Достапни линкови

Вести

25 загинати во бомбашки напад на спортски настан во Пакистан

Бомбаш самоубиец предизвика експлозија на терен за одбојка во северозападен Пакистан, при што загинаа најмалку 25 лица, соопшти полицијата. Насилствата во Пакистан се зголемија по офанзивата против талибанците во Јужен Вазиристан и во одмазднички напади од Октомври 2009 загинаа над 500 лица.

Во воздушни напади на колаиционите сили во Хелманд загинале 9 цивили

Во воздушен напад на меѓународните сили во aвганистанската провинција Хелманд загинале 9 лица. Од нив, според локалните власти, 7 биле цивили и двајца талибанци. До нападот дошло по повик на патрола на меѓународните сили кои се нашле под оган на милитантите.

Босна и Херцеговина членка на Советот за Безбедност на ОН

Босна и Херцеговина, Либан, Нигерија, Габон и Брзаил од денеска се нови непостојани членки на Советот за Безбедност на ОН за периодот 2010 – 2011 година. Тие им се приклучуваат на Јапонија, Мексико, Австрија, Турција и Уганда. Советот има 15 членки, од кои 5 се постојани – Велика Британија, Франција, САД, Русија и Кина.

Црногорците од денеска патуваат само со новиот пасош

Црногорците од денеска можат да патуваат во светот само со црногорски пасош кој е биометриски и важи десет години. Образецот на пасошот е напишан на црногорски, англиски и француски јазик на латиница, а доколку некој сака може и на кирилица. Стариот Југословенски пасош од денеска е надвор од употреба во Црна Гора.

Во Македонија од денеска безусловно пушење само дома

Од денеска стартува примената на Законот за заштита од пушење, што подразбира целосна забрана на пушењето во кафеани, ноќни барови, кафе-барови, диско-клубови...Според законот не смее да се запали цигара ни на терасите, шанковите и во летните бавчи, односно секаде каде што се служи храна и пијалаци.
Пушењето не е забрането само во домовите на луѓето, на отворен простор и на јавни површини доколку не се одржуваат спортски натпревари, културни и забавни манифестации, собири и други јавни настани.
Пушачите за непочитување на Законот ќе платат од 150 до 300 евра, а казните за непочитување од угостителите и фирмите се од 2.500 до 4.5000 евра, додека за одговоните лица е од 100 до 300 евра. Според Законот за угостителска дејност, предвидено е и затворање на објект во траење од 30 дена.

Нов кривичен законик во Чешка - 1000 затвореници на слобода

Од денеска во Чешка започна да се применува новиот Кривичен законик кој за некои кривични дела предвидува построги, а за некои пак алтернативни казни.Со новиот Законик кој им дава поголема слобода на јавните обвинители при одлучувањето дали е сторено кривично дело или само прекршок.

Поради укинувањето на некои кривични дела над 1.000 чешки затвореници ќе бидат пуштени дома, а на десетици илјади ќе им се намалат казните согласно новиот Кривичен законик.

Првиот Претседател на ЕУ стапува на должност

Белгиецот Херман ван Ромпуј од денеска е Претседател на ЕУ.Согласно Лисабонскиот договор, кој стапи во сила на 1 декември, беше создадена функцијата постојан Претседател на Европскиот совет со мандад од две ипол години. Поранешниот белгиски премиер ќе претседава со средбите на врвот и ќе го раководи дневниот ред на ЕУ,.Ван Ромпуј беше избран на вонредна средба на високо ниво на земјите од Европската унија на 19 ноември 2009 година.Економијата ќе биде во центарот на дневниот ред на средбата на врвот на европските лидери во февруари, објави Херман ван Ромпуј во изјава објавена оваа недела на неговата Интернет страница.

Црна Гора кандидат за ЕУ во 2010

Постои реална шанса Црна Гора до крајот на 2010 година да добие статус на кандидат за полноправно членство во ЕУ, изјави Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.. Вујановиќ изјави дека поради тоа следниот период треба да биде посветен на постигнувањето напредок по патот на европската интеграција и на зачувувањето на економската и социјална безбедност. Шефот на црногорската држава изјави дека 2009 година ќе биде запаметена со големи постигнувања на планот на надворешната политика и интеграцијата, но и со сериозни економски и социјални предизвици, кои ги наложила глобалната криза.

Напад со безпилотно летало во Пакистан?

Двајца пакистански агенти изјавија дека три лица загинале во нападите на, како што се сомнева, американско беспилотно летало во северозападот на земјата на границата со Авганистан. САД лани, се смета, истрелале неколку десетини ракети на од тој тип летала во операциите против Ал Каеда.

Иран - Мусави готов и да умре за реформи

Лидерот на иранската опозиција Мир Хосеин Мусави изјави дека е готов да умре за реформи во земјата. Тој ова го изјави неколку дена по смртта на неговиот внук на анти владините демонстрации во земјата. Мусави, како сто пишува на неговата веб страница имал план од пет тоцки за надминување на кризата во земјата. Тој бара, Владата Парламентот и Судството да ја прифатат одговорноста на оспорените избори, ослободување на политичките затвореници, да не се оспорува правото на протести и да се изготви транспарентен закон за избори.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG