Достапни линкови

Вести

Заврши првата рунда на Нимиц со посредиците за името

Во Њујорк заврши првата рунда од дводневните разговори за разликите околу името под покровителство на медијаторот на ОН Метју Нимиц.
Специјалниот претставник на ОН Нимиц го запознал македонскиот преговарач Амбасадрот Зоран Јолевски со ставовите на грчката страна во врска со македонските предлози што медијаторот претходно ги добил, јавија македонските медиуми.
Пред средбата со Јолевски, Нимиц се сретнал и со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис со кого разговарал за можните решенија, за кои било претходно разговарано во Скопје и во Атина.
Утре посредникот на ОН Метју Нимиц ќе има заедничка средба со двајцата преговарачи Јолевски и Василакис.

Израел го бојкотира УНХЦР

Израел.
Израел.
Израелските дипломати не се појавија на редовното разгледување на состојбата со човековите права во Женева, по одлуката на Тел Авив да ја суспендира соработката со Советот за човекови права на ОН(УНХЦР). Со тоа Израел стана прва држава што го бојктотирала процесот на преглед на човековите права на УНХЦР. Минатата година Израел ја прекина соработката со УНХЦР, како одговор на неколкуте критички резолуции за конфликтот во Газа, израелските доселеници и за човековите права во Појасот Газа и на Западниот Брег. САД го предупредија УНХЦР да не презема никакви акции што може понатаму да ги влошуваат односите со Израел.

Можен јапонско-кинески Самит за намалување на тензиите

Јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека Самит со Кина може да помогне за подобрување на односите меѓу двете земји кои со месеци се влошуваат. Претседателот на Комунистичката партија на Кина Кси Џинпинг минатата недела му рекол на јапонскиот пратеник дека е посветен на развој на билатералните односи меѓу двете земји и дека размислува за одржување Самит. Сепак, во денешниот говор пред членовите на Политбирото на кинеската Комунистичка партија, тој повтори дека Кина никогаш нема да направи компромис за нејзиниот суверенитет. Јапонија и Кина со години имаат спор за сопственоста врз група острови во Источното Кинеско Море, но односите меѓу Токио и Пекинг се заострија пред неколку месеци кога јапонската влада купи три од островите од човекот што ги поседуваше.

Филе - Не очекував да ги притискам земјите-кандидати за реформите

Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Кога почнував да ја работам оваа работа, очекував дека таа ќе се состои најмногу во притисок на земјите-членки да го одржат процесот, а наместо тоа ги притискам земјите-кандидати да ги спроведат реформите, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел на средбата за Западен Балкан во организација на Европската народна партија (ЕПП). Тој рече дека е исклучително важно проширувањето на ЕУ да се одржи и покрај економската криза и бројните нерешени прашања во регионот.

Доживотен затвор за украински полициски генерал за убиство на новинар

Поранешниот началник на одделот за следење во украинското МВР, генерал Алексиј Пукач на судењето во Киев.
Поранешниот началник на одделот за следење во украинското МВР, генерал Алексиј Пукач на судењето во Киев.
Поранешен украински полициски генерал денеска е осуден на доживотен затвор за убиството на истражувачкиот новинар Георгиј Гонгадзе. Судот во Киев утврди дека поранешниот началник на одделот за следење во украинското МВР, генерал Алексиј Пукач, лично го задавил Гонгадзе. Новинарот кој откри случаи на корупција на високо ниво беше киднапиран во 2000 година, а неговото обезглавено тело беше пронајдено во близина на Киев. Тогашниот претседател Леонид Кучма беше обвинет за вмешаност во убиството врз основа на тајни аудио снимки направени во неговиот кабинет, но обвинителството ги повлече обвиненијата во 2011 година. Пукач рече дека ќе ја прифати пресудата ако Кучма и другите вмешани бидат изведени пред суд.

Кери доби поддршка од сенатскиот Комитет за надворешни работи

Американскиот сенатор Џон Кери.
Американскиот сенатор Џон Кери.
Американскиот сенатор Џон Кери доби поддршка од сенатскиот Комитет за надворешни работи да ја замени Хилари Клинтон на местото шеф на американската дипломатија во вториот мандат на претседателот Барак Обама. Се очекува Сенатот денеска да го изгласа Кери за нов шеф на Стејт департментот. Тој има голема поддршка и од демократите и од републиканците. Ова е негов петти мандат како сенатор, а во 2004 година беше претседателски кандидат на демократите. Кери е одликуван воен ветеран од Виетнам.

Застрелан осомничен атентатор во Кабардино-Балкарија

Осомничениот за убиствата на познат новинар и универзитетски ректор во руската Република Кабардино-Балкарија на северен Кавказ бил убиен во специјална операција во главниот град Налчик, соопшти полицијата. Убиенот 30-годишен Зејтун Бозијев беше осомничен за минатомесечните убиства на познатиот телевизиски новинар Казбек Гекиев и на ректорот на Земјоделскиот универзитет Борис Жеруков, кој беше и претседател на локалниот огранок на владејачката партија Единствена Русија. Исламистичките милитанти често напаѓаат функционери и полицајци во севернокавкаските републики Кабардино-Балкарија, Чеченија, Ингушетија и Дагестан.

Собранието тврди дека не ги злоупотребило резултатите од анкетата на ИДСЦС

Собранието денеска реагира дека не ги злоупотребило резултатите од последната анкета за за работата на Собранието, што ја изработи Институтот за демократија „Societas Civilis“ – Скопје( (ИДСЦС) по нарачка на Вестминстер Фондацијата за Демократија.

„Посочуваме дека официјалните резултати од спроведената анкета на 25 јануари 2013 година, до Собранието беа доставени без забелешка во однос на методолошкиот пристап или, пак, во однос на кој било друг аспект од реализирањето на анкетата“, се наведува во соопштението од Собранието.

ИДСЦС претходно реагира на тоа што Собранието јавно ги соопшти резултатите од анкетата, поточно од прашањата кои се однесуваат на настаните од 24 декември, иако, како што соопштија, им било кажано дека резултатите од овие две прашања, кои инаку отстапуваат од воспоставениот прашалник што се користи секоја година, ќе послужат единствено за „интерни потреби“. Тие велат дека имале методолошки и содржински забелешки за формулацијата на тие две дополнителни прашања, но сепак прифатиле да бидат додадени во прашалникот, пред сè во име на претходната коректна соработка, но и џентлменски договор дека деталите околу презентирањето на резултатите од анкетата ќе бидат дополнително договорени“, се наведува во соопштението од ИДСЦС.

ИДСЦС реагираше и дека форматот на презентација на резултатите од истражувањето, со последниот брифинг за новинари, отстапува од воспоставената пракса од претходните години, кога се одржуваше јавна прес-конференција во Собранието, со присуство на претставници од ИДСЦС и Вестминстер Фондацијата за Демократија, која финансиски го поддржува истражувањето. За Собранието, пак, начинот на презентирање на резултатите е од второстепено значење, а од примарно значење се резултатите.

Повикувајќи се на таа анкета, Собранието претходно соопшти дека дури 72 отсто од граѓаните одговориле со „да“ на прашањето „Ако пратениците не го почитуваат редот во Собранието, дали да се отстранат?“ На второто прашање „Дали да се почитува редот и покрај заострените односи?“, позитивно одговориле 94 отсто од анкетираните.

Десетици луѓе егзекутирани во Алепо

Архивска фотографија: Алепо.
Архивска фотографија: Алепо.
Сиријската опозиција соопшти дека биле најдени 65 тела на мажи и момчиња, кои биле егзекутирани со врзни раце во градот Алепо. Според бунтовниците и Сиријската опсерваторија за човекови права од Лондон, тие биле убиени со по еден истрел во главата или во вратот. Бунтовниците ја обвинуваат владата за убиствата.

Конкретни инвестиции од Катар до крајот на годинава

Архивска фотографија: Министерот за економија Ваљон Сарачини.
Архивска фотографија: Министерот за економија Ваљон Сарачини.
Делегација од Катар во март доаѓа во Македонија при што се очекува формално да се конкретизираат одредени проекти. Ова беше договорено на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов и министерот за економија Ваљон Сарачини со генерaлниот директор на „Групацијата Катара“ која се занимава со хотелиерство, објави МИА. Сарачини посочи дека на средбата која претседателот Иванов и македонската делегација ја имаше со премиерот на Катар бил даден јасен сигнал од негова страна до сите министри во катарската Влада дека до крајот на оваа година во Македонија треба да се реализираат конкретни проекти во делот на енергетиката, земјоделството и туризмот.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG