Вести
Експлозија во црква во Украина, 9 повредини
Најмалку 9 луѓе се повредени во експлозија на рачно направена бомба во една црква во Укрина. Експлозијата се случува на последниот ден од посетата на рускиот патријарх Кирил на земјата. Полицијата соопштува дека експлозијата не причинила големи штети. Црквата и припаѓа на украинската Православна Црква, која е под Руската Патријаршија во Москва.
Средба на државниот врв со Илир Мета
На денешните средби на албанскиот министер за надворшени работи Илир Мета со македонскиот државн врв се разговарало за билатералните односи помеѓу двете земји, како и за потребата од интензивирање на соработката и продолжување на контактите на сите нивоа. На средбите станало збор и за интензивирање на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, за која се заклучило дека со оглед на близината на пазарите има реални можности да биде значително зголемена. Соговорниците констатирале дека Македонија и Албанија, споделуваат исти визии за интеграцијата во евро-атлантските структури, дека се посветени на регионалната соработка и на градењето на добрососедски односи и во таа насока се согласиле за натамошна взаемна поддршка во интегративните процеси.
Алабскиот министер имаше средба и со лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски.
Алабскиот министер имаше средба и со лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски.
Запленет автобус со поминати 1,8 милиони километри
Полицијата во Берлин денеска запленила еден Литвански автобус кој зад себи имал поминато 1,8 милиони киломерти, како да поминал двапати пат од Литванија до месечината и назад. На возачот на автобусот и 67 –те туристи кои биле тргнати кон Швајцарија им било кажано да си најдат алтернативен начин да продолжат по својот пат.
Русија ќе продава 11 државни фирми
Русија се согласи да продаде 11 државни фирми , како дел од новиот план за приватизација. Руските власти соопштиле дека листата ја составиле од министерствата за економски развој и за финансии. На листата се наоѓа водечката руска банка Сбербанк и нафтената компанија Роснефт. Руските медиуми пишуваат дека Русија очекува од продажбата да обие 30 милијарди долари
ЕУЛЕКС претресувале во домот на поранешен лидер на ОВК
Припадници на полициската мисија на Европската унија на Косово - ЕУЛЕКС денеска извршиле претрес во домот на поранешен лидер на ОВК и му наредиле да се јави пред специјален обвинител во текот на неделава. Портпаролот на ЕУЛЕКС Карин Лимдал изјави дека претресот е извршен во рамки на истрагата во врска со тврдењето на маж, дека неколку поранешни лидери на ОВК му наредиле да ги убие нивните политички опоненти и осомничените соработници на српскиот режим. Според локалните медиуми станува збор за Азем Сула, еден од главните организатори на ОВК, која се бореше против српските сили за време на војната на Косово од 1998-1999 година.
Поскапува парното од 1 август
Граѓаните од 1-ви август ќе плаќаат повисока цена за парно греење за околу 10 проценти поради зголемување на цената на природниот гас и цената на мазутот на светските пазари, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров. Топлификациите барааат зголемување на парното и за повеќе од 50 проценти но од регулаторната комисија велат дека зголемувањето ќе биде до 13 проценти. Крајната одлука за зголемување на цената ќе биде донесена на главната седница кон крајот на оваа недела а зголемувањето ќе важи до крајот на годината, подеднакво и за домаќинствата и за деловните објекти. Парното последен пат поскапе лани во декември.
Реакција на Владата за случајот отпуштања во Канал 5
Од Владата во целост ги демантираат шпекулациите и неточните реакции за наводните влијанија на Премиерот и други владини функционери , во случајот на отпуштање на група новинари од телевизија Канал 5. Во сооопштението на Валдата се наведува дека ниту претседателот на Владат а ниту кој било друг владин функционер нема врска со одлуката на менаџментото на телевизијата за отпуштање на новинарите. Од Владата негираат и дека се мешале во уредувачката политка на медиумот. Во јавноста се појави писмото на новинарката Весна Ковачевска Трпчевска во кое таа бара Премиерот да престане да прави упад во професионалното новинарство. Новинарката наведува дека во редакцијата се функионирало под закани и притисоци дирекно од кабинетот на Премиерот. Таа вели дека се отпуштени новинари кои се спротиставувале на спроведување на партиска политика. Од Владата велат дека во писмото сепак се упатени преостри зборови кон претседателот на Владата, Владата и владините функционери, кои не се базираат на докази и факти
Додик: Србија треба да ја прифати загубата на Косово
Србија треба да ја прифати загубата на Косово и да преземе мерки за да го зачува северно Косово, каде мнозинството од населението се Срби, изјавиl премиерот на Република Српска, Милорад Додик. Тој изјавил дека Белград треба да води сметка за тоа дека Косово е се помалку дел од Србија. Според Додик Белград сега треба да ги постави своите услови за да ја признае независноста на Косово. Додиќ предлага во замена за признавање на независнoстa , Косово да го даде северниот дел од покраината на Србија.
ЕУ сака продолжување на преговорите со Иран
Од Европакта Унија соопштија денеска дека сакаат што е можно поскоро да се продолжи со разговорите меѓу Иран и светските сили. Комесарот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон изјави дека разговорите ќе се фокусираат исклучиво на нуклеарната програма на Техеран. Разговорите меѓу Иран од едната страна и светските сили САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина како и Германија од другата страна прекинаа во октомври минатата година, што доведува до нови санкции од големите сили кон Иран
Груевски охрабрен од оценките од Брисел
Македонија вчера од Брисел доби многу позитивни мислења и неколку помалку позитивни работи, но преовладуваат позитивните коментари и позитивните оценки за сработеното, така што ние сме охрабрени и ова го гледаме како валоризација на нашиот труд и трудот на сите кои беа вклучени во досегашните реформи и модернизација, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Премиерот изјавил дека оценката од Брисел е на некој начин негација на она што опозицијата цело време го тврдеше. Груевски изјави дек а еоптимист дека и оваа година Македонија ќе добие позитивен извештај од Европската комисија. Одредувањето датум почеток на пристапните преговори со ЕУ, според него, не зависи само од реформите и модернизацијата што ја прави Македонија, туку и од Грција, од која, како што рече, во овој момент нема ништо ново
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете