Вести
Евакуација на населението во Калифорнија поради пожари
Со противпожарни хеликоптери и авиони пожарникарите во Калифорнија се обидуваат да ги стават под контрола едни од најголемите пожари во Калифорнија од почетокот на годината. Повеќе од 1.700 пожарникарите се обидуваат да го совладаат оганот кој беснее во регион Краун во округот Лос Анџелес, јавуваат тамошните медиуми. Пожарот предизвикал штети на неколку згради поради што е наложена евакуација на околу 300 семејства.
Путин повика на итен состанок за пожарите
Рускиот премиер Владимир Путин свика итен состанок со гувернерите на регионите кои се погодени од пожарите . Пожарите кои ја зафатија Русија се едни од најлошите во последните неколку децении. Во гасењето на пожарите учествуваат 238 илјади пожарникари, на нив им помагаа 2.000 војници а имаат и подршка од 226 авиони. Досега во пожарите загинале 31 човек.
Пахор и Косор:наскоро решение за Љубљанска банка
Премиерите на Словенија и н Хрватска Борут Пахор и Јадранка Косор по денешната средба во Бохињ изразиле очекување дека прашањето за Љубљанска банка ќе биде решено во наредните три месеци. Двајцата премиери се договориле проблемот на хрватските штедачи во Љубљанска банка да биде решен врз основа на меѓународниот договор за почитување на правата на поединецот. Словенечката банка на повеќе од 130 илјади хрватски штедачи им должи 160 милиони евра, без камати, долг кој датира од 1993 годин. Првичниот долг изнесуваше 420 милиони евра, но Хрватска во својот јавен долг превзема 260 милиони евра.
Во експлозија во рудник во Кина 17 загинати
Најмалку 17 луѓе загинаа, а 68 се повредени во експлозија во рудник за јаглен на северот од Кина, соопштија кинеските власти.
Експлозијата се случила во близина на градот Линферн во северната покраина Шанкси. Жртвите загинале во пожарот по експлозијата . Некои од медиумите јавуват дека причина за експозијата може да биде и нелегално складиран експлозив во рудникот.
Експлозијата се случила во близина на градот Линферн во северната покраина Шанкси. Жртвите загинале во пожарот по експлозијата . Некои од медиумите јавуват дека причина за експозијата може да биде и нелегално складиран експлозив во рудникот.
Владата очекува придвижување во економијата
Премиерот Никола Греувски очекува вториот квартал да биде попозитивен од првиот во поглед на економијата. Тој очекува придвижување, но сепак вели дека тоа ќе зависи од случувањата во Европа, бидејќи економијата во земјата е дирекно поврзана со европската. Груевски изјави дека кризата не се продлабочува . Премиерот најави можност за пласман на македонскиот тутун во Кина. Се очекуваат кинески експерти за дојдат и на терен да го испитаат тутунот. Груевски го поздрави и наоѓањето на зеднички јазик меѓу Владата и ЕВН по неколкугодишни несогласувања. Тој смета дека ако двете страни ја почитуваат начелно договорената методологија, ќе се решат сите отворени прашања
При лизгање на земјиште во Авганистан 65 мртви
Најмалку 65 луѓе загинале во Авганистан при лизгање на земјиште како последица на поплавите кои ја зафатија земјата. Раководителот на националното тело за катастрофи изјавил дека од лизгањето на земјиштето биле погодени 1.000 семејстава, па така бројот на жртви може да биде и поголем.
Во експлозија во Багдад, 4 мртви
Тројца војници и еден цивил загинале денеска во експлозија на крајпатна бомба во јужниот дел на Багдад. При експлозијата се повредени 11 луѓе. Ирачките власти соопштуваат дека бомбата експлодирала во близина на општинските канцеларии на округот Рашид. Во истата област и претпладнево имало експлозија но во таа немало жртви.
Расте бројот на загинати во поплавите во Пакистан
Најмалку 800 луѓе загинале во поплавите што го погодија северниот дел на Пакистан, соопштуваат властите. Министерот за информации соопштил дкеа уште најмалку 150 луѓе с еводат з аисчезнати. Од ОН велат дека 1 милион луѓе се погодени од поплавите во северниот регион. Пакистанските спасувачи и војници и денеска продолжуваат со акциите за помош на стотици илјади луѓе
Груевски со писмо до Филе за текот на реформите
Владата продолжува да работи на подобрување на сосотјбите во областите кои ЕУ ги нотира како слабости, изјавил премиерот Никола Груевски. Состојбите во судството, јавната администрација , организираниот криминал и корупцијата се менуват изјавил Груевска. Тој испратил писмо до Штефан Филе за да му ги објасни деталите кои се преземаат во оваа област. Во писмото до Филе тој навел дека МВР ќе се откаже од одредени ингеренции кои ќе бидат во рацете на јавниот обвинител, како што било и во Италија и Германија, а ова го препорачале и европските експерти. Државната администрација ќе се подобрува со ангажирање на експерт од Словенија. Владата не планира да се формира посебно министерство за јавна администрација, туку овој сектор ќе се регулира во постојното Министерство за информатичко општество
Се срушила зграда во Италија, 3 загинати
Тројца луѓе загинале кога се урнала станбена зграда на југот на Италија. Двоспратната зграда се срушила ноќеска , а се претоставува дека причини за рушењето се обилните дождови што предизвикале лизгање на земјиштето. Во несреќата загинале млад брачен пар и една постара жена. Медиумите пренесуваат дека станарите неколку денови пред несреќата предупредувале дека зградата може да урне.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете