската комисија за напредокот на Македонија. Средбите на Ахмети во Брисел, и планираните посети на Париз и Хаг, како што најави ДУИ, е продолжение на напорите за поттикнување на интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ. Ахмети е придружуван од вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и шефот на неговиот кабинет Артан Груби.

Мијатовиќ: лоша состојба со слободата на медиумите во Азербејџан

Дуња Мијатовиќ
Дуња Мијатовиќ
Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ оцени дека ситуацијата во Азербејџан е многу загрижувачка кога станува збор за слободата на говорот и медиумите. Таа во интервју за Радио Слободна Европа го потенцира усвојувањето закони со кои се спречува изразување критички ставови во Азербејџан и тоа пред претседателските избори закажани за 9 овој месец.

„Пријатели на Македонија“: Грција се однесува антиевропски

министерот за надворешни работи Никола Попоски
министерот за надворешни работи Никола Попоски
Претседавањето на Грција со Европската унија ќе биде искористено од групата „Пријатели на Македонија“ за вршење притисок, преку прашања, зошто Атина го попречува проширувањето на Унијата и не го почитува меѓународното право. Ова го изјави германскиот европратеник Мартин Кестлер на денешната заедничка прес конференција во Скопје заедно со неговиот естонски колега Туне Келам и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој смета дека е срамно она што и се случува на Македонија и нејзиниот народ во однос на евроинтеграцијата бидејќи тоа што го прави Грција не е во согласност со европските вредности.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG