Достапни линкови

Вести

Спорот со името влијае врз странските инвестиции

,,Одложениот напредок за пристапување на Македонија кон Европската унија и прашањето за името уште повеќе го зголемуваат ризикот за намалување на странските инвестиции. Токму затоа, инвеститорите решија да почекаат со инвестициите во Македонија.,, Ова го изјави директорот на Британската бизнис заедница во земјава Реј Пауер по денешната средба со директорите на Агенцијата за млади и спорт, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и на Американската стопанска комора во земјава Диме Спасов, Владимир Бахчовановски и Соња МекГурк.

Иран ги обвини САД за киднапирање иранци

Генералниот секретар на иранскиот Врховен совет за човекови права Мохамад Џавад Лариџани денеска во Женева ги обвини Соединетите држави за киднапирање и илегално апсење иранци. Според него, американските власти држеле шестмина или седуммина иранци, вклучувајќи го и Шахрам Амири, нуклеарен научник кој исчезнал пред една година.

Шестмина загинати во поплавите во Арканзас

Во поплавите во американската сојузна држава Арканзас загинале најмалку шест лица, соопштија локалните власти. Поплавите биле предизвикани од поројни дождови, а во поплавените подрачја на помош била испратена Националната гарда.

Турција, Сирија, Либан и Јордан во зона за слободна трговија

Министрите за надворешни работи на Турција, Сирија, Либан и Јордан вчера во Истанбул потпишаа договор за визна либерализација меѓу нивните земји и за создавање зона за слободна трговија. Во документот се наведува дека новиот механизам ќе биде отворен за учество на сите братски и пријателски држави од регионот.

Почна првиот меч на СП во Јужна Африка

Започна првиот натпревар на 19 Светско првенство во фудбал во Јужна Африка. Во Јоханесбург на новиот стадион наречен Град на фудбалот играат репрезентациите на домаќинот и на Мексико. Пред над 90 илјади посетители на стадионот и стотина милиони гледачи пред малите екрани почетокот на првенството го означија претседателот на Јужна Африка Јакоб Зума и претседателот на ФИФА Сеп Блатер.

Бајден: на СП Америка ќе ја победи Англија

Американскиот потпретседател Џо Бајден изрази денеска уверување дека Соединетите држави ќа ја победат репрезентацијата на Англија в сабота на нивниот прв меч на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка. ,,Како вистински ирец, верувам дека ќа ја победиме Англија,, изјави Бајден на собирот на странски дипломати во американскиот конзулат во Јоханесбург. Тој и посака среќа на Јужна Африка во натамошната организација на првенството.

Словенија се надева на решение на спорот Скопје - Атина

Словенија е и ќе остане голем и активен подржувач за интеграција на Македонија во евроатлантските структури, се вели во писмената изјава за медиумите на словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар.
Во изјавата пренесена преку Амбасадата на Словенија во Скопје, тој наведува дека Македонија постигна голем напредок во спроведувањето на реформите, што придонесе за позитивни оценки од страна на Европската комисија, која Љубљана ја прифаќа како меродавна и основа за нејзиниот јасен став дека земјата ги исполнува условите за почеток на преговорите со ЕУ.
Жбогар, во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи од ЕУ во понеделник во Луксембург, искажува надеж оти Скопје и Атина што поскоро ќе најдат решение за спорот за името за деблокирање на евроинтергациите на Македонија.

Мундијалот прогласен за отворен

Светско првенство во фудбал кое за прва пат се одржува во Африка започна со свечено отворање во главниот град на Јужна Африка Јоханезбург. Сенка на настанот, како што се јавува, фрли сообракајната несрека во која почина 13 годишната правнука на Нелсон Мандела, иконата на борбата против аперхејдот и поранешен претседател на Јужна Африка. Првиот натпревар се игра во 16 часот во Јоханесбург на новиот стадион наречен Град на фудбалот. Ќе играат домаќинот и Мексико.

Гејтс - На Иран му требаат 3 години до нуклеарно оружје

Американскиот секретар за одбтрана Роберт Гејтс денеска изјави дека ќе бидат потребни 3 години пред Иран да биде способен да развие нуклеарно оружје. Гејтс ова го изјави во Брисел каде што на новинарите им објасни дека постои разлика имањето нуклеарна муниција и имањето способен систем за испорака кој може да им се закани на соседите.

Хачим Тачи - на Косово е безбедно

Премиерот на Косово Хашим Тачи смета дека инцидентите што се случија во иминатите денови се изолирани без влијание врз безбедноста на Косово.
Тој, по седницата на косовскиот Совет за Безбедност, изјави дека ситуацијата е мирна и покрај инцидентите меѓу кои ги наведе инцидентот во Исток со српски бегалци, нападот со бомби во Зубин Поток, уништувањето на предаватели на српски оператори за мобилна телефонија и заканите кон КФОР.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG