Вести
Преговори меѓу Русија и Белорусија за нафтата
Белорусија утре ќе испрати делегација во Москва во последен обид да биде надминат спорот меѓу двете земји околу цената на нафата, соопшти белоруската влада. Овој спор предизвикува загриженост во Европа, но засега, иако имаше прекин на испораката на нафата за Белорусија, транзитот за останатите земји не беше доведен во прашање.
Во светот досега 12.800 починати од новиот грип
Од вирусот на грипот А(Х1Н1) досега во светот починале 12.800 луѓе, е најновиот биланс што денеска го објави Светската Здравствена Организација. Во Европа, до 3-ти јануари од новиот грип починале 2554 луѓе. Според СЗО, грипот е е најраширен во централна, источна и југо-источна Европа, во северна Африка и во некои делови на Азија.
Невработеноста во САД 10 насто
Во Соединетите Држави, во декмври, биле укинати 85 илјади работни места, но стапката на невработеност останала иста, околу 10 насто. Во апсолутни бројки, во 2009-та година во Соединетите Држави вкупно биле укинати 4,6 милиони работни места, што е најмногу во една година откако се води евиденција од 1939-та година.
Ако остане надвор од НАТО, Украина ќе ја загуби независноста
Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска изјави дека доколку неговата земја не влезе во НАТО ќе биде загрозена демократијата во земјата, но и независноста. Во ексклузивното интервју за Радио Слободна Европа, Јушченко додаде дека ако на престојните претседателски избори, закажани за 17-ти јануари, победи Виктор Јанукович, Украина и во наредните 15 до 20 години ќе биде под капата на Кремљ. Јанукович деновиве изјави дека е против влегувањето на Украина во НАТО.
Кај Прилеп украдени 350.000 евра од возило на Стопанска Банка
Две непознати лица денеска околу пладне на излезот од Прилеп кон Битола ограбиле службено возило на „Стопанска банка“ АД Битола при што одзеле околу 350 илјади евра. Портпаролот на СВР Битола, Ѓоко Стрезовски изјави дека двете маскирани лица кои биле вооружени го нападнале автомобилот „голф“, сопственост на „Стопанска банка“ Битола, во кој се превезувале пари од прилепската експозитура кон централата на банката во Битола. Ограбувачите му го попречиле патот на голфот и притоа на еден од службените лица му нанеле полесни телесни повреди по главата. Потоа, со двете возила се упатиле во непознат правец.
Голфот е пронајден во близина на местото на грабежот, а полицијата сеуште трага по сторителите
Голфот е пронајден во близина на местото на грабежот, а полицијата сеуште трага по сторителите
Џенерал Моторс го ликвидира шведски Сааб
Шведската копманија за автомобили Сааб денеска е ставена во ликвидација од страна на американскиот сопственик Џенерал Моторс. Главната индистриска унија на Шведска ја критикуваше ваквата одлука на Џенерал Моторс.
Во Грција зголемени даноците на цигарите и алкохолот
Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину најви денеска дека ќе бидат зголемени даноците на цигарите и на алкохолот за 20 насто во рамките на напорите за намалување на јавниот долг. Меѓутоа, тој демантира дека ќе биде зголемен и данокот на додадена вредност. Инаку, денеска завршува и посетата на групата експерти од Европската Комисија и од Европската Централна Банка, која во Грција ги проценуваше мерките на грчката влада за намалување на јавниот долг.
Груевски - за името можеби ќе има нешто ново до крајот на месецов
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се засилува притисокот од надвор за решавање на прашањето за името со Грција во следните неколку месеци и дали чувствува таков притисок, рече дека притисокот го има цело време. Нема нешто посебно ново и добро е да го има и на другата страна, истакна Груевски по посетата на објектите на Стариот театар и на музејскиот комплекс „Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот“, кои се градат на левата страна од реката Вардар во Скопје. Во врска со тоа дали има детали за продолжување на преговорите за името, Груевски истакна дека се очекува кон крајот на јануари или во февруари да има нешто ново. Во однос на ангажманот на македонските мировници во мисијата ИСАФ во Авганистан рече дека се преземаат обврските како Македонија да е членка на НАТО, иако се уште го нема добиено членството, притоа изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи наскоро.
Црвениот Крст на Македонија понуди помош за поплавените во Албанија
Црвениот крст на Република Македонија понуди помош за надминување на последиците од поплавите кои го зафатија регионот Скадар и Леж во Албанија.
Црвениот крст може да испрати три екипи за спасување - членови на националната единица за одговор при катастрофи, помош во ќебиња, вреќи за спиење, кујнски сетови и хигиенски материјали, како и ставање во функција на прочистителната станица за вода.
По проценката во погоденото подрачје, помошта која ја понуди Црвениот крст ќе биде ставена на располагање до ранливото население од регионот зафатен од поплавите.
Црвениот крст може да испрати три екипи за спасување - членови на националната единица за одговор при катастрофи, помош во ќебиња, вреќи за спиење, кујнски сетови и хигиенски материјали, како и ставање во функција на прочистителната станица за вода.
По проценката во погоденото подрачје, помошта која ја понуди Црвениот крст ќе биде ставена на располагање до ранливото население од регионот зафатен од поплавите.
Шпанија и формално земја преседавач со Европската Унија
Денеска е формалната инаугурација на Шпанија како 6 месечен преседавач со Европската Унија. Шпанците предложија нов систем на награди и казни за економските цели на Унијата. Премиерот Хозе Запатеро изјави дека заедничката политика е потребна за да се оствари економски напредок. Со самитите на ЕУ нема да преседава Запатеро туку првиот претседател на Унијата Херман ван Рампуј.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете