Достапни линкови

Вести

Неизвесни изборите во Ирак

Ирачкиот заменик претседател Тарек Ал Хасеми соопшти дека ја одложил одлуката, дали да го потпише или да стави вето на изборниот законик до недела, кој е потребен за изборите наредната година. Хашеми претходно стави вето на еден закон, поради спорот со шеитските и курдските законодавци, околу распоредот на местата во парламентот меѓу етничките и верските заедници во Ирак. Тој ја одложи одлуката, откако судот му даде уште време и Хасеми изјави дека причините поради кои тој му ставил вето на законот сеуште се присутни. Експертите пак велат дека изборите закажани за јануари најверојатно ќе се одржат или во февруари или пак на почетокот на март.

Путин ќе се кандидира за претседател во 2012?

Рускиот премиер Владимир Путин соопшти дека тој ќе размисли дали да се кандидира за претседател на земјата на изборите во 2012 година. За време на телевизискиот пренос на кој тој одговара на прашањата на граѓаните Путин изјавил дека сеуште има доста време до претседателските избори и дека секој во моментов треба да се фокусира да ја извршува ефективно својата должност. Путин соопштил и дека неговата кандидатура зависи и од состојба на економијата и социјалната сфера на земјата во тој период.

САД и ЕУ загрижени за БИХ

САД и ЕУ се загрижени поради неподговеноста на Босна и Херцеговина да целосно учествува во процесот на евроатланската интеграција, соопшти денеска американскиот заменик секретар Џон Стајнберг, при неговата посета на Сараево. Стајнберг изјави и дека политичките лидери на оваа земја треба да донеат одлуки, кои ќе им покажат на НАТО и унијата дека Босна и Херцеговина е спремна да стане нивна рамноправна членка и дека меѓународната заедница е спремна на тој пат да и ја пружи својата помош.

Убиени двајца полицајци во Дагестан

Двајца полицајци се убиени денеска во руската република Дагестан, која се смета за нестабилно и насилно подрачје. Министерството за надворешни работи соопшти дека двајца мажи започнале да пукаат во двајцата полицајци, пред една полициска станица во центарот на градот. Престрелките помеѓу исламистичките бунтовници и владините сили се чести во оваа земја, особено во северниот дел, каде се наоѓа границата со Чеченија.

Мун-има напредок во преговорите на Кипар

Преговорите во Кипар забележале напредок и меѓународната заедница очекува лидерите на грчката и турската страна да пристапат решително и да покажат политичка храброст за решавање на проблемот, наведува генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун во документот во кој го оценува текот на преговорите на островот. Документот содржи и мерки за изградба на довербата помеѓу двете заедници и воедно со тоа тие се повикуваат да ги реализираат.

Белорусија и Азербеџан против независноста на Косово

Белорусија и Азербеџан на третиот ден на расправата за легалноста на независноста на Косово се изјаснија дека декларацијата е спротивна на меѓународното право. Белорусија соопшти дека не постојат правни аргументи во корист на Косово. Додека пак Азербеџан соопшти дека фактот што меѓународното право не се бави со поделбата на некоја земја не значи дека таа е дозволена. Претходно Австрија ја подржи независноста на Косово.

4000 затвореници во Туркменистан амнестирани

Речиси 4000 затвореници во Туркменистан се амнестирани по повод националниот празник на земјата овој месец соопшти претседателот Гурбангули Бердумукхамедов. Националната телевизија објави дека тие веќе се пуштени на слобода и дека 19 од нив се странски државјани.

Финска ќе и помогне на Македонија за влез во ЕУ

Македонија е подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија и Финска ќе се заложи и кај другите земји членки на ЕУ соопшти финскиот премиер Мати Ванханен на денешната средба со премиерот Никола Груевски во Хелсинки. Ванхенен изјави и дека на седми декември тие ќе го подржат стартот на преговорите, но дека тоа не зависи само од нив. Во врска со спорот со името со Грција финскиот премиер смета дека Македонија треба да го искористи моментот за двете страни да дојдат до компромис. Груевски пак дека очекува Македонија по позитивниот извештај на Европската комисија да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Убиени 10 милитанти во Пакистан

Најмалку 10 милитанти биле убиени во северо-западен Пакистан, во акцијата на пакистанските сили во изминатата ноќ, соопшти армиски претставник. Локални официјални личности соопштија дека и во одвоена престрелка во близина на границата со Авганистан, биле убиени неколкумина милитанти.

Независноста на Косово е легална, став на Австрија во Хаг

На третиот ден од расправата за легалноста на косовската независност пред Меѓународниот суд за правда во Хаг, претставникот на Австрија оцени дека декларацијата за незавиност била во согласност со меѓународното право. Во продолжение на расправата, своите аргументи треба да ги изнесат претставниците на Азербејџан и на Белорусија. Вчера независноста на Косово ја подржаа претставниците на Албанија, Германија и Саудиска Арабија, а претставникот на Аргентина оцени дека е прекршено меѓународното право.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG