Достапни линкови

Вести

Обама ги соопшти мерките за намалување на невработеноста

Американскиот претседател Барак Обама денеска ги презентираше мерките за намалување на невработеноста во САД. Обама предложил повеќе пари за инфраструктурата, намалување на данокот и поголем пристап до кредити на малите фирми, како и попуст за потрошувачите, кои своите домови ги прават поенергетски ефикасни. Белата куќа соопшти дека пакетот за спас од економската криза од октомври во 2008 година ќе чини 200 милијарди долари помалку од очекуваното.

Партијата што загуби бара поништување на изборите во Романија

Социјал демократската партија која загуби на претседателските избори во Романија поднела пријава до уставниот суд за поништување на резултатите од изборите, бидејќи гласањето било нерегуларно. Трајан Басеску во трката за претседател успеа да го победи неговиот противник Мирчеа Џоана за помалку од еден процент на гласови. Организацијата за европска безбедност и соработка соопшти дека гласањето било според стандардите.

Путин во посета на Перм

Рускиот премиер Владимир Путин денеска го посети градот Перм, каде во пожар во еден ноќен клуб изминатиот викенд животот го загубија над 100 луѓе. Путин положил рози пред влезот на клубот и напоменал дека за несреќата е виновна корупцијата и негрижата. Тој додал дека инспекторите ги предупредиле сопствениците за небезбедноста на клубот пред една година, но не дошле да проверат што тие преземале. По критиката на премиерот локалниот пожарен инспектор и неколку негови заменици се сменети од нивното работно место.

Новите војници во Авганистан ќе помогнат да се поразат Талибанците

Американскиот генерал Стенли Мек Кристал соопшти денеска дека распоредувањето на новите 30 000 американски војници во Авганистан ќе им овозможи на меѓународните сили да ги победат Талибанците. Кристал е уверен дека успехот може да се постигне, но ги предупреди коалиционите сили дека ќе се соочат со сложен и отпорен бунт и им соопшти да бидат подготвени и за авганистанскиот народ, кој нема доверба во својата Влада.

Билт-потребен е компромис меѓу Македонија и Грција


Македонија и Грција ќе успеат да ги надминат меѓусебните проблеми доколку и двете страни имаат интерес и желба за успех и се подготвени на компромис. Во моментов тие се на чекор понапред до крајната задоволителна цел, изјави претседавачот на советот на министри на ЕУ, Карл Билт на прес конференцијата во Брисел по состанокот на министрите на ЕУ. Според Билт Македонија наредните месеци на тоа треба да гледа како знак на охрабрување за решавање на спорот со името со Грција. Денеска Европската Комисија го одложи датумот за преговори на Македонија за членство во Европската Унија.

Груевски-блокадата од Грција беше очекувана


Одлуката за одложување на датумот за преговори на Македонија за членство во Европската Унија беше очекувана, затоа што Грција неколку пати соопшти дека ќе ја блокира Македонија, доколку не се откажеме од нашиот идентитет и име и не ги прифатиме нивните услови изјави премиерот Никола Груевски на прес конференцијата во Брисел. Според Груевски блокадата за разлика од онаа на самитот во Букурешн е направена на пософистициран начин. На прашањето дали Македонија пропуштила историска шанса Груевски оцени дека за него таа шанса претсавувала откажување од името, јазикот и идентитетот. Тој најави и дека Македонија ќе продолжи и понатаму со напорите за членство во унијата и решавање на спорот со името.

Иран-САД стои зад исчезнувањето на научникот за нуклеарно оружје

Иранскиот министер за надворешни работи, Манушехер Монтаки го обвини САД дека го киндаприрал иранскиот нуклеарен научник, Шасхрам Амири, кој работел за иранската атомска организација, пред да исчезне во Саудиска Арабија во јуни. Мотаки соопштил и дека иранските власти очекуваат од САД да го врати научникот дома, а ја обвинил и Саудиска Арабија дека е вмешана во киндапирањето, односно дека Ријад го предал Амири на Вашингтон. САД ги негираше обвинувањата.

Нов договор за нуклерно вооружување на Русија и САД

Официјални лица од Кремљ соопштија денеска дека Москва и Вашингтон дека ќе потпишат нов договор за нуклеарно вооружување овој месец. Советникот на рускиот претседател, Аркади Дворакевич изјавил дека Русија и САД планираат да ги финализираат преговорите, при крајот на месецов. Рокот на нивниот договор од 1991 година заврши минатата недела. Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Димитри Медведев на самитот во јули во Москва се сложија да ја намалат бројката на нуклераните боеви глави, односно тие да поседуваат од 1500 до 1675 во рок од седум години.

ЕУ-Палестина и Израел да најдат решение за Ерусалим

Министрите за надворешни работи на Европската Унија побараа денеска да продолжат преговорите меѓу Израел и Палестина и тие да се договорат за статусот на источен Ерусалим. Израел претходно се противеше на Шведската нацрт резолуција источен Ерусалим да стане главен град на палестинската држава. Министрите ја отфрлија таа референца од резолуцијата, но соопштија дека мора да се најде начин да се реши статусот на Ерусалим, како иден главен град на двете земји.

127 загинати во експлозии во Багдад

Најмалку 127 луѓе загинаа, а над 400 се повредени во денешната серија бомбашки напади во главниот град на Ирак, Багдад. Најмалку 3 автомобили бомби експлодирале во центарот на Багдад, а цели биле владини институции. Неколку други, речиси синхронизирани експлозии се случиле во други делови од градот.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG