Достапни линкови

Вести

Русија:Судот за правда ја отвори Пандорината кутија

Преставникот на рускиот комитет за надворешна политика Леонид Слуцкиј одлуката на Меѓународниот суд за правда за независноста на Косово ја оценил како отварање на Пандорината кутија. Тој изјавил дека сега се отвара можност за појава на опасни појави во светот. Слуцкиј оцнил дека денешната одлука е пример за двостраните стандарди на политката на многу држави , кои од една страна ја признаваат независноста на Косово а од друга не ја признаваат независноста на Јужна Осетија и Абхазија.

Вестервеле:Белград и Приштина да се свртат кон ЕУ

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле ја поздрави одлуката на Меѓународниот суд за правда за неазвисноста на Косово и ги повика властите во Белград и Приштина во интерес на своите земји да се свртат кон заедничката иднина во ЕУ. Тој во соопштение оценил дека денешниот ден е крај на правната постапка а сега треба да следат дијалог и политика.

Демјанук принуден да се појави пред судот

Џон Демјанук кој е обвинет дека помагал за убиството на речиси 30 илјади Евреи за време на Холкаустот, денеска бил принуден да се појави во Германскиот суд, бидејќи одбил да присуствува на претходните рочишта. Демјанук има 90 години и непојавувањето го оправдуваше со здраствени проблеми. Денеска во судот го донеле на медицински носила. Тој негира дека работел во контрациониот логор Собибор во Полска за време на втората светска војна. Демјанук е роден во Украина и се борел во Црвената армија, а потоа нацистите го заробиле и регрутирале за стражар на логорот . Емигрирал во САД во 1951 година.

САД го поздравија мислењето на Меѓународниот суд

Соединетите држави го поздравија мислењето на Меѓународниот суд на правдата дека со прогласувањето на независноста на Косово не е прекршено меѓународното право и ги повикаа земјите-членки на ЕУ да го изградат својот однос кон Приштина врз основа на овој став. Oдлуката на Меѓународниот суд јасно потврдува дека независноста на Косово е легална - став кој ние во целост го поддржуваме, изјавил портпаролот на Стејт департментот, Филип Кроули. Коули ги повикал земјите-членки на ЕУ да се се обединат околу единствен став по прашањето на Косово.

ЕБРД:0,5 проценти раст на БДП во Македонија

Европската банка за обнова и развој во најновиот извештај за европските економии во 2010, за Македонија проектира 0,5 проценти раст на бруто домашниот производ . Во претходната прогноза на ЕБРД за оваа година за Македонија стоеше проекција од 2,2 проценти. За наредната година извештајот предвидува раст од 2,5 проценти.

Ракетен напад на Зелената зона во Багдад

При ракетен напад врз ирачкиот главен град загинале тројца контролори вработени во американскaта амбасада а биле повредени уште 15 луѓе, соопштиле од амбасадата. Нападот се случил во Зелената зона во Багдад . Во Зелеанта зона се сместени амбасадите на САД и уштe некoлку амбасади на важни зeмји, како и зградите на ирaчката администрација.

Перез:Блокадата на Газа може да биде укината за 5 минути

Претседателот на Израел Шимон Перез при денешната посета на Словенија изјавил дека израелската блокада ќе престане тогаш кога жителите на таа територија ќе се откажат од тероризамот. Перез оценил дека ОН поради антиизраелско расположение го осудиле нападот на хуманитарниот конвој. Израелскиот претседател рекол дека за 5 минути ќе ја укинат блокадата ако Газа престане да се однесува како терористичка држава.

Расмусен:одлуката на судот не го менува делувањето на Кфор

Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен изјави дека советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда нема да има никакво влијание врз мандатот на Кфор на Косово. Расмусен во кратко соопштение изјавил дека Кфор и понатаму ќе го спроведуваат својот мандат –зачувување на безбедноста и заштитата на Косово во целост, на корист на сите заедници.

Средба Груевски-Лелуш

Европската перспектива на Македонија и соработката меѓу Макеоднија и Франција бил тема на разговор меѓу премиерот Никла Груевски и министерот за европски прашања на Франција Пјер Лелуш. Груевски и Лелуш заклучиле дека покрај соработката во процесот на европската интеграција постојат големи потенцијали и за зајакнување на економската соработка помеѓу Македонија и Франција особено во сферите на инфраструктурата, транспортот и енергетиката

Реакции по одлуката за Косово

Србија ја отфрли одлуката на Меѓународниот суд за правда кој денеска го соопшти советодавното мислење дека прогласувањето на независност на Косово е според меѓународното право. Министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, говорејќи во Хаг набргу по пресудата, изјави дека Белград никогаш нема да ја прифати независноста на Косово. Kосовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени рече дека Србија ќе мора да го третира Косово како "суверена држава. Портпаролот на Стејт Департментот ја поздрави одлуката, велејќи дека е време Европа да се обедини зад заедничка иднина.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG