Вести
Шпанија ќе се обиде да го реши спорот меѓу Македонија и Грција
Шпанското претседателство ќе се обиде да го реши прашањето за името меѓу Македонија и Грција во текот на првите шест месеци од оваа година, изјави денеска во Брисел шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Моратинос по министерскиот политички дијалог со Србија. Моратинос истакна дека 2010 година ќе биде клучна за Балканот, најавувајќи дека шпанското претседателство планира да организира посебен состанок посветен на балканскиот регион во Сараево. Тој нагласи дека Мадрид нема да навлегува во преговорите за името што се водат под покровителство на ОН, но смета дека преговорите за членство на Македонија во ЕУ нема да може да започнат без да се постигне решение на ова прашање.
Џенерал Моторс го продал брендот Сааб на Спајкер?
Џенерал Моторс се договорил со холандскиот автопроизводител Спајкер да му го продаде брендот Сааб, соопштија американските медиуми. Од Спајкер сеуште не ги потврдиле информациите, а офисијалните лица од Џенерал Моторс не биле достапни за коментар. Холандската берза денеска ја стопирала продажбата на акциите на Спајкер, бидејќи производителот давал понуда за Сааб.
Властите на Шри Ланка сакаат да го дисквалификуваат Фонсека
Властите на Шри Ланка бараат начин да го дисквалификуваат опозицискиот кандидат на претседателските избори Сарат Фонсека. Министерот за надворешни работи, Рохита Боголагама соопшти дека Фонсека неможе да биде кандидат на изборите, бидејќи неговото име претходно не се наоѓало на избирачката листа. Изборите во Шри Ланка се одржуваат за прв пат по 20 годишната војна со Тамилските тигри. Главната трка е меѓу Фонсека и актулениот претседател на земјата Махинда Рајапакса.
Милошоски-цврста релација на Македонија и Словенија
Со посетата на Љубљана се продолжува цврстата релација меѓу Македонија и Словенија и треба и натаму да се одржува овој интензитет на политички дијалог, но и да биде проследен со активности корисни за економската соработка, соопшти денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по средбата со словенечкиот премиер Борут Пахор. Македонија како што изјави Милошоски треба да го искористи пријателството и кредибилитетот на Словенија во рамки на Европската Унија. Тој утре ќе отпатува за Лондон каде ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на Авганистан.
Изрел нема да започне нова истрага за војната со Газа
Израел нема да назначи специјална комисија, која ќе ја истражи офанзивата на Газа и со тоа земјата го демантираше извештајот на Обединетите Нации кој ја обвини нивната војска за воени злосторства. Министерот за информации, Јули Еделстејн соопшти дека деновиве Израел ќе поднесе документ до организацијата во кој ќе ги извести дека земјата веќе ја истражила војната која траеше три недели. Истражувањата беа спроведени од војската, која себеси се ослободи од обвинувањата. ОН ги обвини и Израел и милитантите кои владеат со појасот Газа за воени злосторства и ги повика незвисно да го истражат нивното однесување за време на војната.
Соседите на Авганистан го подржуваат планот на Карзаи
Соседните земји на Авганистан денека го подржаа планот на претседателот Хамид Карзаи да им понуди поттик на Талибанците да го предадат нивното оружје. На состанокот кој се одржа во Истабул, Турција присуствуваа претседателот на Пакистан, Асиф Али Задари и претставници од Иран, Таџикистан и на Кина. Авганистанскиот претседател се надева и дека ќе ја добие поддршката од Западните земји за неговиот план да реинтегрира дел од Талибанците во општеството на меѓународната конференција во Лондон во четврток посветена на Авганистан.
Седвил нов цивилен претставник на НАТО во Авганистан
НАТО денеска го назначи британскиот амбасадор во Кабул за нов цивилен претставник на алијансата во Авганистан. Амбасадорот Марк Седвил ќе работи на подобрување на односите со властите во земјата и со меѓународните организации, како што се Обединетите Нации. Тој ќе му биде соработник и на командантот на силите на алијансата во Авганистан генералот Стенли Меккристал.
Британија им забрани на 3000 хулигани да одат на СП во фудбал
Британската Влада соопшти денеска дека на преку 3.000 фудбалски хулигани ќе им забрани да патуваат на Светското првенство во фудбал, што ова лето ќе се оддржи во Јужна Африка. Мерките со кои ќе им биде оневозможено на навивачите да ги следат натпреварите на англиската репрезентација ќе бидат претставени пред Долниот дом на Парламентот. Хулиганите ќе мора своите пасоши да ги предадат во полицијата, пред почетокот на Светското првенство. Максималната забрана што судот може да му ја изрече на еден навивач-хулиган изнесува 10 години.
НАТО и Русија ќе ја обноват воената соработка
НАТО и Русија денеска ќа ја обноват воената соработка, откако таа беше замрзната од страна на Русија за време на војната со Грузија во 2008 година. Рускиот шеф на генералштабот Николај Макаров ќе се состане со министрите за одбрана на 27 земји членки на НАТО. Тие на средбата ќе се фокусираат на подобрување на техничката соработка и борбата против тероризмот. Потпаролот на НАТО, полковник Масимо Панизи соопшти дека тие ќе разговараат и за зголемување на соработката во Авганистан.
Последниот чин на устоличувањето на Иринеј во Косово
Новиот српски патријарх Иринеј соопшти денеска дека последниот и најсвечен дел од неговот устоличување ќе се одржи на 25 април во Косово во градот Пеќ и тоа ќе го означи почетокот на работата на Светиот синод. Заседанието на Синодот како што изјави Иринеј ќе претставува и можност за разгледување на состојбата во Косово.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете