Вести
Талибанците заробиле 2 американски војници во Авганистан
Талибанските бунтовници во Авганистан соопштуваат дека заробиле двајца американски војници, јужно од Кабул, јавува Ројтерс. Американските преставници нудат 20 илјади награда за информација која ќе доведе до безбедно ослободување на војниците. Портпаролот на Талибанците соопштил дека биле заробени тројца војници , но еден умрел. Од НАТО засега нема официјален коментар за инцидентот.
Протести за подршка на Иранката осудена на смрт
Активистите за човекови права денеска во повеќе земји одржуваат протести за подршка на Сакинен Мохмади Аштиани жена од Иран која е осудена на смрт поради прељуба. Протести има во 32 земји меѓу кои во Бразил, Велика Британија, Франција, Грузија, Германија, Италија и Шведска за да се потенцира нејзиниот случај. Аштиани беше осудена на смрт со каменување , но нејзиното погубување беше одложено по реакциите од САД, ЕУ и меѓународните организации за права на човекот. Меѓутоа, нејзината смртна казна останува и наскоро ќе биде извршена.
СДСM: Власта бара алиби за извештајот на ЕУ
Од опозициската СДСМ денеска ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека правела театар во Собранието со кој сакала да си обезбеди алиби за негативните оценки во наредниот извештај за напредокот во евроинтеграциите. Од СДСМ оценуваат дека опозицијата е таа која подала рака за градење на консензус и вистински политички дијалог, a власта си игра со европските перспективи на Македонија со тоа што поднесе Деловник без консензус
Српското Собрание идната недела ќе расправа за Косово
Претседателката на Парламентот на Србија Славица Дејановиќ изјавила дека наредната недела а можеби уште во понеделник ќе се одржи расправа во Собранието за Косово и за идните планови на Србија по тоа прашање . Владата на Србија на вчерашната седница констатираше дека Меѓународниот суд за правда не одоговорил на суштинското прашање за легалноста на прогласувањето на независност на Косово .
Груевски: СДСМ сака да добиеме негативен извештај
Тоа што опозицијата не присуствуваше на седницата на која требаше да се донесат дополнувањата на Деловникот покажува дека пратениците ја исполнуваат желбата на Бранко Црвенковски кој очигледно сака да наштети за следниот извештај што ќе го добие земјата, изјави премиерот Никола Груевски коментирајки ја денешната состојба во Парламентот. Тој изјави дека се што побарале од СДСМ, дури и работи кои не биле во согласност со Венецијанската Комисија се прифатени во интерес на државата и за добивање на позитивни оценки од ЕК.
Прекината седницата за Деловникот
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски ја прекина седницата за Деловникот откако пратениците на опозицијата не се појавија на седницата и по отворените повици од негова страна . Тој изјави дека поканата е отворен за тие да се појават на седницата , затоа што само така може да се одржува политичкиот дијалог , во спротивно несоработката и неконструктивноста не и носат добро на Македонија
Започна со работа уставнонадзорното тело во Авганистан
Денеска во Авганистан започна со работа телото кое ќе го надледува почитувањето на авганистанскиот Устав. Телот почнува со работа повеќе од 6 години откако е усвоен Уставот. Улогата на уставнонадзорното тело е да забележува како се почитива Уставот. Меѓутоа сепак се уште толкувањето на Уставот е работа за Врховниот суд. Авганистан го усвои својот устав во јануари 2004 година
Сејдиу:за Косово настапува нова ера
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу кој е во посета на Албанија, заедно со неговиот албански колега Бамир Топи побарале од Србија да го признае Косово и да покаже поголема подготвеност за соработка во регионот. Тие се убедени дека ќе има нови признавања на Косово по мислењето на Меѓународниот суд за правда. Мислењето на Судот претставува благослов, и за Косово сега пристигна нова ера, изјавил Сејдиу.
.
.
Вељановски:опозицијата да се изјасни за Деловникот
Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски ги повика пратениците на опозицијата да учествуваат во гласањето за измените на Деловникот. Вељановски повика со консензус да се изгласаат измените на Деловникот, за да може да се унапреди работата нa Собранието, но и да се упати позитивен сигнал до Европската Унија, непосредно пред одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација, закажан за следната недела. Пратениците ја спроведоа расправата за измените на Деловникот во отсуство на речиси целата опозиција.
Генерал Мулен во Пакистан
Шефот на американскиот Генерал Штаб адмирал Мајк Мулен денеска се сретна со шефот на пакистанската армија генерал Тарик Маџид. Тие разговарале за регионалната безбедност и за напредокот на Пакистан во борбата со екстремизмот. Посетата ан Мулет на Пакистан доаѓа во време кога САД се загрижени дека во Пакистан присуствуваат исламистички милитанти кои се обвинети за напади врз војниците на НАТО во Авганистан.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете