Достапни линкови

Вести

Нов услов на Словенија за влез на Хрватска во ЕУ

Словенија денеска постави нов услов за влез на Хрватска во Европската унија. Словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар изјави дека Хрватска нема да може да ги заврши преговорите додека не го отвори својот финансиски пазар за најголемата словенечка банка, Нова Љубљанска Банка. Доколку Хрватска не го исполни тоа, објасни Жбогар, тогаш тоа значи дека таа дискриминира една членка на ЕУ.

Брамерц бара засилени напори на Србија во апсењето на Младиќ

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал за воени злосторства Серж Брамерц денеска пред Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека е неопходно Србија да ги засили напорите за апсење на Ратко Младиќ и на Горан Хаџиќ. Брамерц во редовниот извештај за Трибуналот пред Советот за безбедност и со оценка дека Србија во изминативе шест месеци продолжила да соработува со Обвинителството.

Вооружен судир во Сомалија, 12 загинати

Во денешниот судир меѓу владини сили и припадници на исламистичката група Ал Шахаб во главниот град на Сомалија, Могадишу загинале најмалку 12 луѓе. До ова дојде откако членови на Ал Шахаб која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда нападнале една база во близина на градот. Исламските бунтовници во последните три години се обидуваат да ја соборат сомалијската влада која ја има поддршката од Запад.

Руски војници во Киргистан

Привремениот претседател на Киргистан Роза Отумбаева денеска изјави дека бројот на загинатите во последните насилства на југот на земјата би можело да биде десет пати поголем од официјалните податоци. Според неа, во насилствата меѓу киргизите и узбеките би можело да има дури 2 илјади загинати. Отумбаева која денеска го посети градот Ош изјави дека руски војници ќе бидат распоредени за да чуваат некои стратегиски локации во Киргистан. Во меѓувреме, помошник американскиот државен секретар Роберт Блејк кој денеска посети еден бегалски камп во Узбекистан побара независна истрага за последните насилства.

Седумдесетина загинати во поплави во Кина

Околу 70 луѓе загинале, а четириесетина се водат како исчезнати во поплавите што ги зафатија јужните делови на Кина. Веќе една недела во тие региони врнат поројни дождови, а властите мораа да евакуираат повеќе од 500 илјади луѓе.

Протести во Приштина поради забраната за шамии во училиштата

Околу илјада членови на невладини и други организации и здруженија денеска протестираа во центарот на Приштина против одлуката на Министерството за образование да се забрани носење на шамии во училиштата. Пред неколку недели Исламската заедница на Косово организира кампања против претседателот на Општина Приштина Исо Мустафа кој иницирал забрана за носење на шамии во училиштата.

СБ на ОН за Хашкиот трибунал

Во Обединетите нации почна седницата на Советот за безбедност на која претседателот на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон и главниот обвинител Серж Брамерц известуваат за нивната работа. Во својот посебен редовен извештај Брамерц ќе извести и за соработката на Србија и на другите земји од поранешна Југославија со обвинителството на Трибуналот.

Во Нагорно Карабах убиен азербејаџански војник

Еден азербејџански војник бил убиен во престрелка со ерменските сили во близина на регионот Нагорно Карабах, соопшти азербејџанското министерство за одбрана. Ерменските сили ја презедоа контролата врз Карабах од Азербејџан во почетокот на минатата деценија во војната во која загинаа над 30 илјади луѓе.

ММФ со доверба за шпанската економија

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус Кан денеска во Мадрид изрази доверба во шпанската економија откако владата донесе строги реформски мерки. Според него, реформите ќе ја водат Шпанија во економски раст во наредниве две децении.

Во бомбашки напад во Ирак двајца загинати

Ирачката полиција соопшти дека двајца луѓе загинале, а 45 биле повредени кога автомобил бомба експлодирал во еден град на околу 170 километри северно од Багдад. Се прецизира дека автомобилот експлодирал во близина на куќата на еден од локалните лидери во провинцијата Киркук.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG