Достапни линкови

Вести

Затворска казна за обвинетиот за кражба на 20 милиони долари од Туркменстан

Судот во Москва денеска му пресуди казна затвор на Савели Бурштајн, обвинет за кражба на 20 милиони американски долари од Централната банка на Туркменстан. Бурштајн бил еден од повеќемина кои преку „Свифт“ банкарска сметка и електронскиот банкарски систем повлекугвале пари од Туркменстан. По него имаше распишано меѓународна потерница во 2003 година. Бурштајн беше уапсен во Чешка во 2008 година од каде беше депортиран во Русија.

Закажано итно заседание на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе заседава за инцидентот во близина на појасот Газа, кога изралелски специјалци нападнаа конвој бродови со хуманитарна помош за палестинците. Најмалку деветмина загинаа а педесетмина беа повредени. Меѓу 600 патници на конвојот имало и македонски државјани. Јасмин Реџепи и Сами Емини од Скопје и Сеад Хасипи од Куманово последен пат контактирале со своите роднини околу полноќ, пред интервенцијата на израелските вооружени сили. За сега нема информации за нивната судбина. Македонското министерство за надворешни работи и министрите за надворешни работи од југоисточна Европа изразија жалење за инцидентот кој предизвика остри реакции во меѓународната заедница. Инаку, Израел и Египет воспоставија блокада на Газа откако власта ја превзеде Хамас во Јуни 2007. Според Израел, таа мерка беше неопходна поради тоа што Хамас стрела со ракети врз Израелска територија.

Расмусен: Талибанците денес се посилни од било кога

Талибанците денес се посилни од било кога, рече денеска генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, додавајки дека Алјансата очекува да постигне напредок во Авганистан до крајот на годинава. Расмусен додаде дека очекува „значајно придвижување на работите во текот на 2010 година“ по зголемувањето на бројот на војници и политичкиопт напредок во Авганистан. Првиот човек на НАТО дополни дека Алијансата ќе се погрижи за обезбедувањето на средбата на локалните лидери, закажана на втори јуни по иницијатива на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Најавен протест во Грција

Протест против денешниот израелски напад врз хуманитарен конвој, составен од шест бродови, кои превезуваа помош за Појасот Газа, се организира денеска во градот Ханја, на грчкиот остров Крит. Протестот, во организација на имигрантските организации на островот, ќе се одржи вечерва на централниот плоштад во Ханја.

Во нападнатиот конвој кај Газа имало Македонци, потврдија нивни роднини

Јасмин Реџепи (28) и Сами Емини (57) од Скопје и Сеад Хасипи (50) од Куманово, се тројцата македонски државјани кои биле на еден од бродовите од хуманитарниот конвој што изутрината беше нападнат од израелските специјалци во меѓународни води во близина на појасот Газа, при што загинаа повеќе од 10 лица. Нивни роднини потврдија дека тие биле меѓу 600 патници на бродовите, но немаат информација за нивната судбина. Последен пат се чуле со нив околу полноќ пред да бидат пресретнати од изралеските специјалци. Тројцата македонски државјани заминале за Турција, а оттаму за Газа, преку турската хуманитарна организација ИХХ.

Турција бара итно заседавање на Советот за безбедност при ОН

Турција побара итен состанок на Советот за безбедност при Обединетите нации, откако повеќе од десетмина про-палестински активисти беа убиени од изралекси командоси, при обид за достава на хуманитарна помош во Појасот Газа. На флотилата бродови кој беше споречен да влезе во појасот имало 400 турци од вкупно 600 патници. Турција исто така ја откажа заедничката воена вежаба со изралексите вооружени сили и го повлече својот амбасадор од Израел. Според се` уште непотврдени информации, тројца македонски државјани биле меѓу хуманитарците во конвојот. Инаку, Израел и Египет воспоставија блокада на Газа откако власта ја превзеде Хамас во Јуни 2007. Според Израел, таа мерка беше неопходна поради тоа што Хамас стрела со ракети врз Израелска територија.

Четириесетина милитанти убиени во Пакистан

Пакистанските вооружени сили денеска нападнале кампови на милитанти во северозападниот дел на земјата, при што загинале 42 бунтовници, соопштија властите. Воената офанзива се случила во реонот Орказаи во близина на авганистанската граница. Според се уште неофицијални информации, во последните неколку офанзиви загинале околу стотина милитанти.

Самит ЕУ - Русија, ќе се разговара за визна либерализација

Денеска во рускиот град Ростов почна дводневниот самит ЕУ – Русија на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за визна либерализација за руските граѓани за патување во земјите на Унијата. На настанот се очекува и склучување на таканаречено „Партнерство за модернизација“ кое би претставувало пресвртен момент во европско – руските односи. Во агендата се предвидени и дискусии за економски теми, бидејки се проценува дека 80 проценти од сите инвестиции на европските земји се во Русија.

МНР жали за инцидентот кај Појасот Газа, нема информации за македонските хуманитарци

Министерството за надворешни работи на Македонија изрази жалење за денешниот инцидент близу палестинскиот брег во кој беа инволвирани израелските воени сили и хуманитарен конвој бродови за Газа. „Република Македонија го осудува секој облик на насилство во решавањето на проблемите и во таа насока цениме дека отворените прашања и несогласувања треба да се решаваат со дијалог и мирољубиви средства, а не со оружје и жртви. Изразувајќи длабоко сочувство за загубените животи во овој немил настан, повикувaме на темелна истрага за причините и околностите кои доведоа до ваков трагичен епилог“ се неведува во соопштението од МНР. За сега се уште нема официјална потврда за тоа дали во конвојот бродови патувале македонски државјани и каква е нивната судбина. Претходно, според првичните сознанија на турските власти, тројца македонски државјани биле во конвојот. Информацијата ја потврди и арапската телевизиска мрежа „Ал Џезаира“.

Еден британски маринец загина во Авганистан

Министерот за одбрана на Британија потврди дека еден британски маринец загинал во експлозија во Авганистан денеска. Експлозијата се случила доцна вчеравечер во провинцијата Хелманд. Од 2001 година до денеска 289 британски војници загинаа во операциите во Авганистан.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG