Вести
Средба Милошоски-Друцас во Лондон
Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и заменик министерот за надворешни работи на Грција Димитриос Друцас при нивната денешна средба на маргините на Меѓународната конференција во Лондон за Авганистан се согласија дека посетата на медијаторот Метју Нимиц во февруари или на почетокот на март би била добра можност уште еднаш и Македонија и Грција да му ги образложат своите позиции и со тоа да му се даде поттик за неговиот ангажман и да се постигне напредок. Милошоски изјави и дека тие разговарале за спорот за името и за тоа дека грчката страна била резервирана за иницијативата за подигнување на нивото на канцелариите за врски во амбасади во Скопје и Атина.
Данскиот премиер бара ограничување на носењето фереџе
Данскиот премиер Ларс Лоеке Расмусен денеска побра да се ограничи носењето на фереџиња во јавност. Во соопштението на неговиот кабинет се наведува дека на фереџињата не им е место во данското општество и власта е решена да се бори против таквиот начин на гледање на жената. Во соопштението не се бара целосна забрана на нивното носење, туку властите што побрзо да ја ограничат нивната употреба.
Караџиќ бара Хашкиот трибунал да му го одложи судењето
Радован Караџиќ које обвинет за воени злосторства денеска од Хашкиот трибунал побара да се одложи неговото судење кое е закажано за 1 март, но доколку судскиот совет одлучи да не го прифати неговото барање тој изјави дека ќе го одржи воведниот збор на тој датум. Поранешниот претседател на Република Српска Караџиќ е обвинет за геноцид и злосторства против Муслиманите и Хрватите за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година.
Светските сили ќе издвојат 140 милиони долари за Авганистан
Британија соопшти дека светските сили се согласиле да издвојат 140 милиони долари за планот на авганистанските власти да ги потикнат Талибанците да се откажат од насилството. Британскиот секретар за надворешна политика Дејвид Милибанд ја објави информацијата при крајот на Меѓународната конференција во Лондон посветена на Авганистан. Претставниците на 70 земји и меѓународни организации го поддржаа планот на Карзаи за Талибанците, но и за спречување на корупцијата и соопштија дека на самитот во Кабул ќе разговараат за тоа прашање. Светските лидери се договорија и дека на крајот на 2010 ќе го направат распоредот за предавање на одговорноста за безбедноста воАвганистан на нејзините сили.
Рускиот град Воронеж продава статуа на Ленин
Рускиот град Воронеж ја продава стауата на Владимир Ленин, бидејќи повеќе неможе да си ги дозволи трошоците за нејзиното одржување. Компанијата која била надлежна за одржување на статуата банкротирала и сега бара нов сопственик кој ќе може да издвои околу 49 илјади долари за нејзина поправка. Статуата од поранешниот руски лидер е долга 14 метри и била поставена пред 60 години на плоштадот во градот.
Милошоски се сретна со Клинтон во Лондон
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска се сретна со американскиот државен секретар Хилари Клинтон на маргините на Меѓународната конференција во Лондон посветена на Авганистан. На кусата средба тие разговарале за придонесот на Македонија во ИСАФ Мисијата на НАТО во Авганистан, а размениле и мислења за преговорите на Македонија и на Грција за спорот со името.
Форд остварил профит од 2,7 билиони долари во 2009
Американскиот автопроизведител Форд соопшти денеска дека компанијата остварила профит од 2,7 билиони долари во 2009 година за прв пат по 4 години. Форед е еден од ретките автопроизводители, кои го избегнаат банкротот за време на економската криза. Пред неколку недели најголемиот европски автопроизводител Фолцваген соопшти дека продал рекордна бројка на автомобили во минатата година.
Соопштение на ЕУ,ОБСЕ,НАТО и САД до македонската влада
Мисиите на ЕУ, ОБСЕ, НАТО и Амбасадата на САД во Македонија во заедничка писмена изјава соопштија дека наставата на државен јазик во немнозинските заедници треба да започе рано, со цел сите граѓани течно да го зборуваат јазикот по завршувањето на образованието. Тие и препорачуваат на владата преку дискусии со сите засегнати страни да одлучи како и кога треба да се воведе државниот јазик. Тие сметаат и дека е вистински момент за воведување на факултативно изучување на албанскиот јазик и јазиците на другите етнички заедници во Македонија.
Авганистанско племе ќе ги протерува Талибанците
Едно источно авганистанско племе потпиша пакт преку кој ќе ги протера Талибанците од нивната земја. Тие соопштија дека ќе им ги запалат куќите на оние жители кои ќе ги кријат бунтовниците во своите домови и тие ќе треба да платат казна од 20 илјади долари. Американските воени официјални лица ја одобрија одлуката на племето Шинвари и соопштија дека ќе им обезбедат 1 милион долари за нивниот фонд и 200 илјади долари за развој на програмите за вработување. Шинвари владеат во 5 региони со околу 600 илјади жители во покраината Нангархар. Пактот го потпишаа 170 старешини.
Ирак ќе ги забрани направите за детонирање бомби?
Ирачкиот министер за внатрешни работи, Џавад ал Болани изјави денеска дека безбедносните сили можеби ќе престанат да ги користат направите за детонирање на бомби, доколку истрагата покаже дека тие не функционираат. Ирак ќе бара друга алтернатива ако експертите како што изјави министерот пронајдат некоја маана на направите, кои земјата ги увезе од Британија.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете