Достапни линкови

Вести

Заострување на пензискиот систем во Грција

Грчката Влада денеска даде зелено светло за проектот за реформи на пензискиот систем, кој во најскоро време треба да биде гласан во Парламентот, изјавија владини извори. Реформата предвидува зголемување на возраста на пензионирање на 65 години, како и намалување на пензиите. Текстот на реформата бил финализиран денеска на седницата на министерскиот совет.
Грчките синдикати, кои гледаат во таа реформа „пад“ на пензискиот систем, повикаа на генерален штрајк во вторник на 29 јуни, петти од почетокот на годината

Бразил и Португалија одат натаму


На Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, во групата Г, првите две места ги освоија Бразил и Португалија, кои својот меѓусебен натпревар го одиграа без голови 0 спрема 0. Во другиот натпревар во истата група, Брегот на Слонова Коска ја победи Северна Кореја со 3 спрема 0.

Убиени 11 авганистанци и 3-ца НАТО војници

Во авганистанската провинција Урузган, биле пронајдени тела на 11 убиени авганистанци, а на некои од нив им биле отсечени главите. Според локалната полиција, жртвите веројатно биле обвинети од талибанците за шпионирање или за соработка со властите. Во меѓувреме, НАТО соопшти дека тројца негови војници загинале во одвоени напади во јужен и источен Авганистан.

Пакистан блокира некои интернет страници

Пакистан ќе започне со следење на 7 големи интернет страници, вклучувајки ги и Гугл, Јаху, Хотмаил, Јутјуб, со цел да утврди дали има анти-исламски содржини, а ако утврди дека има ќе ги блокира тие содржини. Пакистан веќе целосно блокира 17 веб страни, за кои смета дека ги навредуваат муслиманите.

И во Русија предупредувања за штетноста на цигарите

Русија од утре воведува значајни здравствени предупредувања на цигарите. Според новите законски прописи, производителите на цигари мора да покријат најмалку 30 насто од предната страна и 50 насто од задната на паклото цигари со некое од 12-те предупредувања за штетноста на цигарите. До примена на ваквите правила доаѓа 9 години по стапувањето во сила на сличните предупредувања во земјите членки на Европската Унија.

Акцијата "Фаланга", успешна, оцени Јанкуловска

Во полициската акција „Фаланга“ со која се откриени кривични дела поврзани со недозволена трговија, поседување и злоупотреби на археолошки артефакти, запленети се предмети од крајот на 8 век пред нашата ера (железна доба) до 14 век од наша ера.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека кај осомничените е пронајдена голема збирка предмети од најразлични периоди од историјата. Со реализацијата на акцијата успеавме во намерата предметите да не излезат од Република Македонија, рече Јанкулоска. Од собраните податоци, како што истакна, најголем дел од лицата приведени вчера работеле организирано, а за тоа говорат предметите пронајдени во нивните домови.

САД ќе градат тренинг камп во Таџикистан

Соединетите Држави соопштија дека планираат да изградат камп за обука на војниците во Таџикистан. Американскиот амбасадор во Душанбе, Кен Грос, изјави денеска дека кампот ќе чини околу 10 милиони долари, ќе го раководи таџикистанската национална гарда, а американскиот персонал само ќе помага во обуката.

Шефот на германската дипломатија во посета на Софија

Германскиот шеф на дипломатијата Гвидо Вестервеле, кој е во посета на Софија, изјави дека новите земји членки на Европската Унија мора да одржуваат буџетска дисциплина. На заедничката прес конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов, Вестервеле ја пофали Бугарија за политичките и економските реформи, но нагласи дека буџетот мора да се држи под контрола. Вестервеле од Софија ќе отпатува и за Романија, а предвидено е да ја посети и Молдавија.

Премиерот на Чешка, Јан Фишер, поднесе оставка

Чешкиот премиер Јан Фишер денеска и формално поднесе оставка, со што е отворен патот за формирање нова влада, речиси еден месец по парламентарните избори. Фишер, које непартиска личност, ја превзеде премиерската функција во мај 2009-та година, по распаѓањето на владината коалиција предводена од Мирек Тополанек. Преговорите за состав на новата влада на Чешка сеуште се во тек.

Белорусија се заканува со прекин на испораката на руски гас за Европа

Белорусија денеска се закани дека ќе го запре транзитот на руски гас за Европа, доколку Русија не и го плати долгот во рок од 24 часа. Руски Газпром и Белорусија ги расчистија меѓусебните долгови за испорака на гас и за транзит, но Минск тврди дека Москва платила за транзитните услуги по стара цена и оти и должи уште 32 милиона долари.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG