Достапни линкови

Вести

Романците се вакцинират од А Х1 Н1 по смртта на познат актер

Илјадници романци се собраа денеска пред болницата во Букурешт за да се вакцинираат против грипот А Х1 Н1, по смртта на 37 годишниот Тони Такучану познат телевизиски актер, кој почина како последица на заболување од грипот. Директорот на болницата Адријан Стреину Черчел ијзви дека требало да умре една телевизиска ѕвезда за романците да се индентификуваат со неа и да сфатат колку ризикуваат, ако не се вакцинираат.

НАТО ја предаде контролата на Авганистан за затворот во Баграм

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека НАТО денеска потпишал договор со авганистанските власти да им ја предаде контролата на затворот во авионската база Баграм во близината на Кабул. Активистите за човекови права соопштија дека затворот во Баграм не ги исполнил меѓународните норми, бидејќи некои од затворениците не ни знаат кои се обвиненијата против нив.

1 војник убиен во експлозија во Авганистан

НАТО соопшти денеска дека еден војник го загубил животот од импровизирана експлозивна направа во јужниот дел на Авганистан. Оваа година 9 странски војници загинаа во Авганистан. Голем дел од нападите во земјата и околу 500 смртни случаи се предизвикани од имровизирани експлозивни направи.

Месиќ не гледа причина зошто негодува Тадиќ

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ изјави дека неговата посета на Косово била очекувана од граѓаните, хрватските војници и претставниците на хрватското малцинство, па затоа не гледа што е причината за негодувањето на српскиот претседател Борис Тадиќ. По посетата на Месиќ на Косово Тадиќ изјави дека со тој чекор хрватскиот претседател им нанел штета на односите меѓу двете земји и му оставил непотребен товар на неговиот наследник.

Берлускони се враќа на работното место во понеделник

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони соопшти денеска дека ќе се врати на работа во понеделник, по четиринеделното опоравување од нападот во кој му беше скршен носот и еден заб. Берлускони по митингот во Милано на 13 декември беше нападнат од еден маж, кој го удри со статуетка по лицето.

Република Српска прославува 18 години од нејзиното формирање

Во Бања Лука денеска се одбележува денот на формирањето на Република Српска. Претседателот на републиката Рајко Кузмановиќ изјави дека по 18 години од нејзиното формирање, таа стана правно и политички полнолетна. Тој смета дека босанскиот ентитет во земјата е стабилен и европски ориентиран. Кузмановиќ додаде и дека Република Српска е создадена во тешко време и е заштитник на секој граѓанин кој сака да живее во мир и слобода.

Германската опозициска партија ќе одржи конференција во Авганистан

Германската опозициска Социјал Демократска партија соопшти дека ќе одржи конференција во Авганистан со шефот на Европската Унија за надворешни работи Кетрин Ештон и авганистанскиот министер за надворешни работи Рангин Дадфар. Конференцијата е закажана за 22 јануари, недела пред да се сретнат меѓународните лидери во Лондон на конференција посветена на Авганистан. Германија во моментов има 4500 војници во Авганистан.

Иран егзекутира 6 луѓе осудени за трговија со дрога

Шест луѓе кои беа осудени за трговија со дрога во Иран денеска се казнети со бесење, соопшти иранската национална телевизија. Казната се извршила во затворот во градот Исфахан. Од почетокот на годинава најмалку 9 луѓе се егзекутирани во Иран. Минатата година властите од земјата егзекутираа 270 луѓе.

Македонија ќе испрати помош за поплавените места во Албанија

Македонската влада на денешната вонредна седница одлучи дека ќе им обезбеди техничка помош на поплавените места во Албанија . Вицепремиерот Абдулаќим Адеми соопшти дека во земјата ќе бидат испратени 21 пумпа за одводување, 5 гумени чамци, 8 шатори и 10 агрегати, а таму ќе отпатуваат и 43 лица од Дирекцијата за заштита и спасување за да раководат со опремата.

Туркменистан започна со испорака на гас во Русија

Руската национална компанија за енергетика Газпром соопшти денеска дека Туркменистан започнал со испорака на гас во земјата, по девет месеци пауза. Потпаролот на компанијата Сергеј Купријанов изјави дека сите проблеми се решени. Туркменистан ја обвини Москва за загубата на земјата на околу милијарда долари, поради прекинот на испорака на гасот. Новиот договор меѓу двете земји и овозможува на Русија годишно да купи 30 милијарди кубни метри гас од Туркемнистан, што е помалку од претходните години.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG