Вести
Во напади на НАТО , убиени 5 цивили во Авганистан
Најмалку 5 цивили загинале во воздушните напади на НАТО силите во источен Авганистан, соопштуваат авганистанските провинциски власти. Шефот на провинциската полицја соопштил дека две од жртвите се деца, а едно момче од 14 години било повредено. Но во нападот на Алијансата врз талибанските упоришта биле убиени и 38 бунтовници. НАТО и министерството за внатрешни работи на Авганистан не го потврдуваат настанот.
Гана-Австралија 1:1
Репрезентациите на Гана и на Австралија одиграа нерешено 1:1 на натпреварот од второто кола на групата Д на Светското првенство во Јужна Африка. Репрезентацијата на Австралија поведе во 11 -та минута со голот на Брет Холман, а Гана изедначи во 26-та со голот на Асамоа Гијан. Во следното коло Австралија ќе игра со Србија, а Гана со Германија.
Црвенковски:нелогично е сега да се разговара за предвремени избори
Нелогично е во овој момент да се разговара за предвремени парламентарни избори, изјави денеска претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој изјави дека не е добро во овој момент избори ниту да се иницираат, ниту пак ако некој сака да се одржат предвремени избори СДСМ ќе го поддржи или во такви избори ќе учествува. Црвенковски изјави дека тие нема да поднесат иницијатива за предвремени избори. Но ако до Самитот на НАТО во ноември нема решение за проблемот со името, тогаш на политичката сцена треба да дојде нова политичка структура која тоа ќе може да го направи, изјави лидерот на СДСМ.
Русија и Белорусија не се договориле за испорака на гас
Разговорите меѓу Русија и Белорусија за испорака на гас не успаа, изјавил шефот на руски „Газпром“. Тој изјавил дека не гледа можност разговоите да се продолжат до понеделник кога е крајниот рок двете земји да се договорат за испорака на гас. Белорусија тврди дека Русија им должи пари за транзит на гас низ нивната земја. Русија ги намали испораките на гас за Белорусија и Украина неколку пати во последниве години, поради споровите за исплата
Амнести интернешнал:да се казни убиецот на Неда
Амнести интернешнал денеска побара ирански власти да го изнесат пред лицето на правдата убиецот на Неда Агха Соултан, каја загина за време на уличните протести минатата година. Веста и снимката со убиството на Неда го заобиколи целиот свет. Повикот на Амнести интернешнл доаѓа пре одбележувањето на годишнината од нејзината смрт, 20 јуни.
Македонски полицајци ќе ги обучуваат своите колеги во Авганистан
Македонија наскоро ќе испрати полицајци во Авганистан кои во рамките на цивилната мисија ќе ги обучуваат своите авганистански колеги. Во МВР има 23 полициски офицери кои се подготвени веднаш да заминат на мисија во Авганистан, изјавила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, но сеуште се работи на договорот кој треба да биде ратификуван од Собранието. Платите на припадниците на МВР кои ќе заминат во Авганистан ќе бидат од буџетот на Македонија, изјавила министерката
Кина ќе дозволи промена на курсот на јуенот
Централната банка на Кина денеска вети дека ќе дозволи промена на курсот на јуанот. Во изјавата објавена на веб страната на банката, не се спомнува конкретно на што ќе се однесува промената но сугерираат дека е можно курсот на јуанот да се менува независно од курсот на доларот за кој беше врзан во изминативе две години . Американскиот секретар за финансии Тимоти Гејтнер и шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус-Кан, веднаш го пофалија потегот на Кина. Но кинеските преставници велат дека било кои реформи поврзани со јуенот , ќе се спроведуваат постепено. Соопштението од Централната Банка доаѓа само на неколку дена пред патувањето на кинескиот претседател Ху Џинтао за Самитот на Г-20 самитот во Торонто, Канада.
Груевски:ќе ги завршиме реформите што ги бара ЕУ
Македонија ќе успее да ги спроведе реформите што од неа ги бара ЕУ, изјавил премиерот Никола Груевски. Тој рекол дека е цврсто убеден оти се што се очекува од македонската страна ќе биде направено Таквите пораки и уверувања Груевски му ги пренел на последната средба и на еврокомесарот Штефан Фуле. Груевски изјавил дека на Филе му дал детални објаснувања за сите завршени работи, за оние што се во тек и што дополнително треба да се завршат.
Холандија ја совлада Јапонија
Фудбалската репрезентација на Холандија денеска ја победи репрезентацијата на Јапонија со 1:0, на Светското првенство во Јужна Африка. Двете репрезентации се натпреваруваат во групата Е. Единствениот гол на мечот го постигна Весли Шнајдер во 52-та минута.
САД:Киргистан да создаде услови за враќање на бегалците
Американскиот помошник државен секретар Роберт Блејк ги повика властите во Киргистан денеска да создадат услови за безбедно враќање на стотици илјади бегалци раселени по етничкото насилство минатата недела. По разговорите во Бишкек со привремените власти, Блејк рекол дека привремената влада треба да воспостави атмосфера на доверба и сугурност за да можат бегалците и внатрешно раселените да се вратат и да се чуствуваат безбедно во своите домови. Тој, исто така, повторил и дека Вашингтон ќе обезбеди повеќе од 32 милиони долари за хуманитарна помош
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете