Достапни линкови

Вести

Српскиот претседател Тадиќ за Божиќ во Косово

Српскиот претседател Борис Тадиќ Божиќ ќе го помине со монасите и верниците во манастирот Високи Децани во Косово, соопшти денеска неговиот кабинет. Тие за плановите на Тадиќ го известиле и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Косовските власти му одобрија на српскиот претседател да ја посети земјата, ако престојот не го злоупотребува за политички говори.

Либерман-екстремистичките групи ќе се преселат на Балканот

Изрелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман соопшти дека следната дестинација на екстремистичките групи како Ал Кадеа ќе биде Балканот, пренесува новинската агенција Асошиејтед прес. Министерот за тоа прашање го известил и македонскиот премиер Никола Груевски на нивната денешна средба во Ерусалим. Како доказ Либерман го опишал патот на парите на муслиманските водечки добротворни организации до Балканот.

Нарачателот на знакот од Аушвиц се предаде на полицијата

Водачот на една неонацисичка група, кој ја нарачал кражбата на знакот "Работата ќе ве ослободи" од еден поранешен логор во Аушвиц сам и се предал на на полицијата, соопштија полските медиуми. Тој планирал да го продае знакот и парите да ги искористи за терористичките акции на групата, меѓу кои и напдот на шведскиот парламент.

Џилани-Пакистан поуспешен од Западот во борба со Талибанците

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Џилани соопшти денеска дека успехот на земјата во борбата против Талибанците се должи на тоа што таа е во силен контраст со контра-разузнавачките напори на меѓународните безбедносни сили во Авганистан. Вашингтон вршеше притисок врз Ислмабад да му пружи помош на Авганистан, но официјалните лица од Пакистан соопштија дека тие се концентрирани на совладувањето на екстремистичките групи во земјата.

Таџикистанскиот претседател бара нацијата да купува акции во Рогхун

Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон побара од нацијата да купува акции во централата за енергија Рогхун. Таџикистан се бореше да обезбеди средства за централата, чија изградба почна пред три децении, но стопираше кога се распадна Советскиот сојуз. Поранешните лидери на Таџикистан бараа од граѓаните секој месец да донираат дел од нивните плати за централата, за која властите се надеваат дека ќе му стави крај на недостигот од електрична енергија во земјата.

Моратинос-ЕУ да ја отвори вратата за прием на другите земји

Шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос соопшти денеска дека е од фундаментално значење Европската Унија по усвојувањето на Лисабонскиот договор да ја отвори вратата за прием на другите земји, посебно на земјите од Балканот. Според Моратинос најкревка е Босна и Херцеговина, па затоа Шпанија која на 1 јануари го презеде претседавањето со унијата, најмногу внимание ќе и обрне на неа.

Ирачката полиција конфискувала артефакти стари 4000 години

Ирачката полиција соопшти денеска дека конфискувала 29 артефакти сокриени во јужниот дел на земјата, кои се стари 4000 години и кои според нив требало да бидат шверцуваени во Иран. Аретфактите потекнуваат од сумерската цивилизација. Артефактите кои се постари од 200 години според законот во Ирак им припаѓаат на властите.

77 луѓе егзекутирани во Ирак

Ирачките судски официјални лица објавија денеска дека земјата погубила 77 луѓе осудени за кривични дела во 2009 година. Судијата Махдат Ал Махмуд соопшти дека е формиран специјален суд за тероризам за тие брзо да се справат со таквите случаи. Објавата е по судската одлука во декември во гардот Русафа да се казнат со смрт тројца мажи за нивната вмешаност во бомбашките напади во јуни во градот Таза во кои животот го загубија 88 луѓе.

Белорусија на преговори во Москва за снабдувањето со нафта

Белоруските официјални лица соопштија денеска дека нивна делегација отпатувала во Москва за да преговараа за снабдувањето со нафта, по спорот за цените меѓу двете земји на почетокот на месецов. Несогласувањата ја принудија Русија да се закани дека ќе го стопира снабдувањето со нафта во Белорусија, при што и други земји од Европа ќе останеа без нафта. Спорот околу центите за нафта меѓу двете земји во минатата година оставија без греење милиони луѓе.

Нигерија бара САД да ги укине безбедносните мерки за патниците

Нигерија ќе бара од САД да ја тргнат од авионската листа на потецијални земји кои можат да извршат терористичи напади. Нигериското министерство за правда соопшти дека по жалбата САД ќе ја повлечат одлуката, бидејќи Нигерија не е терористичка земја и еден инцидент неможе да биде пресуден. Вашингтон во неделата објави нови безбедносни мерки за патниците од 14 земји кои летаат кон САД, по обидот на еден нигериец на Божиќ да изврши терористички напад на американски авион, кој леташе од Амстердам кон Детроит.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG