Вести
Британија ќе ја зголеми контролата на нафтените платформи
Британската влада најавила дека ќе го дуплира бројот на годишните инспекции на нафтените платформи во Северното море. Ваквата одлука следи по катастрофата со истекување на нафта во Мексиканскиот залив, изјавил британскиот министер за енергија Крис Хухне. Како дел од оваа одлука е и формирањето на комитет кој ќе испитува колку Британија е способна да спречи излевање на нафта и како ќе реагира во случај на истекување.
Израел сам ќе истражува за нападот врз флотата за Газа
Израелската војска веќе наименувала свои стручњаци кои треба да го истражат минатонеделниот напад на флотата хуманитарни бродови која пловеше кон Газа. Резултатите од истрагата се оечкуваат за еден месец. Но освен воена истрага, ќе има и владина за тоа на кој начин е донесена одлуката за нападот во кој загинаа 9 активисти. Израел одби да отвори меѓународнна истрага
Гејтс се надева на скорешни санкци кон Иран
Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјавил дека се надева оти Советот за безбедност на Обединетите Нации наскоро ќе донесе санкции против Иран поради неговата нуклерна програма. Гејтс изјавил дека меѓународната зедница има капацитет да го натера Иран за запре со развивање на нуклеарно оружје.
Пораст на инфлационата стапка во Грција
Стапката на инфлација во Грција во мај годинава изнесувала 5, 4 проценти, соопштила Грчката Национална статистичка служба. Во април годинава беше забележана инфлациона стапка од 4, 8 проценти. Спред Статистичката служба, растот на инфлацијата се должи на зголемувањето на цената на алкохолот и цигарите и поскапувањето на транспортните услуги.
Мексиканскиот залив тешко ќе закрепне од нафтената катастрофа
Американските власти денеска соопштиле дека ќе бидат потребни години за да се опорави економијата и животната средина од најголемата катастрофа со истекот на нафта во Мексиканскиот залив. Од британcкиот нафтеn гигант Бритиш петролеум изјавиле дека досега потрошиле над 1, 25 милијарди долари за да го спречат истекувањето на нафтата. Американските власти вршат притисок Бритиш петролеум да ги обештети жителите од областите погодени од катастрофата.
Еуростат отсега со поголеми овластувања
Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, денеска одлучиле на службата за статистик на ЕУ „Еуростат“ да и дадат поголеми овластувања за надзор над националните податоци за јавните финансии на земјите членки. Мерката има за цел да се спречи повторно појава на случаи како оној со Грција кој предизвика финансиска криза и на неколку други земји од Унијата. Министрите предложите отсега Еуростат да врши ревизија на податоците кои ги доставуваат владите . Комесарот за економски прашања Оли Рен изразил сомневање дека нешто се случува со економската статистика и во Бугарија, и изјавил дека размислува да испрати комисија која ќе ја истражи целата работа.
Турција против санкции кон Иран
Турција е против санкционирање на Иран, бидејќи сметаат дека ако нема санкции Иран ќе стане потолерантен и ќе соработува со меѓународната зедница, изјавил портпаролот на турското министерство за надворешни работи. Тој изјавил дека санкциите не даваат резултати, притоа го посочил Ирак како земја во која санкциите допринеле само за изолација на тоталитарниот режим кој предизвикал други проблеми.
Средба на Ахмети со помалите етнички партии
Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави ќе го подржи предлогот помалите етнички заедници да имаат десет загарантирани пратенички места во Собранието но единствено ако со тоа не се влијае врз Бадинтеровиот принцип на гласање. Ахмети изјавил дека ДУИ не е против правата на малцинствата. Лидерот на ДУИ тоа им го соопштил на преставниците на партиите на Србите, Турците, Ромите, Власите и Бошњаците со кои денеска имал средба во Речица.
Унгарија ќе го смалува дефицитот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го представил економскиот план кој вклучува ревизија на даночниот систем и смалување на трошоците во јавниот сектор. Целта на овие мерки е земјата да го одржи буџетскиот дефицит на 3, 8 проценти, како што им вети на ЕУ и на ММФ.
КФОР:Интегритетот на Косово загарантиран
Интегритетот на Косово е загарантиран и нема да има никакви поделби, изјавил деенска командантот на КФОР, Маркус Бентлер. Тој изјавил дека се уште постојат безбедносни проблеми во земјата, а рекол и дека ситуацијата во северниот дел од Косово може да се реши само со политички средства. Бентлер рекол дека силите на КФОР ќе се повлечат од земјата кога безбедносната ситуација ќе се стабилизира.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете