Достапни линкови

Вести

Нови штрајкови во Грција

Атинскиот суд го прогласи за незаконски за утре закажаниот 24-часовен штрајк на вработените во атинското метро. Но и покрај тоа неговите организатори најавуваат оти тој ќе се одржи, во знак на протест против владините мерки за заживување на економијата.
За задутре штрајкови најавија и полицајците, пожарникарите и вработените во крајбрежната стража. Тие ќе штрајкуваат како знак на незадоволство од нацрт-законот за реформи во системот за социјално осигурување.

Во Русија уапсен осомничен за бомбашките напади во метрото

Руските официјани лица соопштиле дека денеска уапсиле осомничен дека им помагал на бомбашите самоубијци кои го нападна метрото во Москва, при што загинаа 40 луѓе. Човекот кој денеска е уапсен е осомничен дека обезбедувал превоз и сместување на двете жени кои
се разнесоа во московското метро. Осомничениот го уапсиле во Дагестан. Властите исто така соопштуваа дека уапсиле и 6 жени во Махачкала, град во Дагестан, кои се обвинети дека посетувале обуки за самоубиствени напади. Групите за човекови права велат дека руските офицери често обвинуваат невини цивили дека се исламски милитанти.

Бритиш Петролеум утре ќе го постави новиот вентил

Бритиш Петролеум соопшти денеска дека утре ќе го постават новиот вентил со кој се очекува дека ќе биде запрено истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив. Од компанијата соопштиле и дека истекувањето на нафтата ги чини преку 3,5 милијарди долари , вклучувајќи и 165 милиони долари за индивидуални штети. Од април навами компанијата се обидува да го запре истекувањаето на нафтата, од која се загадени крајбрежјата на сите 5 американски држави кои се наоѓаат во заливот.

И утре ќе се расправа за ребалансот на буџетот

Пратениците на денешната седница не се договорија за ребалансот на буџетот за 2010 со кој се предвидува ревидирање на приходите за
4, 8 милијарди денари или за 3, 3 проценти и намалување на расходите за исто толку. Собраниската расправа ќе продолжи утре. Предлогот за ребаланс го изнесе министерот за финансии Ставревски кој вели дека причина за предложениот ребаланс е приспособување на јавната потрошувачка поради намалените буџетски приходи. Пратениците од опозицијата имаа низа критики на ребалансот. Според Деловникот на Собранието, расправата по предложениот ребаланс трае три дена

Осудени тројца потенцијални бомбаши самоубијци

Судот во Велика Британија осуди денеска тројца мажи затоа што сакале да бидат бомбаши самоубијци. Судијата изјавил дека тие се осудени на по 20 години затвор, затоа што сакале да убијат многу невини мажи,жени и деца . Осудените се дел од групата уапсени во 2006-та, за кои постоеше сомнение дека сакале да активираат експлозив во авиони кои летале кон САД и Канада.

Талибанците бомбите ги прават од хемиско ѓубриво

Над 75 проценти од бомбите кои ги користат авганистанските Талибанците за напад на цивили и странски војници, се произведуваат од хемиско губриво ко е забрането во таа земја, соопштуваат од авганистанското министерствот за внатрешни работи. Рачната изработка на експлозивни направи е најефтиното и наједноставното оружје кое го користат бунтовниците во деветгодишната војна во Авганистан.

Груевски се сретна со Јосиповиќ

Билатералната соработка била тема на разговорите на денешната средба на премиерот Никола Груевски со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, кој престојува во посета на земјата. Груевски се заблагодарил за подршката која Хрватска и ја дава на Македонија во напорите за приклучување во ЕУ и НАТО. Груевски и Јосиповиќ заклучлle дека традиционалното пријателство и сојузништво меѓу двете земји треба постојано да се развиваат, особено заради фактот што имаат исти цели за стабилност и просперитет на регионот и интеграција во ЕУ и НАТО.

Сејдиу:Белград да се дистанцира од инцидентите во Косовска Митровица

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу побара денеска од Белград да се дистанцира од оние кои ги предизвикаа тензиите во Северно Косово, и ја повика ЕУ да ја обврзе евроинтеграцијата на Србија со нејзината политика кон Косово. Според Сејдиу , Белград се обидува инцидентите во Косовска Митровица да ги престави како последица од прогласувањето независност на Косово. Србија издејствува Меѓународниот суд да се произнесе за законитоста на објавувањето на независноста на Косово . Ставот на Судот се очекува во наредните седмици.

Во нападите во Уганда загинале 74 луѓе

Расте бројот на жртви од двојната експлозија која вчера се случи во Уганда. Властите соопштуваат дека загинале 74 луѓе, а повеќе од 70
се повредени. Експлозиите се случија во главниот град Кампала , а бомбите биле поставени во ресторани каде се гледало финалето на Светското првенство во фудбал. Како што и се соменваше полицијата, одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Ал Шабаб.

Петреус во ненајавена посета на Пакистан

Американскиот генерал Дејвид Петреус денеска отпатувал во ненајавена посета на Пакистан . Ова е негова прва посета на земјата откако
ја презеде командата со заедничките сили во соседен Авганистан. При неговата посета тој ги пофалил напорите кои Пакистан ги презема против бунтовниците. Петреус изјавил дека неодамнешните настани покажаа дека заедничка закана за Пакистан и Авганистан се бунтовниците. Речиси 150 луѓе беа убиени во серија напади во Пакистан во последните две недели. А зголемено насилство има и во Авганистан.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG