Достапни линкови

Вести

Сејдиу не е против предверемни парламентарни избори на Косово

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу денеска соопшти дека не ја исклучува можноста за одржување на предвремени парламентарни избори. Според Сејдиу коалиционите партнери треба да вложат напори за да обезбедат подобар квалитет на владеењето во земјата и доколку се договорат да има предвремени избори, тој не е против промени во власта.




Талат-ако се реши кипарското прашање ќе се одложат изборите

Лидерот на кипарските Турци, Махмет Али Талат соопшти денеска дека ако се најде решение за кипарското прашање до април 2010 година, преговорите ќе бидат одложени до претседателските избори во северниот дел на островот за прашањето да не биде дел од предизборната кампања. Во наредниот период според Талат ќе се преговара за териоториите, сопственоста, гаранциите и безбедноста.



Нови 17 пациенти сомнителни на А Х1 Н1 во Македонија

Во изминативе 24 часа во Македонија се хоспитализирани нови 17 пациенти со сиптоми на грипот А Х1 Н1. На Клиниката за инфективни болести се примени 8 пациенти. На Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања кај децата се хоспитализаирани 9 деца со симптоми на грипот.


ИРНА-телата на 5 демонстранти во Иран под истрага

Иранската новинска агенција ИРНА соопшти денеска дека 5 тела на убиените прореформистички демонстранти кои го загубија животот за време на вчерашните протести сеуште се чуваат за да се комплетира истрагата. Меѓу нив се наоѓа и телото на Али Моусави внукот на опозицискиот лидер, кој беше убиен на протестите.

Судири на полицијата и Курдите во Турција

Во судири на турската полиција и Курдите во југоисточниот дел на земјата и во Истамбул најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и двајца полицајци. Курдите протестираат против одлуката на уставниот суд кој и забрани на единствената прокурдска партија во парламентот да се занимава со политика. Полицијата уапсила и некои од демонстрантите.

Русија ќе се бори против корупцијата и тероризмот

Рускиот претседател Димитри Медведев денеска го потпишал договорот на Заедницата на Независни Држави кој ја обврзува земјата да ги зголеми своите напори за спречување на корупцијата и финансирањето на терористичките активности. Според договорот членовите на заедницата ќе треба да се кординираат меѓусебно за да бидат поуспешни во борбата со криминалот.

Полицаецот кој објави видеo за корупција на интернет на суд

На еден поранешниот полицаец во Русија кој на веб сајтот Ју Тјуб ги обвинил своите претпоставени за корупција ќе му се суди за злоупотреба на работното место. Преходно обвинетиот Алекс Домовски објавил видео на истиот сајт во кој го повикува премиерот Владимир Путин да преземе мерки за да ја спречи коруцијата во полицијата. Клипот на сајтот го виделе над милион луѓе.

Нови критики до Иран за убиствата на демонстрациите

Европската Унија упати критики до Техеран за употребата на брутална сила од страна на безбедносните сили против опозициските демонстранти. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд соопшти дека насилството на иранските безбедносни сили е вознемирувачко. Претходно судирите меѓу иранските безбедносни сили и демонстрантите во кои животот го загубија 8 луѓе го осудија и германската канцеларка Ангела Меркел, Италија, Франција и САД.


10 цивили загинале во воена операција во Авганистан

Кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи соопшти денеска дека 10 цивили го загубиле животот, меѓу кои и деца за време на воената операција во покраината Куран, која се наоѓа на источната граница со Пакистан. Според кабинетот Карзаи ги осудил убиствата и наредил да се истражи инцидентот.

Критики до Русија за адвокатот кој почина во затвор

Една независна комисија упати критики кон Русија за третманот на адвокатот кој беше осуден за корупција и кој почина во затвор. Комисијата од Москва соопшти денеска дека Сергеј Магницки бил подложен на физички и психички притисок во затворот. Тој почина минатиот месец поради тоа што не бил лекуван, додека бил во притвор, а беше уапсен во ноември 2008 година за затајување на данок.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG