Вести
Обама - Ние не сме безделничарска нација
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Конгресот ќе треба да погледен во својата совест кога треба да се размислува за начинот на кој да се дејствува за контрола на оружјето, закон што тој планира да го протурка.
Обама на прес конференција во Белата куќа најави посилни контроли за купувачите на пиштоли, забрана за напад со оружје и ограничувања на муницијата со висок капацитет, како „разумен“ чекор за подобрување на јавната безбедност. Секој нов закон за оружје се соочува со остро противење во Конгресот.
Обама се осврна и на фискалната битка воја се води во Конгресот за погидање на плафонот на федералниот долг, што наскоро треба да се постигне. Велејќи „ние не сме безделничарска нација“, тој побара републиканците да не инсистираат на отстапки во замена за плаќањето на сметките кон државата.

По протестите на сунитите, ирачката влада ослободува затвореници
Ирачката влада ослободи околу 200 затвореници како знак на добра волја кон сунитите кои протестираат неколку недели против, како што велат, дискриминацијата кон нив од доминантно шиитската влада. Само оваа недела владата ослободи 335 затвореници. Многумина се ослободени откако владата утврди дека казната им истекла, а за оние кои се ослободени од притвор е утврдено дека нема доволно докази за обвинение. Демонстрантите бараа ослободување на притворените по основ на анти-терористичкиот закон, за кој многумина сунити тврдат дека е насочен кон малцинските религиозни групи. Демонстрантите исто така бараат оставка од ирачкиот премиер Нури ал-Малики.
Нема одложување на судењето против Берлускони
Судот во Милано го одби барањето на поранешниот италијански премиер Силвио Берлсукони за одложување на судењето против него до изборите во февруари. Берлускони е обвинет дека плаќал за секс со малолетно лице. Според обвинението, 76-годишниот Берлускони платил за секс со мароканската танчерка Карима ел-Маруг во 2010 година кога таа имала 17 години. Двајцата негираат дека имале сексуална врска. Пресудата се очекува пред изборите кои се закажани за 24 и 25 февруари. Берлускони ја предводи кампањата на неговата десно-центристичка коалиција, но нема повторно да се кандидира за премиер. Тој се повлече од премиерската позиција во ноември 2011 година.
Антикорупциска - Стоп за предизборните вработувања во администрацијата
Државната комисија за спречување на корупцијата бара да запрат постапките за вработувања во администрацијата на централно и на локално ниво до завршувањето на локалните избори.
„Во врска со вонредниот зголемен број огласи за вработување на централно и на локално ниво што деновиве се објавени во јавните гласила, цениме дека се работи за активности ставени во контекст на претстојните локални избори и затоа бара државните институции - огласувачи на централно и на локално ниво да ги запрат сите натамошни дејствија во врска со објавените огласи за вработување сè до завршување на изборниот процес односно со конституирањето на новоизбраните органи, а истовремено се бара да не се објавуваат нови огласи за вработување“, се вели во соопштението.
Како што се наведува, Комисијата побара од Агенцијата за администрација да ги запре сите дејствија по однос на огласите за вработување објавени пред денот на донесување на Одлуката за распишување на локалните избори (11.01.2013 година), а нови огласи да не објавува на нејзината веб-страница.
Според соопштението, Агенцијата за вработување нема да врши пријавување на засновање работен однос во државните институции на локално и на централно ниво, освен во случаите за кои има поединечно позитивно мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Ситуацијата на северот на Косово и натаму е загрижувачка
Шефот на ЕУЛЕКС во заминување Гзавие де Марњак и неговиот наследник Бернт Борхарт, денеска во Брисел изјавија дека ситуацијата на северот на Косово и натаму е загрижувачка и ги отфрлија бројните критики на сметка на европската правосудна мисија. Стариот и новиот шеф на ЕУЛЕКС рекоа дека сметаат дека е премногу рано да се намали присуството на единиците на КФОР на Косово, иако признаа дека некои членки, особено Германија, се нетрпеливи да ги вратат своите војници дома.
Шест месеци затвор за офицер од советско време во Литванија
Апелациониот суд во Вилнус го осуди поранешнит советски офицер на безбедносните сили, 84-годишниот Вацловас Којалис на шест месеци затвор за неговата улога во депортацијата на Литванците во Сибир во 50-тите години од минатиот век. Којалис првично беше осуден на казна од околу 1.500 долари од судот во градот Клаипеда во западна Литванија, но обвинителството се жалеше дека казната е прениска. Според Кривичниот законик на Литванија присилното раселување на луѓе е сериозно кривично дело за кое се предвидуваат казни од 5 до 15 години затвор. Литаванија беше дел од поранешниот СССР од 1940 до 1991 година.
Исламистите во Мали освоија град и покрај француската интервенција
Исламистичките милитанти во Мали го освоија градот Диабали на 400 километри од главниот град Бамако и покрај жестокиот отпор од армијата на Мали и бомбардирањето од француските авиони. Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан изјави дека милитантите поврзани со Ал Каеда се повлекуваат во источните области, но призна оти се соочуваат со тешкотии на западот на Мали. Франција ја почна воената интервенција во Мали во петокот во обид да го спречи напредувањето на милитантите кон Бамако. Во Мали се распоредени околу 550 француски војници. Париз побара состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Мали.
Кучи - Српската платформа за Косово е за внатрешна употреба
Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи изјави дека резолуцијата и платформата за Косово прифатени од српскиот парламент се само за внатрешна употреба и нема да бидат на преговорите во Брисел. Платфромата на Србија не е на маса за преговори и нема да биде, изјави Кучи за Дојче веле.
СДСМ - Ни останува само граѓанска непослушност и улична демократија
Граѓанската непослушност и уличната демократија се единствените инструменти кои му преостануваат на СДСМ, рече денеска партискиот потпретседател Гордан Георгиев, откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги одби нивните барања заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори, кои ќе ги организира „влада на доверба“. Однесувањето на власта, вели тој, не и остава друг избор на опозицијата освен да пружа отпор и да ги интензивира активностите. Лицемерни се повиците да се вратиме во Собранието од каде насилно не исфрлија, рече Георгиев и најави дека од утре опозицијата го сели „граѓанскиот парламент“ низ внатрешноста на Македонија. Во меѓувреме продолжуваат и протестите во Скопје.
Протест против Црвенковски во Скопје
Поранешниот генерален секретар на подмладокот на СДСМ Михаил Младеновски најави дека на претстојните локални избори ќе настапат со независни кандидатски листи, незадоволни од последните одлуки на СДСМ. Тој, заедно со група млади луѓе, денеска побара оставка од претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Незадоволството од од работата на Црвенковски, тие го изразија и преку акција насловена „Денар за Бранко“, што ја организираа на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Акцијата, според Младеновски, симболично означува дека на Црвенковски му се важни само моќта и парите.
СДСМ, неколку пати повторува дека Младеновски работи по нарачка на владејачката партија.

Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете