Вести
Заврши состанокот за Стабилизација и асоцијација на Македонија и ЕУ
Европската комисија не ја менува позитивната препорака од минатата година за отпочнување преговори за влез на Македонија во ЕУ, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе по Седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ.
„ Разгледувавме дали реформите се забавени или не, и се уверивме дека има нов моментум во реформите“ изјави Филе по состанокот.
Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски рече дека земјата ќе ги продолжи реформите во администрацијата, судството, економијата и борбата против корупцијата. Шефот на дипломатијата истакна дека Македонија ќе го продолжи партнерскиот однос со ЕК за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ. Милошоски додаде дека исто така на состанокот и од страна на еврокомесарот било посочено дека одговорноста за политичкиот дијалог не е само на владејачкото мнозинство туку истовремено и на опозицијата.
На состанокот Милошоски и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски ги објасниле македонските позиции и заложбите за решавање на спорот со името и продолжување на дијалогот меѓу Македонија и Грција
„ Разгледувавме дали реформите се забавени или не, и се уверивме дека има нов моментум во реформите“ изјави Филе по состанокот.
Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски рече дека земјата ќе ги продолжи реформите во администрацијата, судството, економијата и борбата против корупцијата. Шефот на дипломатијата истакна дека Македонија ќе го продолжи партнерскиот однос со ЕК за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ. Милошоски додаде дека исто така на состанокот и од страна на еврокомесарот било посочено дека одговорноста за политичкиот дијалог не е само на владејачкото мнозинство туку истовремено и на опозицијата.
На состанокот Милошоски и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски ги објасниле македонските позиции и заложбите за решавање на спорот со името и продолжување на дијалогот меѓу Македонија и Грција
Екстремистите одговорни за смртта на грчкиот новинар
Грчката екстремистичка група Секта на револуционерите денеска ја презеде одговорноста за убиството на новинарот Сократис Гиолијас во Атина на 19 јули. Групата преку соопштение во најтиражниот грчки весник Та Неа ја презеде одговорноста за убиството. Новинарот кој се занимавал со истржувачко новинарство е убиен пред неговата куќа
Како се трошеле парите од фондот за обнова на Ирак?
Американското министерство за одбрана не може да докаже како се потрошени најголемиот дел од 9, 1 милијарда долари добиени од продажбата на ирачка нафта, наменети за обнова на Ирак, се неведува во денеска објавениот извештај на ревизорите. Во извештајот на истражувачите за обнова на Ирак поради лошото водење на документите и недоволниот надзор, не може да се утврди како од 2004 до 2007-та се потрошени 8, 7 милијарди долари. Парите се од фондот за развој на Ирак кој во 2004-та го формира ОН а парите се од продажба на нафтата. Во извештајот се наведува дека Американците држат уште 34 милиони долари од тој фонд иако тие пари требало да му се дадат на Ирак.
Дел:не сум споменал за посебен статус за северно Косово
Амабасадорот на САД во Приштина Кристофер Дел денеска демантираше дека споменал за можноста за автономија на северно Косово. Денеска некои медиуми пренесоа дека во разговор со новинарите амбасадорот Дел изјавил дека од косовскиот премиер Хашим Тачи слушнал оти властите во Приштина биле подготвени за нешто што би било автономија за северот на Косово. Од амбасадата соопштуваат дека нивниот став е јасен дека го подржуваат статусот на Косово како независна, суверена држава и го подржуваат нејзиниот територијален интегритет. Дел изјавил дека ни тој ни премиерот Тачи не повикувале на давање автономија на северно Косово.
Распродадени билетите за Работнички-Леверпул
Распродадени се билетите за фудбалскиот натпревар меѓу Работнички и Ливерпул кој треба да се одигра во четврток на Арената Филип Втори во Скопје . Од канцеларијата на Работнички информираат дека се продадени сите 15- илјади билети. Тимот на Ливерпул се очекува во Скопје да допатува утре по 12 часот
Во Русија осудени 14 нео-нацисти
Еден суд во Русија го осудил лидерот на нео-нацистичкото движење на доживотен затвор, а уште 13 други членови кои добиле меѓу 3 и 17 години затвор. Лидерот на здружението Национално единство Дмитриј Орлов промовирал надмоќ на христијаните над другите религии Обвинетите биле прогласени за виновни за поседување екстремистичка литература и огнено оружје, а исто така и за осквернавување на еврејски и муслиманските гробишта
Израел и Јордан разговарале за мировниот процес
Јорданскиот крал Абдула Втори и израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху во Аман денеска разговарале за блискоисточниот мировен процес. Тие разговарале за мерките кои може да се преземат за да се оствари напредок во израелско-палестинскиот мировен процес.
Отфрлена молбата за ослободување на Момчило Краишник
Претседателот на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон ја отфрли молбата на босанскиот Србин Момчило Краишник кој беше претседател на Парламентот на Република Српска да биде предвреме ослободен, откако одлежал половина од неговата пресуда од 20 години затвор. Робинсон смета дека нема да биде праведно доколку биде ослободен имајќи ја предвид тежината на извршените злосторства, за кои е осуден. Краишник е осуден на 20 години затвор поради депортирање, насилно префрлање и злосторства врз Бошњаци и Хрвати во периодот од април до декември 1992 година Прогласен е за виновен и поради учество во криминални дела со цел етничко чистење на територии, кои за време на војната биле под контрола на босанските Срби.
Одбиено барањето за израчување на Ганиќ
Судот во Лондон денеска го одби барањето на Србија да го екстрадираат поранешниот член на Претседателството на БиХ Ејуп Ганиќ. Властите во Белград го сомничат за воено злосторство извршено во 1992 година при повлекувањето на една единица на ЈНА од Сараево. По одлуката на судот, предметот треба да биде проследен до британското министерство за внатрешни работи кое донесува одлука за екстрадиција. Одлуката потоа ја потврдува парламентот. Ганиќ беше уапсен во март на аеродромот Хитроу, а врз основа на потерница што ја издаде Србија.
Сменет директорот на Бритиш Петролеум
Од Британската нафтена компанија Бритиш Петроелум соопштуваат дека извршниот директор на компанијата Тони Хејворд од први октомври ќе биде заменет со Американецот Роберт Дадли. Хејворд се најде на жестоки критики поради начинот на кој компанијата се справуваше со истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив, која предизвика еколошка катастрофа во тој дел на САД. Од БП соопштуваат дека Хејворд ќе добие место во управниот одбор на заедничката компанија во Русија ТНК-БП и ќе му се исплати годишна плата од 1, 6 милиони долари.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете