Достапни линкови

Вести

Македонија во 2009 година имаше 2.053.799 жители

Бројот на живородени деца во 2009, според проценките на Државниот завод за статистика, ќе биде поголем за 4,3 отсто во однос на претходната година.
Намалување се очекува кај бројот на умрените лица, за 1.3 проценти.Во 2009 ќе има повеќе склучени бракови за 0,2 отсто, но и разведени за 5,7 проценти.
Врз основа на податоците за проценките на населението, Македонија 2009 година ја завршува со 2.053.799 жители.

Македонија - земјоделското производство во 2009 зголемено

Земјоделското производство во 2009 година се очекува да биде поголемо од лани за 4,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Вкупното проценето производство на житни растенија е намалено за 3,3 проценти, а производството на индустриски растенија се проценува дека е зголемено за 5,2 отсто. Овоштарското производство годинава е поголемо за 2,5 проценти од ланското, а производството на грозје бележи пораст за 4,9 отсто. Според статистика, зголемување се очекува и кај добиточното производство за 2,8 отсто.

Македонија - трошоците за живот во 2009 намалени

Трошоците на живот во 2009. во однос на минатата година, според проценките на Државниот завод за статистика, ќе забележат намалување од 0,8 отсто.
Според проценетите податоци, индексот на цените на мало годинава во однос на лани се очекува да биде понизок за 1,3 отсто.

Четири лица убиени во трговски центар во Еспоо - Финска

Финската телевизија повикувајки се на полицијата соопшти дека 4 лица, тројца мажи и една жена, се убиени од вооружено лице во трговски центар во Еспоо. Лицето кое стрелало било родено 1966 и имало криминално досие. Според сведок, тој бил облечен во црно и на вториот спрат на трговскиот центар во Еспоо, втор град по големина во Финска, започнал да стрела од огнено оружје.

Речиси 10 процентен пад на индустриското производство во Македонија

Индустриското производство во Република Македонија во 2009 година бележи пад од 9,7 отсто во однос на лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Намалувањето е резултат на негативните движења на индустриското производство во одделите кои во структурата на индустриското производство учествуваат со 69,2 отсто.
Тоа се производството на прехранбени производи и пијалоци, на тутунски производи и ферментација на тутун, на облека, доработка и боење на крзно, на кокс, деривати на нафта и нуклеарно гориво, на хемикалии и хемиски производи, на производи од гума и производи од пластични маси, како и на производи од други неметални минерали, на основни метали, на машини и уреди, на електрични машини и апарати, и на мебел и други разновидни производи.

Бали: Можни терористички напади за Нова Година

Американската амбасада во Индонезија денеска предупреди за можни терористички напади за време на ново годишното празнување на Бали. На Бали во октомври 2002 година во бомбашкиот напад загинаа 202 луѓе, главно туристи.

Од 1 јануари пушење само дома и на улица

Од 1 јануари стартува примената на Законот за заштита од пушење, што подразбира целосна забрана на пушењето во кафеани, ноќни барови, кафе-барови, диско-клубови.... Исто така, пушењето ке биде забрането и на терасите, шанковите и летните бавчи, односно секаде каде што се служи храна и пијалаци.Пушењето не е забрането само во домовите на луѓето, на отворен простор и на јавни површини доколку не се одржуваат спортски натпревари, културни и забавни манифестации, собири и други јавни настани. Пушачите за непочитување на Законот ќе платат од 150 до 300 евра, а казните за непочитување од угостителите и фирмите се од 2.500 до 4.5000 евра. Според Законот за угостителска дејност, предвидено е и затворање на објект во траење од 30 дена.

Нови воени и цивилни жртви во Авганистан

Странските сили и цивилите во Авганистан претрпеа тешки загуби во последните дваесет и четири часа. Четири канадски војници и еден канадски новинар загинаа во бомбашки напад во провинцијата Кандахар. Претходно, осум американски цивили беа убиени кога бомбаш-самоубиец активирал експлозивна направа поставена во неговиот елек во воена база во провинцијата Хост. ЦИА не ги коментираше извештаите дека меѓу загинатите има нејзини агенти. За експлозијата во Хост одговорноста ја превзедоа талибанците.

Иран и Казахстан ја негираа „тајната ураниумска зделка“

Иран и Казахстан ги негираа новинските извештаи во кои се наведуваше дека Иран тајно купува од Казахстан 1.350 тони руда ураниум за неговата контроверзна нуклеарна програма. Иранскиот претставник во Обединетите нации ги нарече известувањата неосновани и хегомонистички. Министерството за надворешни работи на Казахстан, исто така, категорично ги отфри извештаите, кои се повикуваат на разузнавачки податоци на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија ,според кои, Иран му понудил на Казахстан 450 милиони долари за испорака на ураниумот.

Северна Кореја забрани употреба на странски валути

Северна Кореја ја забрани употребата на странски валути .Властите предупредуваат дека ќе следуваат големи казни за сите оние кои нема да користа северно корејска валути односно ќе плаѓаат со долари , евра или јуани. Ваквата одлука доаѓа неколку недели откако Владата на Северна Кореја ја преведнуваше својата валута со цел да ја ограничи инфлацијата.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG