Достапни линкови

Вести

Погреби на загинатите во судирите во Нигерија

Во Нигерија во градот Јос денеска се одржаа погребите на 300 луѓе, кои загинаа за време на судирите меѓу муслиманите и христијаните во минатата недела. Насилството во градот еруптираше кога започна реконструкцијата на домовите, кои беа уништени во минатогодишните конфликти, во кои мораше да интервенира и војската. Црвен Крст соопшти дека околу 18 илјади луѓе останале без своите домови. Градот Јос се наоѓа на границата меѓу муслиманското население на север и христијанското на југ.

Американскиот суд со нова одлука за донирање во кампањи

Американскиот суд денеска ја отповика децениската забрана за трошоците за време на кампањите. Со новата одлука компаниите ќе може да ги подржат кандидатите за претседател или за конгресот во земјата. Контровезната одлука им дозволува на компаниите да донираат пари во кампањите, но им забранува директно да им даваат пари на кандидатите.


Ромпуј-решавањето на кипарското прашање е важно за ЕУ

Претседателот на Европската Унија, Херман Ван Ромпуј при неговата денешна посета на Никозија соопшти дека решавањето на кипарското прашање е важно за унијата, бидејќи тоа ќе стави крај на поделеноста во Европа и ќе ја зголеми безбедноста во регионог. Тој потврди дека Кипар има подршка од унијата во напорите за обединувањето на островот. Ромпуј се сретна со кипарскиот претседател Димитрис Христофиас во рамки на неговата обиколка на главните градови на земјите-членки на ЕУ.


Додик-Месиќ сака да се извлече од непријатната ситуација

Премиерот на Република Српска, Милорад Додик соопшти денеска дека хрватскиот претседател Стипе Месиќ се обидува да се извлече од непријатната ситуација, по највата дека ќе употреби сила доколку покраината спроведе референдум за самостојност и се одели од Босна и Херцеговина. Додик смета дека уште пофрапантна е изјавата на претседавачот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ кој смета дека изјавата на Месиќ не е ништо ново.

Клинтон со критики до Кина за слобода на интернетот

Американскиот секретар Хилари Клинтон денеска упати критики кон Кина и другите нации кои го ограничуваат пристапот на интернет и го попречуваат слободниот тек на информациите. Таа денеска одржа говор за слободата на интернет на веб страната на Стејт Департментот. Таа ги повика Кина, Тунис и Узбекистан да не вршат цензура на интернет. Клинтон побара од Кина да спроведе истрага за сајбер нападите, кои го принудија Гугл да се повлече од земјата.

Русија ќе активира нуклеарен реактор во Иран

Шефот на руската национална нуклерана коорпорација, Сергеј Кириленко соопшти денеска дека земјата ќе го активира нуклеарниот реактор, што беше изграден пред 15 години во склоп на иранската нуклеарна постројка Бушер. Русија се сложи да го изгради реакторот во Иран во 1995 година, но проектот вреден 1 милијарда долари беше одложен. САД не го одобруваа проектот, бидејќи се соменеваа дека Иран ќе го искористи реакторот за производство на нуклеарно оружје. Но во последниве години САД го променија мислењето.




Строу ја брани инвазијата на САД во Ирак

Британскиот секретар за правда Џек Строу на денешното јавно сослушување за војната во Ирак ја бранеше неговата одлука за подршка на американската инвазија во земјата во 2003 година. Строу кој од 2001 до 2006 година ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи соопшти дека жали за загубените животи за време на конфликтот во Ирак, но дека тоа било најдоброто решение во тие околности. Идната недела е закажано солушувањето на Тони Блер, кој во тоа време беше премиер на Британија.


Опел ќе отпушта работници и ќе затвори погон во Белгија

Автомобилскиот производител Опел соопшти денеска дека ќе отпушти 8300 работници во преставништавата на компанијата низ Европа, меѓу кои 4000 во Германија и дека ќе го затвори погонот во Антверп во Белгија. Шефот на Опел, Ник Хедли изјави дека со затворањето на погонот ќе бидат отпуштени 2600 луѓе, бидејќи компанијата мора да го намали производатвото за 20 проценти.

Бензините ќе поскапат пола денар,а дизелот 1 ипол денар

Бензините од ноќеска ќе поскапат за половина денар по литар, а дизел горивата за денар, односно 1 ипол денар по литар, соопшти денеска Регулторната комисија за енергетика. Со одлуката ќе се изврши зголемување на рафоинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,71, о0дносно 2,31 отсто.


Русија двојно ќе ја зголеми испораката на гас од Азербеџан

Руската компанија Газпром соопшти денеска дека нивната испорака на гас од Азербеџан наредната година ќе биде зголемена за двојно и ќе изнесува две милијарди кубни метри. Новиот договор може да има влијание врз придонесот на Азербеџан на гасоводот Набуко, кој треба да започне да функционира во 2014 година. Набуко ќе ја снабдува Европа со природен гас преку каспиското море и Турција, со цел да се намали завиноста од снабдувањето со гас преку Русија. Азербеџан минатата година испорача 23,6 милијарди кубни метри природен гас.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG