Вести
Забрана за 500 политичари да се кандидират на избори во Иран
Ирачките изборни власти им забранија на речиси 500 политичари да се кандидираат на престојните избори. Хамдиа Хусеини од високата независна избирачка комисија соопшти денеска дека забраната за кандидатите е под законот на комитетот, правдата и интегритетот. Тој не изјавил дали на листата има и кандидати, кои имале врски со поранешниот лидер Садам Хусеин.
САД и Русија на работ на потпишување на договор за разоружување
Американскиот подсекретар Вилијам Бурнс соопшти денеска дека Вашингтон и Москва се на работ на потпишување на нов договор за нуклеарно разоружување, по неколку месечните преговори. Тој е оптимист дека договорот наскоро ќе биде потпишан. Стариот договор меѓу САД и Русија престана да важи на 5 декември минатата година.
Серија бомбашки напади во Ирак
Во серија на бомбашки напади во Ирак во шиитскиот свет град Најаф животот го загуби најмалку едно лице, објавија ирачките официјални лица. Неименувани безбедносни официјални лица пак соопштија дека бројката на загинати е поголема. Една автомобил бомба експлодирала во близина на џамија, а други две бомби експлодирале на пазар во градот, кој се наоѓа на 150 километри одалеченост од Багдад.
Средба на министрите за надворешни работи на БиХ, Хрватска и Турција
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу по денешната средба со неговите колеги од Босна и Херецговина и Хрватска соопшти дека соработката меѓу земјите ќе придонесе за безбедноста, стабилноста и просперитет на Балканот. Давутоглу изјави и дека средбата е можност за нова соработка во регионот. Министерот за надворешни работи на БиХ, Свен Алкај смета дека соработката ќе и помогне на земјата во нејзините аспирации кон ЕУ и НАТО.
Холандија му врати на Ирак глинена плоча стара 4000 години
Холандија денеска на Ирак му ја врати глинена плоча стара 4000 години на церемонија во ирачката амбасада. Плочата беше ставена на продажба на интернет, но властите соопштија дека сопственикот им ја предал откако дознал дека е нелегално да се тргува со културни артефакти. Холандија досега на Ирак му врати 70 археолошки предмети, за кои се претпоставува дека потекнуваат од античкиот град Ур, а околу 7000 од колекцијата се исчезнати, по кражбата во музејот за време на американската инвазија на земјата.
Груевски во посета на седиштето на НАТО во Брисел
Премиерот Никола Груевски попладнево ќе замине за Брисел во посета на седиштето на НАТО. Тој утре ќе се сретне со генералниот секретар на алијансата Андрес Фог Расмусен со кој ќе разговара за достигнувањата и перспективите на Република Македонија за членство во НАТО, како и за реформите на земјата за евро-атланските интеграции. Груевски денеска соопшти и дека на утрешната средба ќе стане збор и за спорот со името со Грција.
САД ќе издвои 100 милиони долари за Хаити
Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека земјата ќе издвои 100 милиони долари помош за Хаити по земјотресот кој го погоди островот пред два дена. САД ќе испратат и 3500 војници и 2200 маринци да им помогнат на спасувачките екипи. Првите 100 војници ќе пристигат до крајот на денот. Во главниот град на островот Порт о Пренс пристигнуваат со авиони и тимовите на Кина, Франција и Шпанија со тони храна и медицинска помош.
САД и Норвешка-Азербеџан да ја истражи акцијата против муслиманите
САД и Норвешка побараа од Азербеџан да спроведе истрага за наводната акција на полицијата против муслиманските вернци во покраината Наџиван. Амбасадите на двете земји во Баку ги повикаа властите целосно да го испитаат настанот и да им обезбедат заштита на странските дипломати кои работат во Азербеџан. На дипломатите на амбасадите вчера им било забрането да влезат во селото Бананјар од група на луѓе, кои вербално ги нападнале.
12 нови пациенти со симптоми на А Х1 Н1 во Македонија
Во изминативе 24 часа во болниците низ Скопје се хоспитализирани нови 12 пациенти со симптоми на новиот грип А Х1 Н1. На Клиниката за инфективни болести се примени 4 нови пациенти, а двајца во Воената Болница. На Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања кај децата се хоспитализирани 5 деца со симптоми на грипот.
20 мртви во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан
Во самоубиствен бомбашки напад на пазарот во покраината Урузган во Авганистан животот го загубија најмалку 20 лица. Градоначалникот на покраината Јума Гул Химат соопшти дека околу десетина луѓе се повредени во нападот на градот Дихравуд. Претседателот Хамид Карзаи го осуди нападот. НАТО соопшти дека во друг самоубиствен бомбашки напад загинал еден полицаец, а 4 луѓе се повредени во покраината Хелманд.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете