Достапни линкови

Вести

Британски војник загинал во Авганистан

Британското министерство за одбрана соопштува дека британски војник кој служел во јужен Авганистан загинал денеска во експлозија. Војникот загинал додека патролирал во областа Сангин во јужната провинција Хелманд. Британија вчера соопшти дека ќе почне повлекување на своите војници од таа област во октомври. Тама се убиени речиси 100 британски војници. Од почетокот на војната во 2001-та до сега во Авганистан загинале 313 војници од Велика Британија

ЕУ со дипломатска служба

Европскиот парламент денеска по повеќе месечни преговори го потврди политичкиот договор за формирање на европска дипломатска служба, која треба на ЕУ да и обезбеди поединствен настап кон светот. За да профункционира службата, треба да бидат изгласани и финансиската рамка и промената на буџетот за 2010 година. Службата треба да има околу 6000 припадници ,кои ќе работат во европските институции и во привремени дипломатски преставништава на земјите членки на Европската унија.

ММФ:САД да бидат внимателни со буџетскиот дефицит

Меѓународниот монетарен фонд денеска ги повика Соединетите држави да го сопрат растењето на буџетскиот дефицит за да не го доведат до прашање скромното опоравување од економската криза. Претседателот Барак Обама на неодамнешниот самит на Групата Г- 20 во Торонто вети дека ќе го преполови дефицитот во следните три години. Но, ММФ предвидува дека дефицитот ќе расте . Во јуни, вкупниот долг на САД достигна 13 билиони за првпат во историјата.

Турција:Израел да ја прифати одговорноста

Oдносите меѓу Анкара и Тел Авив нема да се подобрат се додека Израел не ја прифати одговорноста за нападот врз хуманитарниот конвој за Појасот Газа, изјавил денска во Лондон шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу . Тој по средбата со британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг изјавил дека Турција очекува Израел да се извини и да го прифати злосторството или да се согласи за меѓународна истрага за инцидентот. Шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман изјави дека Израел нема да и се извини на Турција . Хејг на средбата нагласил дека Лондон ќе продолжи со притисоците врз земјите-членки на Европската унија да ја прифатат кандидатурата на Турција за членство во ЕУ.

Започнува размената на обвинети за шпионажа меѓу Русија и САД?

Руските новински агенции соопштуваат дека Игор Сутјагин, научникот кого Русија го обвини дека шпионира за САД, веројатно е ослободен и е виден во Виена. Неговата адвокатка соопштила дека се водат преговори за евентуална размена на научникот со некој од обвинетите дека шпионирале за Русија , кои беа уапсени неодамна во Соеднитетие држави и еден во Кипар. На дел од осомничените се очекува да им се суди во судот во Њујорк.

ЕП усвои Резолуција за Албанија

Европскиот парламент усвои резолуција за Албанија, со која ја повикува земјата да стави крај на политичката криза. Во Резолуцијата
се наведува дека Албанија постигнала напредок во одредени области, но дека уште треба да се справува со корупцијата. Кога земјите ќе ги исполнат критериумите од Копенхаген, Европскиот парлемент треба да ја поддржи интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, стои во Резолуцијата

Ахмадинеџад се приклучи на самитот на Д-8 во Ниргерија

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска им се придржужи на своите колеги, лидерите на муслимански земји од групата Д-8 кои одржуваат состанок во Нигерија. На Сосатнокот во Абуџа, лидерите разговараат за начинот на кој да ги подобрат економските и трговските врски. Во Групата Д-8, членуваат Бангладеш, Египет, Индонезија, Иран, Малезија, Нигерија, Пакистан и Турција, со вкупно население од 930 милиони луѓе

Обама:Одбивањето на ЕУ, ја тера Турција кон Исток

Турција може да побара нови сојузници надвор од Западот доколку Европската унија продолжи со преиспитувањето на кандидатурата на оваа држава за членство во Унијата, изјавил американскиот претседател Барак Обама во денеска објавеното интервју за италијанскиот дневен весник „ Кориере дела сера“. Спред Обама ќе биде мудро доколку ЕУ ја прими Турција во своите редови. Обама изјавил дека токму бавноста и колебањето на Европа се единствениот или доминантниот фактор во коренот на некои промени во ориентацијата, што неодамна беа забележени во турскиот став.

Белгискиот амбасадор Микелсон оптимист за името

Белгија очекува напредок во наредните неколку недели или месеци во процесот на преговорите за името меѓу Македонија и Грција и штом тоа се случи веднаш ќе го постави прашањето за датум за старт на пристапните преговори со ЕУ, изјави белгискиот амбасадор Марк Микелсон во ЕУ инфо центарот по презентацијата на приоритетите на шестмесечното претседателство што Белгија го презеде од Шпанија на 1 јули. Евроамбасадорот Ерван Фуере потсети на одлуката од декемврискиот самит на ЕУ според која решавањето на спорот за името е суштинско за продолжување на процесот не евроинтеграциите за земјата. Микелсон и Фуере посочија оти ЕУ нема алтернативен план за евроинтеграцијата на Македонија бидејќи не веруваат оти е можен неуспех во преговорите за името.

НАТО загрижени за ситуацијата во северно Косово

НАТО е многу загрижен за ситуацијата во северниот дел на Косово, соопштил командантот на силите на КФОР Маркус Бентлер. Тој повикал сите граѓани да се воздржат од какви и да било насилнички активности. Бентлер изјавил дека треба да се уапсат сите луѓе кои се одговорни за експлозијата за време на протестот на Србите заради отворањето канцеларија на косовската влада во северниот дел на Косовска Митровица, кога еден човек загина.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG