Достапни линкови

Вести

Русија:САД да им ги гарантира правата на уапсените „шпиони“

Русија вели дека 10 луѓе уапсени во САД кои се осомничени за шпионажа се руски државјани и дека не направиле ништо со што ќе им наштетат на американските интереси. Во својата најнова изјава во врска со случајот, руското Министерство за надворешни работи ги повика властите на САД на уапсените да им се гарантира пристап до конзуларните одделенија и до правници.

Парагвај преку пенали до четвртфинале

Репрезентацијата на Парагвај се пласираше во четвртфиналето, откако ја совлада репрезантацијата на Јапонија на Светското првенство во Јужна Африка. Двата тима во регуларниот дел од натпреварот и во продолженијата играа без голови, по што следеа пенали, на кој репрезентацијата на Парагвај се покажа како поуспешна.

Противниците на Иран на Мундијалот го добија тоа што го заслужуваат

Прераното елиминирање на Англија, Франција и на САД од Мундијалот е праведно поради нивното лошо однесување кон Иран, изјави денеска шефот на иранската дипломатија, Манучер Мотаки. Тој изјавил дека Англија, Франција и САД „го добиле тоа што го заслужиле“ бидејќи ги поддржале новите санкции на Обединетите нации кон Иран. Иранската фудбалска репрезентација настапуваше на Мундијал во Германија пред четири години, но заврши на последното место од својата група.

Од трговија со луѓе годишно се заработуваат 2, 5 милијарди евра

Трговците со луѓе кои ги присилуваат жените и децата на проституција или присилна работа годишно заработуваат околу 2, 5 милијарди евра, соопштуваат од Канцеларијата за дрога и криминал на ОН. Во денешниот извештај се наведува дека криминалните групи контролираат околу 14 илјади луѓе кои се жртви на трговија со луѓе бидејќи добиле лажни ветувања дека ќе добијат работа, а биле приморени да ги напуштат своите сиромашни земји во Источна Европа, Африка и Латинска Америка. Се проценува и дека во изминатите неколку години бројот на жртвите на трговија со луѓе се зголемил за 50 проценти .

Нападнат министер во владата на Косово

Косовскиот министер за образование, наука и технологија Енвер Хоџај денеска бил физички нападнат во зградата на Владата во Приштина, а напаѓачот е упасен, соопштуваат тамошните власти. Нападот се случил попладнево, за време на коктел во косовската Влада, а причината за нападот се уште е непозната.

Обама не сакал да коментира за руските шпиони

Американскиот претседател Барак Обама одбил да го коментира апсењето на 10 луѓе за кои постои сомневање дека се тајни агенти кои работеле за Русија. Тие се обвинети дека се инфилтрирале во политичките кругови во САД како обични американски граѓани но деке работеле за интересите на Русија. Од Белата куќа прашањата за ова тема ги препратиле до министерството за правда.

Обдукција на телата на жртвите од конвојот за Газа

Телата на седум од деветте турски жртви во израелскиот напад врз меѓународниот конвој со хуманитарна помош за Појасот Газа на 31 мај биле издупчени од куршуми, додека петмина од жртвите биле удирани во глава, покажаа резултатите од обдукциите направени во Турција.Резултатите покажуваат дека израелските сили пукале со цел да ги убијат активистите, а не да ги спречат, изјави еден од адвокатите на семејствата на жртвите Израелските власти тврдат, дека израелските командоси одговориле на нападите од страна на активистите вооружени со железни шипки и ножеви. Организаторите на хуманитарниот конвој пак тврдат дека израелските командоси пукале на „слепо“ врз патниците, кои се штителе со железни шипки

Вработен во ОН убиен во Кабул

Еден авганистанец вработен во ОН денеска е убиен во Авганистан кога било нападнато возилото на ОН во близина на амбасадата на САД во центарот на Кабул. Од ОН велат дека се уште не се познати причините за нападот. Во меѓувреме, авганистанските официјални лица соопштуваат дека 20 луѓе се повредени , меѓу кои и полицајци за време на протестите во источен Кабул. Луѓето протестирале против рацијата која ја спровеле полицајците вчера во едно верско училиште.

Медведев повика на кратење на администрацијата

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска изјавил дека бројот на државни службеници треба да се намали за 20 проценти, за да се зголеми ефикасноста на владата. Со парите кои ќе останат од намалувањето на вработувањето ќе се стимулираат другите вработени . Администрацијата во Русија се зголеми за 1,5 милиони леѓе од 2000 до 2008-та, кога Владимир Путин беше претседател.



Фридам хаус забележува благо подобрување во 2009

Степенот на демократија во Македонија во 2009 благо подобрен во однос на 2008 година, оценува Фрудом хаус во последниот извештај за земјите во транзиција што беше објавен денеска. Подобрувања се забележени во категориите борба против корупција и изборен процес, додека оценките во останатите области се исти како во претходниот извештај.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG