Вести
Потврден изборот на Коморски за претседател на Полска
Бронислав Коморски е новиот претседател на Полска, соопштила изборната комисија. Од вкупно 30, 6 милиони Полјаци со право на глас гласале 55, 31 процент. Од тие гласови Коморски освоил 53,01 процент. Неговиот ривал Јарослав Качински освоил 46,99 проценти од гласовите. Коморски ќе може и официјално да биде инагуриран откако ќе помине рокот за жалби и откако Врховниот суд ќе донесе одлука дека изборите поминале регуларно.
БиХ бара помош од ЕУ за нејзината евроинтеграција
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Свен Алкалај денеска во Словенија уапти апел до Европската унија да изнајде начин и да и помогне на земјата на нејзиниот пат кон Европската Унија. Тој изјавил дека БиХ досега не поднеле официјална кандидатура затоа што двете административни единици не можеле да се договорат за статутот и за распределбата на државната сопственост, на што инсистира Европската комисија. Министерот посочил дека тие не можат да се договорат како понатаму и затоа бараат Европската Комисија да им помогне да дојдат до решение.
Десет загинати во авионска несреќа во Романија
Десет луѓе загинале во Романија откако се урнал воениот авион во кој се превезувале веднаш по полетувањето, соопштува службата за итни случаи. Тие велат дека во авионот имало уште тројца луѓе кои со сериозни повреди биле однесени во болница. Несреќата се случила во градот Тузла во југоисточна Романија
Белорусија влегува во царинската унија со Русија и Казахстан
Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјавил дека ќе стапи на сила царинската унија помеѓу Русија, Казахстан и Белорусија, откако денеска претседателите на трите земји потпишаа документи за соработка. Потпишувањето на договорот доаѓа по неодаменшните расправии на Русија и Белорусија за гасот. Царинската унија помеѓу Русија и Казахстан е на сила од 1 јули, а она меѓу Русија и Белорусија ќе стапи на сила утре.
Протести во Тел Авив за ослободување на војникот Шалит
Околу 15 илјади Израелци се собрале денеска на протести во Тел Авив да побараат ослободување на војникот Гилад Шалит кого пред 4 години го заробија палестински екстремисти. Протестот пред неколу денови го започна семејството на војникот, а потоа се придружија и други луѓе кои сакаат владата да се договори со Палестинците за ослободување на војникот. Поради протестите премиерот Бенјамин Нетенјаху е под притисок да постигне спогодба со Хамас. Тој изјави дека ќе ослободи 1.000 затвореници во замена за војникот, но нема
да прифати да ги ослободи и истакнатите екстремисти кои се виновни за смртни напади врз Израелци.
да прифати да ги ослободи и истакнатите екстремисти кои се виновни за смртни напади врз Израелци.
Грција успешно го намалува буџетскиот дефицит
Грција ја задржува целта за заздравување на финансиите по објавеното намалување за 41,6 проценти на буџетскиот дефицит во првото полугодие. Целта за годината е да се намали буџетскиот дефицит за 40 проценти и ние правиме повеќе, изјавил министерот за финансии Јоргос Папаконстантину. Земјата усвои строг план за заздравување на финансиите, и има за цел да го свете буџетскиот дефицит до 8,1 проценти на крајот на годината, кој сега е 14 отсто, во замена на финансиска помош од ЕУ и ММФ
Претседателот на Хашкиот трибунал во посета на Хрватска
Претседателот на Хашкиот трибунал, Патрик Робинсон од денеска до 7 јули е во службена посета на Хрватска, на покана на претседателот на хрватскиот Врховен суд, Бранко Хрватина. Робертсон со Хратска ќе разговара за проектот на Хашкиот трибунал со кој се предвидува размена на податоци, на собраните докази и на судската пракса. Претседателот на Хашкиот трибунал ќе се сретне и со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, и со други полиитчари и преставници на невладни организации и меѓународни тела
ЕК загрижена за влошување на политичата клима во Македонија
Европската Комисија изразува загриженост од влошувањето на политичката клима по петочниот инцидент во македонското Собрание, соопштиле од кабинетот на Комесарот за проширување, Штефан Филе, пренесува Дојче Веле на македонски јазик. Пораката од кабинетот на Филе доаѓа пред неговата утрешна средба со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, но и пред средбата на македонскиот премиер Никола Груевски со неговиот белгиски колега, Ив Летерм. Дојче Веле јавува дека Брисел бара од македонските политичари да започнат директен дијалог и да генерираат подобра клима преку изградба на взаемна доверба.
Израел ја „омекнува“ блокадата на Газа
Израел денеска ги промени условите за блокадата на Газа, со тоа што го укина долготрајното органичување на увоз на стока за широка примена, но и понатаму е забранет увоз на градежен материјал. Новите правила се донесени по меѓународните повици да се укине блокадата. Се најавува дека наскоро ќе биде овозможено да се увезуваат и сировини за индустријата.
Клинтон ја завршува посетата на Грузија
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон при денешната посета на Грузија изразила загриженост за изградбата на руски воени бази во отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија, региони за кои Тбилиси и Москва имаа воен конфликт во 2008-та.Таа додала дека САД нема да прифатат руско влијание во тие региони. Клинтон, исто така, повикала Русија да се придржува кон заедничките обврски и да го почитува договорот за прекин на огнот,а тоа вклучува и повлекување на своите војници од позициите кои ги имале пред војната. Клинтон изјавила дека Грузија има потенцијал да биде демократска земја која ќе биде за пример. Со посетата на Грузија , Клинтон ја завршува турнејата на Источна Европа и Кавказот
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете