Вести
150 000 жртви во Порт о Пренс по земјотресот во Хаити
Властите во Хаити соопштија денеска дека во земјотресот што го погоди островот на 12 јануари животот го загубиле околу 150 илјади луѓе само во главниот град Порт о Пренс. Точната бројка на останатите загинати околу градот сеуште не се знае. Властите сметаaт дека неможе да се утврди и колку тела биле закопани по земјотресот.
Хјуман Рајтс Воч-апсењата во Иран против човековите права
Организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч соопшти денеска дека апсењата по изборите во Иран предизвикале криза во спороведувањето на човековите права. Тие сметаат дека апсењата на илјадници луѓе од страна на иранските безбедносни сили и полицијата, по спорните претседателски избори на 12 јуни се обид да се заплашат критичарите на власта и да се замолчат сите кои не се сложуват со неа. Во извештајот на организацијата има сведочења на активисти, демонстранти и десиденти од Иран.
Американски авион принудно слетал поради еден патник
Авионот на американската компанија Јунајтед Ерлајнс морал принудно да слета во Денвер, бидејќи еден патник за време на летот се обидел да ја отвори вратата на авионот. Во авионот имало над 100 патници. Пилотите одлучиле наместо да летаат кон Лас Вегас да го сменат правецот и авионот вчера безбедно слетал во Денвер. Полицијата го уапсила мажот кој го предизвикал инцидентот.
Медведев-договорот со САД за разоружување е при крај
Рускиот претседател Димитри Медведев соопшти денеска дека новиот договор за нуклеарно разоружување е спремен 95 проценти и дека при крај се дебатите околу тоа прашање. Тој е оптимист дека договорот со Соединетите Американски Држави ќе биде постигнат во најскоро време . Преговорите меѓу двете земји ќе продолжат наредниот месец во Женева.
Протести во Томск поради смртта на еден новинар
Неколку стотина луѓе денеска протестираа во сибирскиот град Томск против локалната полиција, поради смртта на новинарот Константин Попов, кој беше претепан од чуварите, додека беше во притвор. Попов беше уапсен на 4 јануари, бидејќи се наоѓал во алхохолизирана состојба. Попов почина во болница на 20 јануари, откако неколку дена беше во кома. Демонстрантите носеле натписи "полицијата без контрола е полоша од бандитите" и "срам за полицијата". Шефот на полицијата во Томск и полицаецот кој го нападна новинарот беа отпуштени од работа.
Груевски очекува нови билатерални средби со Папандреу
Премиерот Никола Груевски очекува да продолжат билатералните средби со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу во обид да се најде решени за прашањето за името. Тој смета дека сигналите од Грција кои се негативни не оставаат простор за надеж дека нешто ќе се смени по разговорите. Но изрази надеж дека преку средби, изложување аргументи и нови идеи можеби нешто ќе се промени. Најави дека наскоро би требало да се оствари средба меѓу министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.
Ахмадинеџад го претстави буџетот пред парламентот
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска го презентираше годишниот буџет пред парламентот во кој посебно внимание е посветено на редуцирањето на зависноста на Иран од приходот од нафта. Иранските агенции сопштија дека буџетот ќе изнесува 368 билиони долари. Ахамдинеџад не објави како земјата ќе може да го зголеми буџетот, ако ја намали зависноста од извозот на нафта. Некои 80 проценти од парите во буџетската каса доаѓаат од извозот на нафта на земјата.
САД не ја потврди автентичноста на снимката на Бин Ладен
Соединетите Американски Држави соопштија дека неможат веднаш со сигурност да потврдат дали е автентична аудио снимката во која лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен ја изразува подршката за обидот за терористички напад на авион кој леташе од Амстердам кон Детроит на Божиќ. Едно минутната аудио снимка беше емитувана на телевизијата Ал Џезеира во која Бин Ладен соопштува дека планира уште напади на САД. Советникот на Белата Куќа, Дејвид Акселрод соопшти дека неможе да потврди дека снимката е автентична.
Средба Гадафи-Асад во Либија
Либанскиот лидер Моамер Гадафи денеска оствари средба со сирискиот претседател Башар Ал Асад во главниот град на земјата Триполи. Тие се сретнаа зад затворени врати. Властите на двете земји не соопштија детали, туку само дека тие разговарале за самитот на арапските земји, кој треба да се одржи во Либија на крајот на март.
60 лица уапсени за поврзаност со Курдската работничка партија
Турската полиција уапси 60 лица, меѓу кои и двајца новинари кои се осомничени дека се поврзани со забранетата Курдска работничка партија. Полицијата ја извршила акцијата во три градови кои се населени претежно со Курди и во Истамбул. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе им даде поголеми политички права на Курдите за да стави крај на 25 годишната војна со Курдската работничка партија, која се залага за автономија на југоисточна Турција.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете