Вести
Бан Ки Мун-во Сомалија нема да има миротворци на ОН
Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави денеска дека нема да има миротворци на организацијата во Сомалија се додека не се заврши децениската цивилна војна во земјата. Тој смета дека нивната задача е да го одржат мирот, кој во моментов го нема во Сомалија. Утре во Адис Абаба ќе се одржи конференција за африканската унија.
2 мртви во самоубиствен бомбашки напад во Ирак
Ирачката полиција соопшти денеска дека во самоубиствен бомбашки напад на едно кафуле во градот Самара, западно од Багдад животот го загубиле две лица, а најмалку 20 се повредени. Во кафулето имало полицајци и припадници на сунитските муслимани Шахва кои се поранешни бунтовници и кои сега им помагаат на американските сили во борбата со бунтовниците.
Борисов-Бугарија и Турција движечка сила на проектот Набуко
Бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истамбул изјави дека Бугарија и Турција се движечка сила на проектот за гасоводот Набуко. Прашањето за негова реализација како што изјави Борисов ќе биде поставено на следната средба на врвот на ЕУ во Брисел. Борисов веќе разговарал и со претставници на Европската банка за обнова и развој за финансирање на изградбата на гасоводот. Набуко има за цел да ја намали испораката на гас од Русија.
Русија ќе ја снабдува Либија со оружје
Рускиот премиер Владимир Путин изјави денеска дека Русија и Либија потпишале договор за набавка на оружје вреден 1,3 милијарди евра. Путин вчера се сретна со либискиот министер за одбрана, Јунис Џабер во Москва. Руските производители на оружје ја оценија соработката со Либија како просперитетна.
Јеменските бунтовници ги прифаќаат условите на власта
Лидерот на шиитските бунтовници од северниот дел на Јемен објавил аудио порака на интернет во која соопштува дека тие ги прифаќаат условите на властите за крај на војната, ако нападите врз нив престанат. Бунтовниците се борат со јеменските власти од 2004 година. Во август минатата година војската започна офанзива против бунтовниците. Меѓународните организации објавија дека над 150 луѓе се отселиле поради војната.
Јапонија со критики до руската крајбрежна стража
Јапонија денеска упати критики до Русија, откако нивната крајбрежна стража отворила оган кон два јапонски брода во близина на група острови. Јапонското министерство за надворешни работи соопшти дека бродовите кога се вратиле на пристаништето во Хокаидо имале дупки од куршуми. Јапонија и Русија имаат деценски спор за островите во пацификот, познати како Западни територии на Јапонија и Јужни Курилски острови во Русија, кој ги спречува формално да стават крај на несогласувањата од Втората Светска Војна.
Авганистански преведувач убил 2 американски војници
Авганистански преведувач убил двајца американски војници, а потоа се самоубил во една воена стража во источен Авганистан. Агенциите цитираа официјални лица од САД и НАТО дека инцидентот се случил во покраината Вардак. Сеуште не се знае причината зошто преведувачот отворил оган кон војниците, но наводно напаѓачот не бил милитант.
Над половина граѓани ја поддржуваат владата во Хрватска
Хрватската влада прв пат по шест години има поддршка од над половина граѓани, според анкетата на агенцијата Пулс. Премиерот на земјата Јадранка Косор е на третото место на листата на најпопуларни политичари во земјата, веднаш зад новиоизбраниот шеф на државата Иво Јосиповиќ и претседателот во заминување Стипе Месиќ. Но владејачката партија Хрватска демократска заедница заостанува зад опозициската Социјалдемократска партија.
Организирана поделбата на храна во Хаити
Светската програма за храна денеска соопшти дека ќе започне со првата систематска поделба на храна во Хаити, по земјотресот што го погоди островот на 12 јануари. Во главниот град Порт о Пренс се одредени 16 локации каде само жените ќе можат да ги земат продуктите. По земјотресот во Хаити поради лошата координација и големите редови на гладни луѓе имаше ситуации кога некои мажи им ја земаа храната на жените и на послабите од нив. Хуманитарните организации објавија дека ќе обезбеди храна и помош на сите што им е потребна.
5 мртви во несреќа на автопат во Саудиска Арабија
Во судир на автобус и автомобил на автопат во северниот дел на Саудиска Арабија, животот го загубија 4 студенти и еден маж, а 11 луѓе се повредени. Според извештајот автобусот кој превезувал студенти од универзитеот Ал Гоуф се превртил неколку пати. Повредените кои се наоѓаат во тешка состојба се пренесени во болница.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете