Вести
Обвинетите за тероризам се појавиле пред судот во Америка
Двајцата мажи кои од страна на американките власти се обвинети за учество во меѓународен тероризам, се појавиле денеска пред судот. Тие се уапсени во саботата на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк, пред да полетаат за Египет. На обвинетите им се заканува казна доживотен затвор, а обвинителите побарале мажите да останат во затвор до завршување на судењето.
Во Авганистан загинале 3 војници на НАТО
Тројца војници на НАТО силите се убиени денеска во одвоени инциденти во Авганистан, соопштиле од Алијанската. Двајца војници загинале во бомбашки напад а еден во престрелка. Вчера во Авганистан во одвоени инциденти загинаа 5 НАТО војници. Американкиот претседател Барак Обама се надева дека ќе им овозможи на војниците кои се во Авганиста да се вратат дома следната година.
Опозицијата во Романија со иницијатива за недоверба на Владата
Романската опозициска Социјалдемократска партија денеска до Парламентот доставила иницијатива за изгласување на недоверба на Владата на премиерот Емил Бок. Одлуката на опозицијата следи откако Владата ги објави мерките за штедење, со кои платите се намалуваат за 25 проценти , а пензиите и социјалната помош за 15 проценти.
Азербејџан и Турција потпишаа договор за дистрибуција на гас
Турција и Азербејџан денеска во Истанбул потпишале договор за достава на гас, кој е од посебна важност за европските земји, кои сакаат да ја намалат зависноста од рускиот гас. Гасот од Азербејџан ќе оди до Турција а од тому ќе се дистрибуира до европските држави.
Од хероин од Авганистан за 10 години починале 1 милион луѓе
Шефот на руската служба за контрола на наркотици изјавил дека хероинот од Авганиста во изминатата деценија убил повеќе од еден милион луѓе. Авганистан е најголемиот произведувач на хероин во светот. Шефот на руската служба изјавил дека во Русиај од хероин изминатите 10 години починале повеќе од 30 илјади луѓе. Москва ги критикуваше Соединетите држави што нецелосно ги спореведуваат анти- дрога кампањите во Авганистан.
Рикер:брзо решение на спорот за името
Амбасадорот на Соединетите држави во Македонија Филип Рикер денеска уште еднаш го повтори ставот на САД дека се надеваат на брзо решавање на спорот меѓу Македонија и Грција. Тој смета дека решението е можно, и порачал да не се создава нешто повеќе од проблемот кој веќе постои. Но сепак Рикер рекол дека решението зависи само од Македонија и Грција.
Грција нема да банкротира и да ја врати драхмата
Грција нема нема да банкротира и да ја врати драхмата, изјавил денеска портпаролот на грчката влада, Јоргос Паталотис. Тој изјавил дека таквите гласини ги обезвреднуваат напорите на грчкото општество да излезат од кризата.
Народниот правобранител се сретна со амбасадорот Рикер
Состојбите во јавната администрација, затворите и психијатриските болници е крајно загрижувачка, констатирале по денешната средба народниот правобранител Иџет Мемети и амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер. Мемети изјавил дека остварувањето на правата во земјата се уште е на незадоволително ниво. Состојбата во македонските затвори, според американскиот амбасадор Рикер е проблематична и загрижувачка и не е забележан никаков прогрес.
Ирак протестира до Иран за нарушување на границата
Висок ирачки претставник изјавил дека владата испратила жалба до Техеран за вмешанаоста на ирански трупи во инциденти во ирачкиот северен Курдски регион. Претставници на ирачките Курди изјавиле дека ирански трупи влегле во курдскиот регион преку граничниот премин Пердануз. Според преставникот на Курдите, Иранците формираале камп и почнле да градат нов граничен премин таму.
Германија ќе штеди во наредните години
Германските власти денеска го финализираат владиниот пакет за намалување на трошоците за околу 11 милијарди евра. Германската канцеларка Ангела Меркел најавила дека земјата во наредние неколку години треба да заштеди 80 милијарди евра за да не влезе во долгови. Министерот за надворешни работи Гвидо Вестервеле изјавил дека во наредните три години ќе има дополнителни намалувања. . Германски долг за 2010 се очекува да порасне на повеќе од пет проценти, што е над нормите на Европската унија, тие препорачува три проценти. Со намалувањето на федералните трошоци, Германија има извонредна шанса да покаже добар пример, изјавила Меркел.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете