Вести
Новиот вирус на грипот повторно ке нападне!
Светската здравствена организација соопшти дека вирусот на новиот грип повторно ќе се рашири. Предвидувањата се дека вирусот А Х1 Н1 во следниот период ќе ги погоди областите и населението кои во првиот бран беа поштедени.
Според СЗО, најголем број смртни случаи се очекуваат во земјите во развој. Проекциите се дека штетите од новиот грип ќе го чинат светот околу 3 билиони долари.
.
Според СЗО, најголем број смртни случаи се очекуваат во земјите во развој. Проекциите се дека штетите од новиот грип ќе го чинат светот околу 3 билиони долари.
.
Саед Монтазери- убиство или затвор за Моусави ќе има последици за Иран
Саед Монтазери синот на починатиот десидент свештеник Хосеин Али Монтазери изјавил за германското списание Шпигел дека доколку иранските власти се обидат да го упасат или убијат лидерот на опозијата Мир Хосеин Моусави тоа ќе има катастрофални последици за земјата. Според него, убиството на внукот на Моусави за време на протестите е последното предупредување до опозицискиот лидер. Тој изразил надеж дека властите ќе покажат одговорност и готовност за компромис, кои се можни само доколку претседателот Махмуд Ахмадинеџад поднесе оставка.
Турција и Саудиска Арабија се залагаат за мир на Блискиот Исток
Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска се сретна со неговиот колега саудискиот принц Сауди Ал Фаисал да разговара за зајакнување на мировниот процес на Блискиот Исток. Давутоглу, кој е во тридневна посета на Ријад, соопшти дека и двете земји се залагаат за стабилност и безбедност на регионот. Тој утре ќе се сретне и со саудискиот крал Абдулах за да разговара за турската позиција во израелско-сириските мировни преговори.
Иран со предлог до Меѓународната заедница за ураниумот
Иранското министерство за надворешни работи му даде еден месец рок на Западот да ја прифати нивната понуда за размена на ураниум, но доколку одговорот биде негативен, Техеран предупреди дека ќе сам ќе произведе на нуклеарно гориво за постројката во Техеран. Иран минатиот месец го одби предлогот на ОН и на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија голем дел од збогатениот ураниум да им го предаде на Русија и Франција.
Авганистанскиот парламент одби два министри на Карзаи
Авганистанскиот парламент денеска одби Исмаил Кан да го прогласи за министер за енергетика во новиот кабинет на претседателот Хамид Карзаи. Кан во првиот мандат на Карзаи ја извршуваше истата функција. Парламентот одби да го именува и Сарџар Даниш за министер за правда, а претходно го одборија назначувањето на Абдул Рахим Вардак за министер за одбрана.
Хрватите најпесимисти за очекувањата во 2010
Најголеми песимисти во врска со очекувањата за 2010 година се жителите на Хрватска, меѓу 33 земји, во кои агенцијата Галуп спроведе истражување за расположението на граѓаните. Според резултатите тие очекуваат оваа година да биде полоша од минатата, за која многумина сметаат дека е една од најлошите во светски рамки во последниве децении.
ЕУ го осуди самоубиствениот бомбашки напад во Пакистан
Шефот за надворешни работи на Европската Унија, Кетрин Ештон го осуди вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Пакистан во кој животот го загубија 90 луѓе. Ештон соопшти дека нападот на турнирот за одбојка во Лаки Марват е уште еден во низата, кои се случуваат секојдневно врз жителите на земјата и дека унијата и натаму ќе му дава подршка на Пакистан во борбата против тероризмот.
5 мртви во експлозија на бомба во Авганистан
Најмалку 5 луѓе го загубија животот, а 6 се повредени во експлозија на бомба во југозападниот дел на Авганистан, меѓу покраината Фарах и Нимроз. Нападот се случил додека жртвите патувале кон еден пазар, кој често е цел на Талибанците. Според Обединетите Нации во првите 10 месеци мината година се убиени 2038 цивили во Авганистан.
Авганистанскиот парламент го одобри министерот за одбрана
Авганистанскиот парламент денеска го одобри назначувањето на Абдул Рахим Вардак за министер за одбрана, кој е првиот изгласан министер од номинираните за новиот кабинет на претседателот Хамид Карзаи. Номинациите за кабинетот Карзаи ги објави при крајот на декември, а голем дел од министрите се истите од неговиот претходен претседателски мандат.
Германија бара авганистанските сили да започнат да раководат со безбедноста
НАТО оваа година треба да започне да ја префрла одговорноста за безбедноста во Авганистан на локални сили во земјата, соопшти германското министерство за надворешни работи. На 28 јануари во Лондон ќе се одржи меѓународна конференција на НАТО сојузниците за состојбата во Авганистан. Германија во моментов има 4500 војници во земјата.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете