Достапни линкови

Вести

Лукашенко-Белорусија ќе гради нуклеарна централа

Белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти денеска дека земјата планира да изгради нуклерна централа за да не зависи целосно од увозот на енергија од Русија и Европската Унија. Новата нуклеарна централа според Лукашенко сама ќе произведува енергија за добра цена. Таа ќе биде изградена во западниот дел близу границата со Полска, а конечната одлука ќе биде донесена во блиска иднина.

Нови 16 сомнителни на грипот А Х1 Н1 во Македонија

Во скопските болници во зиминативе 24 часа се хоспитализирани нови 16 пациенти сомнителни на грипот А Х1 Н1. На Клиниката за инфективни болести се примени 6 луѓе, а на Институто за белодробни заболувања кај децата 7 деца. Според Институтот за јавно здравје во текот на минатата недела се пријавени 4990 слуачи на лица сомнителни на грипот.

Гилаури-економијата во Грузија ќе има раст од 2 проценти во 2010

Грузискиот премиер Ника Гилаури соопшти денеска дека економијата во земјата во 2010 година ќе забележи раст од 2 проценти. Грузија која најмногу зависи од странските инвестиции имаше пад во домашната економија, поради нивното повлекување од земјата за време на економската криза и петдневната војна со Русија во август 2008 година.

Построги мерки за интернет корисниците во Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вети денеска дека ќе ја зголеми контролата врз интернет и веб корисниците во земјата. Лукашенко соопшти дека луѓето што постираат лаги онлајн треба да бидат предмет на истрага. Според новиот предлог закон секој корисник кога ќе објави нешто на интернет ќе треба да се регистрира и индентификува.

Груевски-2009 беше тешка за Македонија

2009 година беше тешка за Македонија, поради светската економска криза која се одрази и врз домашната економија, а дополнителен проблем беа и блокадите од Грција за членство во НАТО и ЕУ, соопшти денеска премиерот Никола Груевски, при посетата на Домот за деца без родители 11 Октомври. Според него владата го дала својот максимум и успеала земјата да добие позитивен извештај од унијата и визна либерализација.

Британски заложник во Ирак пуштен на слобода

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд соопшти денеска дека британскиот државјанин Петер Мур кој беше киндапиран во Ирак во 2007 е пуштен на слобода. Милибанг ги опиша годините на Мур во заложиштво како страшни, мизерни и несигурни. Мур кој е 36 годишен компјутерски техничар беше киндапиран од милитантите во Багдад со неговите 4 телохранители, кои подоцна беа убиени.

Казакстан негира дека има договор со Иран за ураниум

Казакстан ги демантираше тврдењата дека се договорил со Иран да го снабди со чиста ураниумска руда за развој на нивната нуклеарна програма. Казакстанското министерство за надворешни работи објави дека тие ги негираат обвинувањата на некои медиуми дека се договарале со Иран за извоз на ураниум. Претходно потпаролот на министерството соопшти дека сите активности на земјата се во согласност со Меѓународната Агенција за Атомска Енергија.

Путин го поздрави растот на популацијата во Русија

Рускиот премиер Владимир Путин денеска по состанокот на владата го поздрави растот на популацијата во земјата за кој верува дека се случува за прв пат од 1995 година. Бројот на населението во Русија се намали по распадот на Советскиот сојуз, а според официјалната статистика тој се зголемил поради демографските промени и зголемената миграција во земјата.

Бугарија ќе испрати 30 војници во Авганистан

Бугарските власти соопштија дека ќе испратат уште 30 војници во Авганистан на почетокот на идната година. Според властите војниците ќе и се придружат на бугарската единица, која го обезбедува аеродромот во јужниот авганистански град Кандахар. Бугарија во моментов има 497 војници во земјата и уште 270 стационирани на аеродромот во Кандахар. Министерството за одбрана соопшти и дека можеби ќе бидат испратени дополнителни 70 војници во Авганистан до крајот на 2010 година.

27 мртви во серија на бомбашки напади во Ирак

Во серија на бомбашки напади во Ирак животот го загубија најмалку 27 луѓе, а 35 се повредени. Во првиот напад со автомобил бомба цел била безбедоносната контрола пред канцеларијата на градоначалникот на покраината Анбар, а вториот напад се случил кога гардоначалникот Касим Мохамед пристигнал на местото на експлозијата и бил нападнат од бомбаш самоубиец, кој ја активирал бомбата, кога бил задржан од чуварите.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG