Вести
Ќе добие ли виза предлогот на Црвенковски?
Техничка влада која во исто време ќе организира локални и предвремени избори е клучниот услов за кој Црвенковски побарал мислење од проширениот Централниот одбор. Според извори во партијата, имало поделени ставови околу тоа дали СДСМ треба воопшто да поставува услови или да остане доследна на своите најави и да оди на бојкот. На маса се нашол и условот што го имаа социјалдемократите пред минатите предвремени парламентарни избори, а тоа е рамномерна распределба на парите за реклами. Црвенковски побарал и доследна примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР во изборната регулатива, целосно прочистување на избирачкиот список, како и засилен меѓународен мониторинг.
Друг формат на Влада што би требало да ги организира изборите социјалдемократите и официјално побараа.
Премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање ги повика опозиционерите да се вратат во Собранието и да учествуваат на изборите, кој како што рече ќе бидат фер слободни и демократски, како претходните. Од партијата на Ахмети сметаат дека нема логика опозицијата да бара техничка или каква и да е влада, бидејќи граѓаните се изјасниле пред година и пол, кој сакаат да ги води. Идејата за бојкот е неприфатлива и за албанската опозициja.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека веднаш по божиќните празници ќе ги распише локалните избори. Во собранието велат дека се уште не знаат кога Вељаноски ќе го стори тоа. Доколку неделава ги распише изборите, тогаш според законските прописи од денот на денесувањето одлука за одржување избори до денот на нивото одржување не смеат да поминат повеќе од 90 дена а помалку од 70 што значи дека тие би требало да се оддржат меѓу 24 март и 14 април.

Францускиот министер за буџет под истрага за затајување данок
Француското обвинителство соопшти дека ќе почне прелиминарна истрага по обвинувањата дека министерот за буџет Жером Каузак со години има тајна приватна сметка во швајцарска банка. Тој ќе биде испрашуван поради сомнеж за затајување данок. Каузак рече дека е задоволен што се отвора истрага, која, според него, ќе докаже дека е целосно невин. Француски он-лајн медиум минатиот месец објави дека Каузак 20 години имал тајна сметка во банката УБС, сè до 2010 година кога беше назначен за претседател на собраниската комисија за финансии. Каузак го тужи порталот за клевета. Обвинувањата против министерот доаѓаат во време кога францускиот претседател Франсоа Оланд ги повикува богатите Французи да ги прифатат зголемувањата на даноците богатите, наместо да ги носат парите во странство.
Провладини контра-протести во Ирак
Илјадници демонстранти излегоа на улиците во доминантно шиитските делови на Ирак во знак на поддршка на владата, откако повеќе од две недели во регионите каде што сунитите се мнозинство се одржуваат анти-владини протести. Денеска имаше протести во неколку градови меѓу кои и во Басра и во светиот град Карбала. Демонстрантите ја осудуваат наводната вмешаност на други држави од Блискиот Исток во анти-владините протести.
Во меѓувреме, неколку сунитски и курдски министри ја бојкотираа денешната владина седница во знак на поддршка на анти-владините демонстранти.
Сунитите сметаат дека доминантно шиитската влада на премиерот Нури ал-Малики ги дискриминира.

Ховит - Не смее да се толерира блокирање на проширувањето на ЕУ
Блокадите за прием на нови членки во Европската унија од страна на актуелни земји членки кои го прикриваат нивното противење, не смее да се толерира и за тоа тие треба да трпат последици поради прекршените ветувања. Перверзно е што во актуелната ситуација со Грција, ЕУ не успеја да и постави услови на Атина да го реши долгогодишниот спор за името со Скопје.
Овие ставови ги презентира денеска пред Истражниот комитет за проширување на ЕУ при Британскиот парламент европратеникот Ричард Ховит, кој е и известувач за Република Македонија во Европскиот парламент, пренесува МИА.
Во своето излагање, Ховит предлага во Европскиот совет да почне да се применува отворено гласање по прашањата за пристапување, да се воведат клаузули во идните пристапни договори со кои ќе се спречи новите членки да применуваат вето, да и се даде мандат на Европската комисија да известува за „трошоците за непроширување“ со земјите во регионот, како и Европската унија да назначи арбитер, кој ќе ги решава билатералните спорови помеѓу актуелните и идните земји членки.

СДСМ одлучува - бојкот или нови услови за локалните избори
СДСМ вечерва на вонредна седница на Централниот одбор одлучува дали ќе ги бојкотира локалните избори во март или пак ќе ги дефинира условите за учество. Предвидено е на таканаречениот мини-конгрес, освен членовите на ЦО да дојдат и претседателите на сите општински организации на СДСМ, заедно со пратениците, градоначалниците и досега утврдените кандидати за грдоначалници.
ОН - Еден милион Сиријци гладуваат
ОН соопштија дека еден милион Сиријци се во очајна потреба од помош во храна, најголемиот дел од нив во конфликтните подрачја, поради ограничувањата за дистрибуција на помош од сиријската влада. Портпаролката на Светската програма за храна Елизабет Бирс рече дека тие им делат оброци на околу 1,5 милиони луѓе во Сирија секој месец, но оти се проценува дека таква помош им е потребна на околу 2,5 милиони луѓе. Само неколку хуманитарни агенции се овластени за дистрибуирање хуманитарна помош во Сирија. ОН проценуваат дека во 21-месечниот конфликт во Сирија досега загинале над 60 илјади луѓе, а околу 600 илјади луѓе се евидентирани како бегалци.
Земјотреси во Грција и во Турција
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Егејското Море, соопшти истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили. Епицентарот на земјотресот, како што пренесува МИА, бил на длабочина од девет километри во морето на околу 80 километри од Чанаккале. Локалните власти на Чанаккале соопштија дека засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета. Земјотресот предизвикал паника меѓу населението, а телефонските врски во западна Турција во моментов се прекинати. Во меѓувреме грчките медиуми јавија дека земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала го погоди поморскиот регион јужно од грчкиот остров Лимнос.
Одложено заседанието за Косово меѓу српската влада и претседателот
Планираното за денеска заседание меѓу српската Влада и претседателот Томислав Николиќ за разгледување на државанатa платформа за Косово и прифаќање на предлог-резолуцијата, која треба да се стави на гласање во Парламентот, е одложено за утре. На средбата, Владата треба да прифати два текста - предлог резолуција, која е обврзувачки документ и треба да се гласа во Парламентот и платформа за Косово.
Според информацијата на Танјуг, членовите на српската Влада синоќа го добиле текстот на предлог-резолуцијата, подготвена од кабинетот на претседателот. Текстот сè уште е во процес на преработка. Спорно е дали конечниот текст на резолуцијата да се повикува на платформата за Косово или да се избегне формалното спомнување на овој документ.
Предлог-резолуцијата е составена од пет точки, од кои едната гласи дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Во останатите точки се наведува дека дијалогот со Приштина ќе продолжи и секој чекор напред во овој дијалог треба да биде спроведен со напредокот на Србија во евроинтегративниот процес. Треба да се определи статусот на Северно Косово, каде живеат главно Срби и да се обезбедат специјални гаранции за личните и колективни права на косовските Срби јужно од реката Ибар.

Отфрлени две обвиненија против поранешниот грузиски министер за одбрана
Грузиското обвинителство соопшти дека две од обвиненијата против поранешниот министер за одбрана Иракли Окруашвили се отфрлени. Обвиненијата за злоупотреба на функцијата и за нелегални бизнис активности се отфрлени, но Окруашвили сè уште се соочува со обвиненијата за небрежност и за формирање нелегална вооружена група. Тој беше уапсен во ноември, откако дојде во Тбилиси по пет години живеење во странство. Поранешниот грузиски министер за ја напушти земјата во 2007 година откако беше отворена истрага против него за примање мито и за формирање нелегална вооружена група. Тој беше осуден на 11 години затвор во отсуство. Окруашвили се врати во земјата неколку дена откако новата влада отвори истрага против голем број поранешни функционери во министерството за внатрешни работи.
Кинески демонстранти бараат слобода на печат
Демонстрантите во јужниот кинески град Гуангжу втор ден по ред протестираат, барајќи слобода на печатот. Десетици луѓе протестираат пред канцелариите на популарниот „Јужен неделник“, откако беше ценурирана статија во која се бара поголема заштита на човековите права. До протестите дојде кога блогерите и некои познати јавни личности кои на социјалните мрежи имаат милиони следбеници изразија поддршка за слободата на печатот. Полицијата дозволи одржување на протестот.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете