Вести
Косово бара партнер за модернизација на аеродромот
Косовските власти соопштија денеска дека бараат приватен партнер за инвестирање на 100 милиони евра во модернизација на аеродромот во Приштина. Аеродромот е еден од најфрекфентните во регионот. Владата сака да потпише договор на 20 години со кој инвеститорот ќе биде обврзан да изгради нов терминал и контролна кула на аеродромот.
Грчкиот Парламент на 3 февруари ќе избира нов претседател
Грчкиот Парламент на 3 февруари ќе го избира новиот претседател на земјата, соопшти денеска претседателот на законодавното тело Филипос Пецалникос. Единствениот кандидат за функцијата е актуелниот претседател Карлос Папуљас, која ја доби поддршката од премиерот Јоргос Папандреу и лидерот на опозицијата Андонис Самарас. Според Уставот претседателот на Грција ќе се избира во три круга, а доколку тие не успеат да назначат нов лидер се свикуват нови избори.
Саудиска Арабија ги протера јеменските бунтовници
Саудиските официјални лица соопштија денеска дека безбедносните сили ги протерале јеменските бунтовници надвор од границите на нивната територија, откако тие ден претходно најавија еднострано помирување. Саудиска Арабија започна три месечна офанзива против бунтовниците, по убиството на двајца граничари. Бунтовниците војуваат со јеменските власти од 2004 година. Заменик министерот за одбрана принцот Калеб Бин Султан соопшти дека тој е скептичен за помирувањето на бунтовниците.
ЕБРД и одобри заем на БиХ од 64 милиони евра
Европската банка за обнова и развој денеска и одобри на Босна и Херцеговина заем од 67 милиони евра за зајакнување на финансиската ситуација и секторот за гас во земјата. Банката соопшти дека тие му дале поддршка на финансискиот сектор на БиХ , бидејќи тој во иднина ќе го развие банкарскиот систем во земјата.
Иран нема да присуствува на самитот во Лондон
Иранските медиуми сопштија денеска дека земјата нема да учествува на утрешниот самит во Лондон, посветен на Авганистан. Новинската агенција ФАРС го цитираше потпаролот на иранскиот министер за надворешни работи , Рамин Мехманпараст дека земјата нема да биде дел од самитот, бидејќи целта на средбата е зголемување на воените операции во Авганистан и поради тоа што тие нема да го земат во предвид капацитетот на регионот за решавање на проблемите.
Пијалак со ликот на Сталин во Русија
Руските медиуми денеска објавија дека во земјата ќе се произведе специјална едиција на пијалак со ликот на поранешниот советски диктатор Јозеф Сталин, по повод одбележувањето на 67 годишнината од победата на Сојузот во Сталинград за време на Втората Светска Војна. Компанијата Беверга која ќе го произведе пијалакот со вкус на лимон соопшти дека не гледа ништо лошо во нивната иницијатива. Сталин кој почина во 1953 година беше одговорен за смртта на милиони жители на Советскиот Сојуз.
Македонската влада изненадена од реакцијата на ОБСЕ
Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек не испратил писмо до премиерот Никола Груевски, туку до вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми, вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и до министерот за образование и наука Никола Тодоров, соопшти денеска владиниот Сектор за односи со јавноста. Владата е изненадена од реакцијата на ОБСЕ со која во нивните очи како што се вели во соопштението бил нарушен кредибилитетот на организацијата. Тие информираат дека во август, минатат година ОБСЕ им сугерирал, сите провооделенци да започнат да го изучуваат македонскиот јазик, а сега по 6 месеци тие им соопштиле дека проектот бил преуранет и дека најпрвин требало да подготват терен за негова имплементација.
Папата и Перез со пораки на одбележувањето на Холокаустот
Папата Бенедикт 16 денеска го осуди како што го нарече хоророт за време на Холокаустот и соопшти дека такви трагедии не смеаат да се повторат. Израелскиот претседател Шимон Перез пред германскиот Парламент ја повика меѓународната заедница да ги изведе пред суд извршителите на злосторствата. Во Полска денеска се одбележува меѓународниот Ден на жртвите на холокаустот. На централната манифестација во некогашниот концентрационен логор Аушвиц се присутни највисоки преставници на Европската Унија и на повеќе земји од светот. Логорот во Аушвиц беше ослободен од Советските сили на 27 јануари, 1945 година, во кој беа убиени околу милион Евреи.
Расното насилство намелено во Русија во 2009
Руските активисти за човекови права соопштија денеска дека насилството во земјата врз основа на расизам е намалено во минатата година. Во расистички мотивирани напади во 2009 биле убиени 71 лице, за разлика од 2008, кога биле регистрирани 110 случаи. Организацијата за човекови права Сова соопшти дека подобрата реакција на полицијата е причината, што насилството за прв пат забележало пад од 2004 година.
2009 најлоша за авионската индустрија
Меѓународната асоцијација за авионски транспорт соопшти денеска дека минатата година била најлоша досега во авионската индустрија со остварени најмалку летови, по 1945 година. Експертите сметаат дека причината е во економската криза, поради која голем дел од луѓето за да заштедат пари се решија одморите да ги поминат во својата земја
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете