Достапни линкови

Вести

Обама повикува да се потврди буџетот

Претседателот на САД, Барак Обама го повика Претставничкиот дом да ја потврди одлуката на Сенатот кој го изгласа новиот буџет за 2013 а со тоа и проширувањето на даноците за средната класа Американци. Тој рече дека договорот е вистинското нешто за нивната земја. Во текот на ноќта буџетот помина пред Сенатот.

ЕУ состанок за Балканот на 21 јануари

За 21 овој месец, новиот претседавач со ЕУ, Ирска закажа средба на министрите за европски прашања на Унијата и балканските земји и Исланд со цел да се опстои на политиката на прием и членство во ЕУ, наспроти отпорот на некои земји членки. Најавувајќи ги главните цели во водeњетo на политиката на ЕУ, ирската министерка за Европа, Лусинда Крејтон истакна дека владата во Даблин силно ќе го поддржи влезот на земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ. Како што неофицијално се известува од Брисел главен заклучок од состанокот на 21 јануари би требало да биде тoа дека проширувањето на Унијата не смее да престане по приемот на Хрватска во јули затоа што тoа е важно од економска, политичка и безбедносна гледна точка.

Убуени седуммина хуманитарци во Пакистан

Седуммина пакистански државјани, вработени во една хуманитарна организација се убиени денеска откако на нив пукале непознати лица мотоциклисти. Станува збор за шест жени и еден маж а нивниниот возач е повреден. Денешниот напад следува по серијата напади в о северен Пакистан над волонтери кои учествувале во вакцинирањет против детска парализа.

Јанкуловска: новата година дочекана мирно

Новата 2013 година е пречекана мирно и без поголеми инциденти на целата територија на државата. Регистрирани се 10 сообраќајни несреќи, од кои во две животот го загубија две лица, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Постои тренд на намалување на прекршоците во текот на новогодишната ноќ, рече Јанкулоска по посетата на Сообраќајната полиција на Град Скопје.
Станува збор за прекршоци како имотни деликти, караници, меѓусебни недоразбирања.
Неодговорното однесување во сообраќајот пак, рече Јанкуловска, и натаму претставува сериозна закана.

Бесими:поголеми чекори кон НАТО во 2013

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска преку видео-врска им ја честита Новата 2013 година на македонските мировници во мисиите ИСАФ во Авганистан, Алтеа во Босна и Херцеговина и Унифил во Либан, како и на сите граѓани на Република Македонија посакувајќи им среќа, успех, просперитет и мир.
Војниците во трите мировни мисии, им порачаа на министерот Бесими и присутниот генерал Димче Петревски дека се во одлична здравствена состојба, и ќе продолжат професионално и беспрекорно да ги извршуваат нивните задачи.
Посакувам Република Македонија да прави уште поголеми чекори напред кон евроатлантските интеграции, истакна министерот за одбрана Бесими.

Папата се помоли за мир во 2013

Папата Бенедик Шеснаесетти денеска се молеше за мир во 2013 година наспроти нееднаквостите, тероризмот и „нерегулираниот финансиски капитализам“. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа новогодишната миса во Базиликата Свети Петар во Рим и го одбележа Светскиот ден на мирот. Папата рече дека е уверен оти наспроти тероризмот и криминалот како и нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните, светот е богат поради бројните залагања за мир.

Ноќеска инциденти во Белград и на Косово

Седум лица биле избодени со нож во текот на новогодишната прослава во Белград. Петмина од нив биле државјани на Србија а двајца државјани на Тунис. Тројца од нив се во животна опасност. Инцидентите се случиле неколку минути пред полноќ на плоштадот Република во центарот на Белград каде илјадници луѓе присуствувале на дочекот на новата година. Напаѓачот ги бодел минувачите кои му доаѓале во пресрет.
Во масовната тепачка која се случила рано изутринава во северниот дел на Косовска Митровица повредени се осум луѓе.

Американскиот сенат го изгласа буџетот за 2013

Американскиот Сенат ноќеска го изгласа законот за буџет, што е прв чекор кон избегнување на „фискалната бездна“-автоматско зголемување на даноците и намалување на трошоците кои би можеле САД да ги воведат во нова рецесија. Законот треба да добие зелено светло и од Претставничкиот дом каде што мнозинство имаат републиканците а потоа треба да го потпише и претседателот Барак Обама. САД беа соочени со „фискалната бездба“ откако даночните олеснувања од времето да Џорџ Буш истекоа вчера.

Ирска го презема претседавањето со ЕУ

Од денеска па во наредните шест месеци со ЕУ ќе претседава Ирска која што годинава слави 40 години од влегувањето во ЕУ. Ова ќе биде нејзино седмо претседавање со Унијата. Ирска беше претседавач 2004 година кога членки на Унијата станаа десет земји од кои осум поранешни комунистички држави. Во втората половина од годината претседавач со Унијата ќе биде Литванија.

Времето денеска-претежно сончево

За денеска метеоролозите најавуваат претежно сончево време со пјава на утринска магла во некои ктлини. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 5 степени на повисоките до 12 степени во јужните делови од земјата. Во Скопје се очекува слично време.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG