Достапни линкови

Вести

Хејгел - Ако треба, подготвен сум на воена акција против Иран

Предлогот на американскиот претседател Барак Обама за секретар за одбрана Чак Хејгел пред сенатскиот Комитет за вооружените служби.
Предлогот на американскиот претседател Барак Обама за секретар за одбрана Чак Хејгел пред сенатскиот Комитет за вооружените служби.
Предлогот на американскиот претседател Барак Обама за секретар за одбрана Чак Хејгел пред сенатскиот Комитет за вооружените служби рече дека ако е неопходно подготвен е да поддржи воена акција против Иран или против други противници. Поранешниот републикански сенатор Хејгел во своето воведно излагање пред комитетот рече дека сака американските вооружени сили да останат најсилни во светот и дека поддржува користење воена сила за заштита на интересите на земјата.

КФОР ќе реагира ако некој се обиде да ги наруши мирот на Косово

Архивска фотографија: Војници на КФОР на Косово.
Архивска фотографија: Војници на КФОР на Косово.
Командантот на КФОР Фолкер Халбауер денеска изјави дека КФОР ќе реагира доколку некој се обиде да ги наруши мирот и безбедноста на Косово, без да нагласи за евентуално новата акција во северниот дел на земјата. На прашањето дали КФОР ќе ги отстрани новите блокади кои Србите денеска попладне ги поставиле на автопатот Приштина-Рашка, тој одговори дека нема да зборува за оперативни детали.

ХРВ загрижени поради насилствата врз новинари на Западен Балкан

World -- Human Rights Watch logo,undated
World -- Human Rights Watch logo,undated
Почитувањето на човековите права во земјите од Западен Балкан не одговара со аспирациите на регионот за европска интеграција, се наведува во денеска објавениот годишен извештај за човековите права за 2013 година на организацијата Хјуман рајтс воч, јави БТА. Во регионот е забележан одреден напредок во судските процеси за воени злосторства. Сепак, послаб напредок е забележан во однос на намалувањето на дискриминацијата и нападите врз ромското малцинство и изнаоѓањето на решенија за исполнување на барањата на бегалците. Хјуман рајтс воч изрази загриженост поради регистрирани случаи на насилство против новинари во 2012 година.

Груевски денеска го одмолче падот на слободата на печат во Македонија

Архивска фотографија.
Архивска фотографија.
Премиерот Никола Груевски денеска остана без коментар за големиот пад на слободата на медиуми во Македонија, според листата на Репортери без граници. На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеникот Изет Зеќири од НДП побара отчет од премиерот за падот на слободата на печат, но Груевски рече дека ќе одговори писмено.

Убиени двајца сунитски свештеници во Пакистан

Телата на убиените свештеници во болница во Карачи.
Телата на убиените свештеници во болница во Карачи.
Двајца сунитски свештеници биле убиени денеска во градот Карачи во Пакистан. Полицијата соопшти дека вооружен напаѓач почнал да пука кон автомобилот во кој се возеле свештениците. Во најголемиот град во Пакистан често има вооружени напади. Во вчерашниот бомбашки напад во градот загинаа двајца луѓе.

Рамуш Харадинај - почесен граѓанин на Тетово

Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово и претседател на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај.
Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово и претседател на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај.
Советот на општина Тетово на денешната седница ја усвои одлуката за прогласување на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово и претседател на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај за почесен граѓанин на општината. Одлуката беше усвоена со акламација од 19-те присутни советници Албанци, додека седницата токму поради оваа точка на дневен ред ја бојкотираа 9-те советници Македонци. Според одлуката, признанието ќе му биде доделено на свечена седница на Советот на општината на 4 февруари оваа година. Предлогот за прогласување на Харадинај за почесен граѓанин на Тетово потекнал од кабинетот на градоначалникот, информира општината. Харадинај пред неколку месеци беше ослободен од обвиненијата од Хашкиот трибунал.

Намален бројот на работници во индустријата

Iran— A worker (laborer) in the Kerman copper factory, 2011
Iran— A worker (laborer) in the Kerman copper factory, 2011
Бројот на работниците во индустријата во 2012 е намален за 2,4 отсто во однос на 2011 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во декември минатата година, во однос на истиот месец од 2011 бројот на работници е намален за 1,3 проценти.

Камерон во ненајавена посета на Либија

Британскиот премиер Дејвид Камерон на средба со неговиот либиски колега Али Зеидан во Триполи.
Британскиот премиер Дејвид Камерон на средба со неговиот либиски колега Али Зеидан во Триполи.
Британскиот премиер Дејвид Камерон ненајавено ја посети Либија, каде што вети помош во обука и совети за војската и за полицијата, во услови на растечка загриженост за безбедноста во регионот. Посетата на Камерон на Триполи доаѓа неколку дена откако британскиот Форин офис предупреди на потенцијална закана за британската амбасада во Либија. Британскиот премиер вчера беше во посета на Алжир, две недели по заложничката драма во гасна постројка во близина на границата со Либија, во која веројатно загинаа шестмина Британци. Се очекува, Камерон денеска да патува во Либерија каде што треба да присуствува на конференција за развој.

Шест месеци затвор за Командант Коки

Скопјанецот Никола Ѓорѓиев, познат како Командант Коки денеска беше осуден на шест месеци затвор, поради напад на полицаец. Според обвинението, 23 декември лани, осудениот нападнал полицаеш што го сопрел неговото возило и му удрил тупаница, по што полицаецот паднал на земја во бесознание. Адвокатите на осудениот го оспорија обвинението. Ѓорѓиев треба да остане во притвор до правосилноста на пресудата.

Британија разубедува Романци, Романија кани Британци

Букурешт.
Букурешт.
„Дојдете во Романија – пивото е поевтино, жените ни се посекси и никогаш не сме го фотографирале Хари гол“. Тоа се дел од аргументите со кои шеговито романскиот весник Гандул возвраќа на гласините за британска агитациска кампања со цел да се разубедат потенцијалните имигранти од Бугарија и Романија.

„Половина од жените ни изгледаат како Кејт, другата половина како – сестра и“, се вели во шеговитите реклами на весникот кои се дел од кампањата „Може да не ја сакаме Велика Британија, но Вие ќе ја засакате Романија“.

„Зборуваме подобро англиски од каде и да е во Франција, Точено пиво е поевтино отколку вашата флаширана вода“, се обраќа весникот кон Британците.

Во британски медиуми во последно време се појавија информации дека се прават планови за рекламна кампања со која Романците и Бугарите треба да се разубедат да не доаѓаат во Велика Британија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG