Вести
2 кинески инженери киднапирани во Авганистан
Талибанците кинднапирале двајца кинески инженери и четворица авганистанци кои ги придружувале во јужниот дел на земјата, соопштија локалните официјални лица. Инженерите помагале во изградбата на патот во покраината Фарџаб. Потпаролот на Талибанците Јусуф Ахмади соопшти дека тие ги киндапирале инженерите и двајца нивни возачи и двајца чувари. За нивната судбина како што изјави Ахмади ќе реши исламскиот суд или шура.
Македонија не се пласира на баражот за СП во ракомет
Македонската машка ракометна репрезентација не успеа да се пласира во јунскиот бараж за светското првенство во Шведска во 2011 година, откако Литванија ја совлада Турција со 37:24. Литванија требаше да победи со помалку од 9 гола за Македонија да го заземе првото место во групата и да се пласира на пбаражот. Макдонија во првиот натпревар изигра нерешено 24:24 со Литванија, а вчера ја победи Турција со 35:26.
Папата ја брани активноста на Ватикан за Евреите во војната
Папата Бенедикт 16 при неговата прва посета на римската синагога денеска ја бранеше акцијата на Ватикан за време на Втората Светска Војна за заштита на Евреите. Претходно еврејскиот лидер соопшти дека тогашниот папа Пиј 12 дека требало да зборува поотворено против Холокаустот. Бенедикт изјави дека тој давал помош на дискретен начин.
Ирански обвинител негира одговорност за смртта на 3 демонстранти
Поранешниот главен обвинител во Техеран, Саид Мортазави денеска го отфрли извештајот на парламентарната комисија во кој се наведува дека тој е делимично одговорен за смртта на најмалку тројца демонстранти кои беа уапсени за време на немирите по спорните предтседателски избори во јуни во Иран. Тој смета дека извештајот содржи грешки и има недостатоци. Парламентарната комисија соопшти дека уапсените починале од тепањето во затворот и дека со денови биле без храна и вода.
Шпинделегер-Австрија сака да посредува меѓу Грција и Македонија
Австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер изјавил дека неговата земја сака да се понуди како медијатор за изнаоѓање на решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција, пренесува државната новинска агенција МИА. Тој смета дека во текот на пролет ќе се најде решение за спорот и дека очекува оваа година соработката на ЕУ со Македонија да има конкретни резултати. Шпинделегер изразил и уверување дека до 2020 година земјите од Западен Балкан ќе станат членки на унијата.
Ирак потпиша договор за искористување на нафтено поле
Ирак денеска потпиша договор со нафтениот гигант Шел и Петронас за искористување на нафтеното поле Мајнон во земјата. Во декември конзорциум воден од Ројал Дач Шел заедно со малезиската национална компанија Петронас ги доби правата за користење на полето, кое има 12,8 милијарди барели нафтени резерви. Ирак во моментов има 115 милијарди барели нафтени резерви, а пред него се само Саудиска Арабија и Иран. Ирачките власти се надеваат дека капацитетот од 12 милиони барели сега ќе се искачи на 25 на ден.
Авганистан ќе испрати помош во Хаити
Авганистан ќе издвои 200 илјади долари за помош на настраданите во земјотресот кој во вторникот го погоди Хаити. Кабинетот на претседателот Хамид Карзаи соопшти дека парите ќе бидат испратени што е можно побрзо во земјата. Тоа не е прв пат авганистанските власти да донираат помош за жртвите од природни катастрофи. Последниот пат тие понудија медицинска помош, храна и засолниште на пакистанците од Кашмир, кој исто така го погоди силен земјотрес.
Тадиќ-Србија нема да подржи референдум за поделба на БиХ
Српскиот претседател Борис Тадиќ соопшти денеска дека земјата никогаш нема да подржи референдум за поделба на Босна и Херцеговина. Тој смета дека Србија ќе го загуби меѓународниот кредибилитет ако подржи таков референдум и дека земјата не би ни донела некоја одлука со која би се довела во прашање положбата на Република Српска и дека тие го почитуваат Дејтонскиот договор.
Бан Ки Мун отпатува за Хаити
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун отпатува за Хаити за да види како најдобро може да се координира меѓународната помош за настраданите во земјотресот. Тој пред да полета на аеродромот соопшти дека ниту долар не треба да биде потрошен залудно и дека ОН веќе прехранува 40 илјади луѓе, а до крајот на месецов очекува бројката да се искачи на 2 милиони. Но и покрај помошта која постојано пристигнува на аеродромот во главниот град Порт О Пренс, таа тешко се дистрибуира до преживеаните, поради логистички проблеми.
Убиен анти-талибански старешина во Пакистан
Анти-талибански племенски старешина денеска е убиен во Пакистан во близина на границата со Авганистан. Локалните официјални лица соопштија дека Малик Абдул Каџум бил убиен додека влегувал во неговото возило, а притоа и негов роднина е повреден во реонот Бајур. Страешините се цел на Талибанците, откако тие ја организираа локалната милиција да се бори против нив.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете