Вести
Првите ослободени политички затвореници од Куба, ќе заминат за Шпанија
Првите 5 од најавени 52 политички затвореници, што ќе бидат ослободени од Куба, ќе отпатуваат за Шпанија за неколку дена, соопшти Католичката црква во Хавана. Одлуката на Куба да ослободи поголема група политички затвореници доаѓа по пристисокот од Запад откако еден политички затвореник умре штрајкувајки со глад. Шпанија побара од Европската Унија нормализирање на односите со Куба, како одговор на одлуката на Хавана за ослободување на затворениците.
Нема размена на територии меѓу Србија и Косово, изјави Тачи
Косовскиот премиер Хашим Тачи ја ислучи можноста за нови преговори за статусот на Косово и за евентуална размена не територии меѓу Приштина и Белград. Тоа прашање е затворено, изјави Тачи, коментирајќи ги пишувањата на некои приштински и белградски медиуми дека Белград планира да и предложи на Приштина нови преговири, кои би вклучиле и договор за размена на територии.
Мал напредок во преговорите за обединување на Кипар
Постигнат е мал напредок во преговорите за обединување на островот, изјави кипарскиот претседател Димитрис Христофиас по завршувањето на средбата со лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу. Христофиас не прецизира за каков точно исчекор станува збор. Тој истакна дека лидерите денеска го продолжиле разгледувањето на клучното прашање за сопственоста. Специјалниот претставник на ОН за Кипар Александар Даунер соопшти дека разговорите за кипарското прашање ќе продолжат следниот четврток на ниво на советници на кипарските лидери. Христофиас и Ероглу повторно ќе се сретнат на 22 и 28 јули.
Во Русија се засилува моќта на безбедносните органи
Рускиот Парламент денеска го изгласа контроверзниот закон, со кој им се даваат поголеми овластувања на безбедносните служби. Критичарите истакнуваат дека со овој закон Федералното Биро за Безбедност ќе има моќ исто како Ка Ге Бе во времето на Советскиот Сојуз. Последното, финално гласање за Законот е предвидено за наредниот петок.
САД и Русија ги разменија шпионите, потврдено во Вашингтон
Американското министерство за правда соопшти дека успешно е извршена раземата на шпиони со Русија. Портпаролот на министерството Дон Бојд изјави дека Соединетите Држави ги размениле 10-ти руски шпиони, кои беа уапсени на 27-ми јуни, за 4-те лица кои беа затворени во Русија поради шпионирање за Соединетите Држави. Размената била извршена денеска на аеродромот во Виена. Руските агенции јавија дека 10-те руски шпиони веќе пристигнале во Москва.
СБ на ОН со воздржана осуда за потопувањето на јужно-корејскиот брод
Советот за Безбедност на Обединетите Нации денеска го осуди потопувањето на јужно-корејскиот брод во март годинава, но на интервенција на Кина, не ја посочи дирктно Северна Кореја како виновник. Во изјавата, усогласена од сите 15 земји членки на Советот, се изразува длабока загриженост од резултатите на истрагата кои покажаа дека Северна Кореја го потпоила бродот, но се нотира дека Пјонг Јанг демантира дека е одговорен.
775 индентификувани жртви од Сребреница ќе бидат погребани в недела
Илјадници луѓе денеска во Сарево ги испратија посмртните останки на 775 луѓе од маскарот во Сребреница во јули 1995-та година. Телата на идентификуваните, пронејдени во масовна гробница ќе бидат погребани во недела во меморијалниот центар во близина на Сребреница на 15 годишнината од масакрот, во кој беа убиени околу 8 илјади луѓе.
Кој ќе ја освои Златната Топка на Светскиот Куп?
Генералниот секретар на ФИФА, Џером Валке денеска ги соопшти имињата на 10 те репрезентативци кои се во конкуренција за титулата најдобар играч на Мундијалот во Јужна Африка.
Номинирани за „Златна топка на ФИФА“ се: Диего Форлан (Уругвај), Асамоа Гијан (Гана), Андреас Инијеста (Шпанија), Лионел Меси (Аргентина), Месут Озил (Германија), Арјен Робен (Холандија), Бастијан Шванштајгер (Германија), Весли Снајдер (Холандија, Давид Виља (Шпанија) и Чави (Шпанија).
Акредитираните претставници на медиумите ќе гласаат за своите кандидати на интернет страницата на ФИФА, а имињата на златната, сребрената и бронзената топка ќе бидат соопштени на 11 јули по финалниот натпревар.

Ден на „тишина“ во Италија
Виртуелно, ниту една вест не е објавена денеска во Италија поради протестот на новинарите. Причина е нацрт законот со кој сe ограничува правото на полицијата и обвинителството да снима и на медиумите да публикуваат телефонски разговори. За владата на Силвио Берлускони закнот има за цел да ја заштити приватноста. Според ОБСЕ, со законот може сериозно да се попречи истражувачкото новинарство во Италија.
Белград на Приштина и нуди територијална размена, тврди Блиц
Белград планира да и предложи на Приштина територијална размена - дел од јужниот дел од Србија за Северно Косово, објави денеска белградскиот весник Блиц повикувајќи се на извори блиски од преговорите.
За да ја направи понудата попривлечна, Србија, поддржана од Русија, ќе ја запре блокадата на Косово во ОН, тврди весникот. Во Прешевска долина живее претежно албанско население додека Србите доминираат во Северно Косово.
Дипломатски извори за Блиц велат дека Белград смета оти претстојното решение на Меѓународниот суд е добар момент за покренување на иницијативата за размена на територии. Одлуката на Меѓународниот суд во Хаг се очекува околу 22 јули.

Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете