Достапни линкови

Вести

Сеул бара реакција од ОН против Северна Кореја

Амбасадорот на Јужна Кореја во Обединетите Нации денеска и формално вложил протест за потопувањето на јужно-корејскиот брод од страна на Северна Кореја. Во писмото од амбасадорот Парк ин Коок се бара од Советот за Безбедност на Обединетите Нации да превземе мерки во согласност со настанатата ситуација.

Убиен лидерот на талибанците во Кандахар

НАТО денеска соопшти дека сојузничките и авганистанските сили го убиле Мула Зергај, за кого се смета дека бил лидер на талибанците во реонот на Кандахар. Тој ги водел сите активисти на на талибанците во тој дел, а се смета и за директно одговорен за многу смртоносни напади во градот Кандахар.

Нов пад на еврото

Вредноста на еврото, денеска на берзите во Европа, падна на 1.20 за долар, што е нов најнизок рекорд во последните 4 години. Истовремено денеска падна и вредноста на фунтата.

Папата во посета на Кипар

Папата Бенедикт 16-ти, по пристигнувањето на Кипар изјави дека желбата да се живее во хармонија со соседите може да придонесе кон решавање на постојните проблеми. Според Папата, Кипар е вистинското место каде што црквата може да почне да размислува за повеќевековната католичка заедница на Блискиот Исток, да ја изрази солидарноста со другите христијани во регионот, кои имаат незаменлива улога во помирувањето меѓу сите луѓе. Посетата на Папата Бенедикт 16-ти предизвика критики од некои претставници на православната заедница.

Состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација Македонија - ЕУ

Последните случувања во врка со испонувањето на политичките и економските критериуми, како и напредокот на Македонија во усогласувањето со правото на ЕУ, беа теми на седмиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Република Македонија што заврши денеска во Скопје. Со состанокот претседаваше Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања, а делегацијата на ЕК беше предводена од Кристијан Хедберг, раководител на одделение во Генералниот директорат за проширување на ЕК. Како што се наведува во соопштението, политичките случувања во Македонија, на состанокот биле презентирани од вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски. Во врка со исполнување на политичките критериуми охрабрени се властите да ги завршат и усвојат измените на Изборниот законик и да го ажурираат Избирачкиот список. Во однос на политичкиот дијалог, поздравено е усвојувањето на Законот за Собрание, останува да бидат усвоени измените на Деловникот на Собранието за негово стабилно функционирање. На Македонија, исто така и се препорачува да продолжи со спроведувањето на Охридскиот договор.

Северно-корејците без ТВ преноси од Светското првенство

Фудбалските фанови во Северна Кореја веројатно ќе останат без телевизиски преноси од натпреварите на СП во Јужна Африка. Поради тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја, јужно-корејската телевизија која ги има правата за преноси од Светското првенство на Корејскиот Полуостров, нема да и овозможи на северно-корејската телевизија да ги превзема преносите. Северна Кореја ќе игра на шампионатот во Ј.Африка за прв пат од 1966-та година, кога беше учесник СП во Англија.

Во Истанбул протести против Израел

Илјадници луѓе со турски и палестински знамиња се собраа денеска во Истанбул во поддршка на жртвите на израелската рација во понеделникот. Протестите се одржаа пред џамијата каде што бил одржан помен за еден од деветтемина турски активисти убиени кога израелските војници спречија бродови со хуманитарна помош да влезат во Појасот Газа.

Фицо: Унгарија е екстремистичка

Словачки премиер Роберт Фицо денеска оцени дека Унгарија била екстремистички земја. Тој во интервју за францускиот весник Фигаро ја осуди одлуката на унгарскиот парламент да им овозможи на 3 ипол милиони унгарци кои живеат во соседните земји, најмногу во Словачка и Романија, да имаат унгарско државјанство. Во меѓувреме, словачките пратениците донесоа одлука да им биде одземено словачкото државјанство на оние што ќе го прифатат унгарското.

ЕУ: косовското судство се уште слабо

Мисијата на Европската унија на Косово соопшти дека косовскиот правен систем е се уште премногу слаб за да се соочи со предизвиците. ЕУЛЕКС не е задоволен од степенот на реформите во правосудството, а забележува и на мешањето во работата на судството на повеќе нивоа. Тоа, како што се прецизира, било особено изразено преку зачестеното отсуство на судиите и обвинителите во чувствителните случаи.

Во Скопје конференција за новиот концепт на НАТО

„Новиот НАТО: Градејќи го новиот Стратегиски концепт,,, беше темата на денешната конференција што во организација на Евро Атлантскиот Совет на Македонија се одржа во Скопје. Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев изрази очекување НАТО и натаму да ја држи отворена вратата за европските демократии кои ги споделуваат нејзините вредности, но и ги преземаат одговорностите и обврските кои произлегуаат од членството.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG