Достапни линкови

Вести

Светско првенство во ракомет- Македонија : Чиле 30 : 28

Во првиот настап на Светското Првенство во ракомет за мажи, што се одржува во Шпанија, Македонија го совлада Чиле со 30:28. Македонската игра ја одбележаа големи падови и лесно можеше да се случи чилеанците да победат. За влез меѓу 16-те најдобри доволно ќе е четвртото место во групата во Севиља, каде што ќе ги одмериме силите и со Данска, Русија, Исланд, и Катар. Селекции на Чиле и на Катар а наши први противници денесла и утре важат за аутсајдери во нашата група.

Загинаа 30 лица при несреќа со автобус во Непал

Илустрација
Илустрација
Триесет лица загинаа во Непал, кога еден патнички автобус излетал од планински пат во западниот реон Доти. Полицијата соопшти дека телата на патниците биле најдени на местото на несреќата, а 12 лица кои преживеале биле префрлени во болница.
Автобусот патувал низ густа магла, но несреќите во Непал на патиштата се чести поради лошата состојба и несовесното возење.

Чешка избира претседател на државата

На првиот круг од претседателските избори во Чешка имало голема излезност на пријавените гласачи. Според чешката новинска агенција CTK на гласање излегле околу две - третини од 8 милиони гласачи. На некои места, гласачите морале да чекаат во долги редици за да го дадат својот глас. За прв пат во Чешка претседателот се бида директно. Првичните резултати се очекуваат вечерва.
На изборите учествуваат девет кандидати, а анкетите покажуваат дека најголема шанса имаат поранешните премиери Јан Фишер и Милош Земан, додека истетовираниот уметник Владимир Франц е на трето место. Првите двајца ќе се натпреваруваат во вториот круг за две недели, кога ќе се знае кој ќе биде наследник на претседателот во заминување Вацлав Клаус, кој беше на функијата два мандати.

Уште еден сириски офицер го напушти режимот на Асад

Претседателот на Сирија Башар ал Асад.
Претседателот на Сирија Башар ал Асад.
Уште еден висок сириски разузнавачки офицер најави напуштање на претседателот Башар ал Асад. Преку видео објавено на интернет Џума Фарај Џасем дел од врвот на Генералната дирекцијата за разузнавање објави дека пребегнува, а режимот на Асад го опиша како „криминален“.
Во меѓувреме продолжуваат борбите меѓу сириските бунтовници и владините сили за контрола на два воени аеродроми во северната провинција Алепо. Борбите доаѓа на еден ден откако бунтовниците ја заробија стратешката воена база Тафтаназ во северниот дел на Сирија.

Опозицијата го одржа Маршот за вистината

Опозицијата денеска го одржа Маршот за вистината, кој почна напладне пред платото спроти телевизијата Сител, продолжи пред Владата, Собранието и заврши пред зградата на МРТВ.

„Црниот понеделник и случувањата од 24 декември во Собранието е најголемиот срам за Македонија“, рече претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски кој се обрати пред објектот на МРТВ. Според него единствено решение за настаната криза се нови парламентарни избори.

Пред учесниците на маршот, меѓу другите, се обрати и лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски кој оцени дека слободата и демократијата се загрозени и дека принципите на ЕУ, кон која, како што рече, треба да се стремиме, се уништуваат.

Српските радикали протестираа пред Собранието на Србија

И покрај забраната за собир, членовите и функционерите на опозициската Српска радикална партија (СРС) денеска оддржаа протест пред Собранието на Србија во Белград, изразувајќи го на тој начин незадоволството заради се поизвесното усвојување на платформата за Косово.

Потпретседателот на партијата Немања Каровиќ изјави дека СРС го закажала овој протест за да го изрази својот политички став и своето несогласување со резолуцијата што е предложена во Народното собрание на Република Србија.

Тој кажа дека со оваа резолуција прв пат ќе биде овластена Владата на Република Србија да ги примени сите оние срамни спогодби кои во претходниот период ги критукуваше самиот Томислав Николиќ, кои ги критикуваше и Восилав Коштуница и кои најжестоко ги критикуваше и Српската радикална партија.

Каровиќ ја искористи можноста да објасни дека полицијата синоќа, околу 22 часот, го забранила собирот и оцени дека „ режим кој на своите граѓани им забранува на мирен начин да го изразат својот политички став, е диктаторски“.

Шиитски демонстрации во Багдад

Про-Малики протести во Багдад.
Про-Малики протести во Багдад.
Околу 2.000 шиитски демонстранти денеска протестирале на улиците во Багдад за да искажат поддршка за владата на премиерот Нури ал-Малики. Демонстрациите доаѓаат во време кога шиитската влада на Малики се соочуваа со протести во сунитските провинции, по растот на секташките тензии.

Поддржувачите на власта ги одбија повиците на малцинството сунитски муслимани за укинување на антитерористичкиот закон и на законот за забрана на поранешните членови на расформираната партија БААС да ги задржат работните места во владата.

Сунитските муслимани во западната провинција Анбар и во други сунитски делови на земјата, последните три недели протестираат против, како што велат, дискриминацијата од страна на владата.

Владини официјални лица велат дека сунитските протести се насочени кон создавање на национален хаос и сакаат да го оживеат секташкиот конфликт во земјата.

ММФ бара Албанија да ги зголеми даноците

Меѓународниот монетарен фонд побарал од албанската Влада да ги зголеми даноците, со цел да ги задоволи барањата на буџетот и да го запре растот на јавниот долг.
Експертите на ММФ и препорачуваат на Владата во Тирана да почне повеќегодишна остра буџетска политика, со цел да го стави под контрола долгот. Политика главно треба да се ориентира кон приходите со зголемување на директните даноци, како што се персонален данок, данокот на добивка кај бизнисите.

Освен зголемувањето на даноците, ММФ препорачува и други мерки, како ставање крај на дефицитот на пензиите, потоа да не се намалат јавните инвестиции и искористување на парите од приватизациите за намалување на долгот и подмирување на заостанати фактури.

Според ММФ економскиот раст во Албанија ќе биде низок се до 2017 година.

Грција одобри зголемување на даноците

Грчките пратеници ја одобрија непопуларната даночната легислатива за зголемување на владините приходи. Мерката е еден од главните услови за Грција да добива помош од странски кредитори. Од 300 членови во парламентот за законот гласаа 163 пратеници, а дебатата траеше до раните утрински часови. Според новите измени се откажани многу даночни олеснувања, воведено е оданочување на сопственост и корпоративни профити, а се наметнува и данок на капитална добивка за продажба на акции.
Грчката влада се надева дека оваа мерка ќе генерира околу 2,5 милијарди евра дополнителни приходи во оваа и следната година. Овој потег е дел од целокупниот план за заштеда на 13,5 милијарди евра кој Атина го изгласа во ноември, за да може и понатаму да добива пари од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за да избегне банкрот.

Волерс - опозицијата и власта да работат за надминување на ситуацијата

Veljanoski, 07Nov2012
Veljanoski, 07Nov2012
Бојкотот на Собранието од која било партија не е корисен. Партиите треба да работат да изнајдат начин како да ја надминат настаната состојба, порача амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

„Не мислиме дека бојкотот од која било партија е корисен. Тоа го велиме со години кога имало бојкоти од други партии дека не е многу корисна тактика. Партиите треба да работат да изнајдат начин како да го надминат ова. Условите во Собранието треба да бидат отворени и транспарентни и партиите да имаат можност слободно да ги дискутираат прашањата. Мислам дека и опозицијата и власта треба да работат на надминување на ситуацијата“, изјави Волерс.

На прашањето дали САД ќе бидат вклучени во мониторирање на изборите, тој рече дека секогаш учествувале во овој процес.

„САД и други организации традиционално го мониторираат изборниот процес и ќе го направиме тоа повторно“, рече aмериканскиот амбасадор при посетата на Берово во рамки на приемот за членови на дипломатскиот кор организиран од претседателот Ѓорге Иванов.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG