Достапни линкови

Вести

Обама притиска за имиграционата политика

Американскиот претседате Барак Обама притиска да се реши имиграционата полиитка . Тој во своето обраќање денеска пред Институтот за меѓународна служба во Вашингтон, изјави дека американските граници со години биле „лабави“ и затоа сега има околу 11 милиони луѓе без документи. Но сепак Обама рекол дека проблемот не може да се реши со огради и гранични патроли .Туку повика секој да ги сноси одговорност, и граничарите и луѓето кои вработуваат луѓе без документи. Имиграционата политика е приоритет на Обама, но имаше мал застој откако изби проблемот со истекувањето на нафта во Мексиканскиот залив и реформите во здраствениот систем

Филе:Проширувањето на ЕУ ќе остане приоритет

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека проширувањето на ЕУ ќе остане еден од приоритетите и за време на белгиското претседавање со Унијата, кое почна денеска. Тој додаде дека и покрај впечатокот дека некои членки на ЕУ се против натамошното проширување поради економската криза, од досегашното искуство не може да се заклучи дека овој процес го забавувал економскиот развој на „старите“ членки. Еврокомесарот објасни дека со усвојувањето на Лисабонскиот договор е отстранета пречката за продолжување на процесот за проширување.

Нетенјаху ќе ослободи 1.000 Палестинци во замена за изрелскиот војник

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавил дека е подготвен да ослободи 1.000 палестински затвореници ако радикалното палестинско движење Хамас го ослободи израелскиот војник Гилад Шалит, кого бунтовниците на Хамас го заробија пред четири години. Нетенјаху тоа го соопштил во своето телевизиско обраќање пред израелскиот народ. Тој изјавил дека сите израелски граѓани сакаат Шалит да се врати неповреден Семејството на Шалит протестираше во неделата во Ерусалим, барајќи негово ослободување.

Романија ќе крати на администрација

Романската Влада денеска соопшти дека планира да укине 54 илјади работни места во локалната администрација со цел да го намали буџетскиот дефицит до границата поставена од Меѓународниот монетарен фонд . Владата за истата цел ги намали и за 25 проценти платите во државниот сектор, а го зголеми и Данокот на додадена вредност од 19 на 24 проценти. Можно е да се крати и на вработени по министерствата, најавуваат од владата.

Хашим Тачи:признавањето од Србија би било со посебно значење

Секое признавање на независноста на Косово има свое значење, но признавањето од страна на Србија би имало посебно значење, бидејќи двете земји имаат горчливо минато и треба да го завршиме мрачното поглавје во односите . Ова, во интервјуто за најновиот број на „Нин“, го изјавил косовскиот премиер Хашим Тачи. Тој додал дека ако Србија сака да влезе во НАТО и Европската унија, ќе мора да го признае Косово.

Хрватска во ЕУ во 2012-та

Хрватска влезе во последната фаза од предпристапните преговори со Европската Унија, но целиот процес ќе се заврши нешто подоцна отколку што планиравме, најверојатно во 2012-та, изјавил белгискиот амбасадор во Хрватска. Тој на првиот ден од превземањето на претседателството со ЕУ, изјавил дека потпишувањето на претпристапниот договор оди брзо, но дека за ратификација е потребно подолго време , или околу година и половина.

Франција:Иран оди во погрешна насока

Иран не се движи во правилна насока. Тоа го покажува со тоа што иранската влада вели дека новите санкции на ОН нема да влијаат на нејзината нуклеарна програма, заклучува француското министерство за надворешни работи. Забелешката на министерството доаѓа по изјавите на иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки дека новите санкции нема да влијаат на нуклеарната програма. Минатиот месец, Советот за безбедност воведе четврта рунда санкции против Техеран поради нејзините нуклеарни активности

Делегација на Советот на Европа во посета на Грузија

Министерот за надворешни работи Aнтонио Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, заедно со генералниот секретар на Торборн Јагланд, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Грузија. Тие таму треба да ги согледаат состојбите во земјата, активностите за санирање на последиците од воениот конфликт во 2008 година, особено од аспект на заштитата на човековите права во земјата. За време на посетата предвидени се средби со високи официјални претставници на државата, меѓу кои и претседателот Михаил Саакашвили.

Во Киргистан сторени злосторства против човештвото

Во меѓуетничките насилства на југот на Киргистан се сторени злосторстава против човештвото, оценил денеска францускиот амбасадор за човекови права Франса Зимере. Тој изјавил дека тоа што се случуваше изминатиот месец во Киргистан , меѓународната зедница мора повторно да го разгледа. Тој исто така изјавил дека не е сигурен дека на светот му е јасно што се случуваше таму и во колкави размери.

Во Сирија приведени 400 членови на ПКК

Над 400 луѓе за кои е утврдено дека се членови на Курдската работничка партија, биле приведени во неколку градови во Сирија, пишува Хуриет. Приведените се обвинети дека се членови на терористичка организација, дека насилно собирале пари за неа, дејствувале во насока на отцепување на сириска територија со цел да се создаде независна држава Сириските власти предупредија дека на семејствата од курдско потекло, кои даваат логистичка поддршка на терористички организации, ќе им биде одземена земјата, која им е дадена од државата за да ја обработуваат

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG