Вести
Поранешен обвинител виновен за смртта на 3 демонстранти во Иран
Иранската парлементарна истрага откри дека поранешниот обвинител во Техеран е виновен за смртта на најмалку тројца анти-владини демонстранти, кои биле уапсени во јули по одржувањето на спорните претседателски избори во земјата. Според истрагата Саед Мортазави инсистирал затворениците да бидат сместени во Кахризак, наместо во официјалниот затвор Евин. Тие починале откако 4 дена биле тепани, не добивале храна и здравствена помош.
Поголема излезеност на гласањето во вториот круг во Хрватска
Во другиот круг на претседателските избори во Хрватска до 16 часот на гласање излегле 37, 98 проценти од граѓаните со право на глас. Тоа е за 4 проценти поголема излезеност од првиот избирачки груг на 27 декември., соопшти државната избирачка комисија. Најголем одзив има во Загреб, а најмал во вуковарско-сремската жупанија. Граѓаните гласаат за кандидатот на Социјалдемократската партија Иво Јосиповиќ и за независниот кандидат Милан Бандиќ.
15 мртви во собраќајна несреќа во Алжир
Во судир на автобус и камион денеска животот го загубија 15 луѓе, а и 15 се повредени во Алжир, соопшти полицијата. Несреќата се случила во пустината Сахара, околу 600 километри јужно од главниот град на Алжир. Автобусот по сударот се запалил.
3 мртви во експлозија на бомба во Авганистан
Во експлозија на бомба животот го загубија тројца луѓе во јужната покраина Хелманд во Авганистан. Целта на нападот била полициска патрола. Еден американски маринец, еден авганистански војник и еден новинар на британскиот неделник Сандеј Мирор загинале кога нивниот автомобил наишол на бомбата поставена покрај патот. Во инцидентот е повреден и фотографот на весникот.
Европските земји испраќаат помош за поплавените места во Албанија
Европските земји испраќаат помош во северозападна Албанија, каде има големи поплави. Земјите членки на ЕУ и Молдавија доставиле чамци, хеликоптери, пумпи, генератори, ќебиња, како и храна и лекарства. Околу 10 000 хектари земји и 2400 куќи се поплавени од поројните дождови, а 5000 лица се евакуирани од реонот Шкодра.
Германија и Полска погодени од обилни врнежи на снег
Германија и Полска и денеска се соочуваат со огромни врнежи од снег, кои го отежнуваат животот во некои региони на земјите. Околу 80 илјади луѓе останаа без струја во Полска. Во Греманија голем дел од возните линии не функционираат, бидејќи шините се блокирани од снегот. На границата меѓу двете земји спасувачките екипи се обидуваат да ослободат еден регионален воз со 14 патници, кој е заглавен во снежните наноси. На балтичкиот брег над 160 луѓе мораа да ја поминат ноќта во своите возила, поради неисчистениот пат.
Откриени гробници на работниците кои ја изградиле Гиза
Египетските археолози откриле нови гробници на работниците, кои ја изградиле пирамидата во Гиза, која е најголема во земјата. Шефот за антиквитети Захи Хавас соопшти дека пронајдокот фрла светло на начинот на живот, пред 4000 години. Локацијата на гробниците во близина на пирамидата е спротивна на идејата дека таа е изградена од робови, бидејќи тие не би можеле да бидат закопани во тој регион.
Груевски-Македонија ќе бара решение за спорот со Грција
Македонија во наредниот период ќе се обиде да дојде до решение за спорот со Грција во соработка со посредникот Метју Нимиц, соопшти денеска премиерот Никола Груевски. Решението како што изјави Груевски не треба да ги наруши државните и националните интереси. Тој смета дека шпанското претседателство со Европската Унија неможе да направи нешто посебно, додека не се придвижи процесот во однос на прашањето со Грција.
Фудбалската репрезентација на Того ќе се врати дома
Капитенот на фудбалската репрезентација на Того, Емануел Адебајор соопшти дека неговиот тим ќе го напушти Африканскиот куп на нации, по барањето на властите тие да се вратат дома. Премиерот на Того, Жилберт Хунго нареди репрезентацијата да ја напушти Ангола, поради безбедносни причини. Автобусот на репрезентацијата беше нападнат во петокот, а притоа загинаа 3 луѓе.
Судот го ослободи братот на претседателот на Соединети Арапски Емирати
Шеикот Иса Бин Зајед Ал Нахџан кој е член на владејачкот семејство во Соединетите Арапски Емирати е ослободен од обвинувањата дека претепал еден авганистански работник. Тој е брат на претседателот на земјата Шеикот Калифа бин Зајед ал Нахаџан. Судот одлучи дека тој на жртвата треба да и плати 2700 долари. Шеикот се бранел пред судот дека кога го нападнал работникот бил под дејство на дрога и затоа не бил свесен за своите постапки.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете