Достапни линкови

Вести

Хајнце и ја донесе победата на Аргентина

Фудбалската репрезентација на Аргентина ја совлада Нигерија со 1:0, во првото коло на Групата Б на Светското првенство во Јужна Африка. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Габриел Хајнце, кој голот го постигна во 6 минута. Аргентина е на второ место во Групата Б, бидејќи има еден гол помалку од првопласираната Јужна Кореја. Претходно денеска Јужна Кореја ја совлада Грција со 2:0.

Судир на опозициски приврзаници и полицијата во Иран

Приврзаниците на опозицијата во Иран и полицијата се судрија на одблежувањето на првата годишнина од протестите за спорните претседателски избори. Радио Фарда јавува дека полицијата употребила солзавец и ги ударала демонстрантите на главниот плоштад во Техеран. Инцидентите се случија и покрај предупредувањето на властите дека остро ќе се справат со било кој облик на протест, и повиците на опозицијата за мирни методи. Опозицијата вети дека ќе продолжи со својата борба против владата, и покрај откажувањето на протестот закажан за денеска.

Во Авганистан загинале двајца војници на НАТО

Во две одвоени експлозии на бомби денеска во Авганисан загинале 5 полицајци и двајца припадници на НАТО, соопштиле авганистанските власти. Меѓународните сили се обидуваат да ја зголемат безбедноста и да го сопрат криминалот во Кандахар каде во средата загинаа 56 луѓе. Еден од загинатите војници на НАТО е Американец, а за едниот се претпоставува дека е од Полска. Овој месец во Авганистан загинаа 38 војници на Алијансата, од кои 27 Американци.

Груевски:Засега нема сигнали за нова рецесија во Македонија

Претседателот на Владата Никола Груевски смета дека засега нема сигнали за нова рецесија во земјава иако дел од експрертите предвидуваат дека во Европа ќе се случи втора економска криза. Тој посочи дека во Македонија засега не е почувствуван нов бран на крупи проблеми, и оти земјава оди во правец на постепено подобрување, иако, како што нагласи, кризата се уште е присутна и се чувствува. Македонскиот премиер се надева дека нема да се реализиара стравот од рецесија во Европа, а доколку работите тргнат во лоша насока, најавува навремени реакции за да се ублажи нејзиното влијание
Најавеното кратење на Буџетот со претстојниот ребаланс, Груевски го оценува како крупно и сериозно, иако бизнис заедницата смета дека е недоволно.


Груевски:остануваме фокусирани на барање решение за името

Премиерот Никола Груевски по вчерашните најави од Белгија за немање можност за добивање датум за преговори и во наредните шест месеци доколку не се реши спорот за името со Грција повтори дека Македонија останува фокусирана и посветена на барање на решение за името кое ќе биде прифатливо за сите нејзини граѓани. Груевски изјави дека треба да се најде решени кое нема да направи трајни последици за македонската нација, идентитет и државност.

Уапсен лидерот на косовското движење за Самоопределување

Косовската полиција го уапси лидерот на движењето за Самоопределување, Албин Курти., соопштуваат претставници на оваа движење. Со Култи се уапсени и уште ноколку други активисти . Полицијата ја потврдува информацијата. Курти бил уапсен неколку часа по прес конференцијата на која соопшти дека ќе учествува на престојните парламентарни избори. Тој е обвинет дека учествувал во толпата која во февруари 2007-та изврши криминални дејствија и учествуваше во демонстрации при кои загинаа двајца луѓе. За Курти процесот против него е политички мотивиран.

Русија нема да се меша во внатрешен конфликт во Киргистан

Конфликтот во Киргистан е внатрешна работа и Русија не гледа причина засега да земе учество во тоа, изјавила портпаролката на руската влада, Наталија Тимакова, јавува новинската агенција Интерфакс. Нејзината изјава е одговор на барањето на привремената лидерка на Киргистан, Роза Отунбаева која побара од рускиот претседател Дмитри Медведев помош за да се надмине етничкиот конфликт. Привремените киргистански власти побараа Русија да испрати своја војска и да им стави крај на насилствата.

Продолжуваат насилствата во Киргистан

Привремената влада на Киргистан прогласи вонредна состојба во вториот по големина град на југот на земјата Џалал-Абад. Привремената влада мораше да го направи тоа , бидејќи нестабилноста се шири, изјавил министерот за внатрешни работи, Азимбек Бекнаџаров. Привремените власти повикаа на странска помош за да се стави крај на етничкиот конфликт меѓу Киргистанците и Узбекистанците. И Хјуман Рајтц Воч ја повика меѓународната заедница да преземат акција за да им се помогне на киргистански власти да добијат контрола над ситуацијата. Извештаите покажуваат дека над 65 луѓе се убиени , а 850 ранети во немирите на југот на Киргистан.

Опозицијата во Иран не се откажува од борбата против власта

Опозициското движење во Иран вети дека ќе ја продолжи својата борба против Владата и покрај тоа што се откажаа од протестите за одбележување на годишнината од спорните претседателски избори. Мир Хосеин Мусави преку соопштение денеска изјави дека ќе продолжат со мирните методи на борба против власта и ако не може да протестира тоа не значи дека ќе се откажат , туку ќе бараат други начини. Мусави и неговиот колега Мехди Курби ги откажаа за денеска најавените протести затоа што стравуваат дека може да има насилство.

Јужна Кореја ја победи Грција

Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја ја победи репрезентацијата на Грција на првиот натпревар во групата Б на Светското првенство во фудбал. Натпреварот заврши до 2:0 за Јужна Кореја. Головите ги постигна Ли Џунг во седмата и Парк Џи Сунг во 52 минута од натпреварот. Подоцна денеска во групата Б е и натпреварот меѓу Аргентина и Нигерија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG