Достапни линкови

Вести

Студенти го запоседнаа ректоратот на универзитетот во Солун

Група грчки студенти денеска го запоседнале ректоратот на универзитетот Аристотел во Солун, поради апсењата кои ги изврши полиција во обид да ги запре немирите, кои настанаа во Атина по повод одбележувањето на годишнината од смртта на едно 15 годишното момче, кое беше застрелано од полицијата минатата година. Досега се приведени 780 учесници на протестот.

7 мртви во две експлозии во маркет во Пакистан

Најмалку седум луѓе го загубија својот живот, а 30 се повредени во две експлозив во еден маркет во пакистанскиот град, Лахоре соопшти пакистанската полиција. Причината за експлозијата сеуште не е позната.

Дефинитивно нови 7000 војници одат во Авганистан


Американските сојузници на денешниот состанок во седиштето на НАТО во Брисел потврдија дека ќе испратат речиси 7000 нови војници наредната година во Авганистан. Генералниот секретар на НАТО, Агнес Фон Расмусен соопшти дека на средбата имало индикации од некои земји дека планираат да испратат во иднина уште свои трупи во Авганистан.

Стуб- важно е да ги започнеме преговорите со Македонија

Важно е да ги започнеме преговорите со Македонија за членство во Европската унија, да направиме напредок во европската интеграција на БИХ и Србија, соопшти финскиот министер за надворешни работи Александар Стуб, пред денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во Брисел. Според Стуб проширувањето на унијата е најважно и тоа мора да продолжи.

ОН-Ирак да реши кога ќе има парламентарни избори

Обединетите Нации денеска побараа од Ирак најбрзо што може да го соопшти датумот на кој ќе се одржат парламетнарните избори, кои се клучен чекор во воспоставување на демократијата во земјата. Независната изборна комисија предложила изборите да се одржат на 27 февруари.

780 приведени во немирите во Атина

Над 780 луѓе се приведени во Атина за време на денешните и вчерашните немири по повод одбележувањето на годишнината од смртата на едно 15 годишното момче, кое беше застрелано од полицијата минатата година. Најголем дел од демонстрантите се средношколци.

Расмусен очекува неколку илјади војници за Авганистан

Шефот на НАТО, Андрес Фог Расмусен соопшти денеска дека тој очекува во Авганистан да бидат испратени уште неколку илјади војници, кои ќе им бидат подршка на 30 000 американски војници. Денеска во седиштето на НАТО во Брисел се состануваат земјите членки на алијанстата, кои треба да соопштат дали ќе испратат нови 7000 војници за мисијата во Авганистан, како што ветија минатата недела.

Градоначалникот на Кабул осуден за корупција

Авганистанските официјални лица соопштија денеска дека градоначалникот на Кабул, Мир Абдул Ахад Шахеби е осуден на четири години затвор, поради корупција. Тоа е прв ваков судски случај откако претседателот Хамид Карзаи вети дека ќе се бори против корупцијата минатиот месец, кога го започна својот втор претседателски мандат.

Брисел - Македонија без датум за преговори со ЕУ

Министрите за надворешни работи на ЕУ го започнаа состанокот во Брисел . Според нацрт - верзијата за Македонија постои можност министрите да ја одложат одлуката за доделување датум за преговори со Македонија за следниот состанок во март 2010-та. Имено, како што се јавува од Брисел, во текстот што денеска го разгледувале амбасадорите на земјите членки пишувало дека одлуката за датумот за Македонија треба да се одложи за март 2010 година.
Се предлага во заклучоците на Советот на министрите да пишува дека се поздравува прогресот направен во повеќе важни области. Меѓутоа се додава и дека задржувањето на добрососедските односи, вклучувајки заеднички прифатливо решение за името под покровителство на ОН, останува суштинско. Советот е охрабрен од последните позитивни случувања во односите меѓу Грција и Македонија". Можно е ова прашање да се најде на дневен ред на средбата на лидерите на ЕУ во среда и четврток со единствена цел да се постигне максимум охрабрување за Македонија, но и за Грција, за да го решат спорното прашање.

Русија и Индија потпишаа договор за нуклеарна соработка

Рускиот претседател Димитри Медведев и индискиот премиер Манмонах Синг денеска потпишаа договор за нуклеарна соработка во Москва. Двајцата лидери се договориле да ја зголемат соработката за цивилната атомска енергија и трговијата со оружје. Индија со овој договор ќе обезбеди ураниум за нејзините реактори од Русија, а во земјата ќе бидат изградени и четири нови руски нуклеарни реактори.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG