Достапни линкови

Вести

Израел - Влада на национално единство

Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху предложи формирање на влада на национално единство и и понуди министерско место на лидерката на опозицијата Ципи Ливни. За понудата тие ке разговарале во недела, јави израелското радио. Ливни е водач на центристичката Кадима која има 28 од 120 те места во Кнесетот.

Курдите со нова партија во Турското Собрание

Пратенците Курди во Турското Собрание Меџлисот, кои беа членови на забранетата Партија за демократско општество формираа нова политичка групација под името Партија за мир и демократија. Како што јавија турските медиуми, во пратеничката група на новата партија влегле 20 од вкупно 21-те досегашни пратеници на ДТП, додека еден од нив ќе проодлжи да дејствува како независен член на Парламентот.
На 11 декември Уставниот суд на Турција донесе одлука за забрана на ДТП, обвинувајќи ја за врски со терористичката Крдска работничка партија (ПКК)

Поради снегот откажани божиќни миси во делови на САД

Во средниот запад на Соединетите Држави, голема бура донесе снег и мраз. Многу патишта и аеродроми се затворени за сообраќај во Северна и Јужна Дакота, Небраска, Минесота, Ајова и Висконсин. Неколки цркви ги откажале и божиќните служби поради снегот.

Скопје - По струјата поскапува и парното греење.

За граѓаните приклучени на мрежата на топланите - Центар, Исток и Запад парното греење ке поскапе за околу три проценти. Според првичните пресметки на Регулаторната Комисија за деловните објекти кои ја користат оваа мрежа цените ќе бидат повисоки за повеќе од 10 проценти. Граѓаните приклучени на мрежата Скопје Север ќе плаќаат повеќе за 7,5 проценти додека за деловните објекти цените ќе бидат повисоки за 20 проценти.
Конечните цени на парното ќе бидат донесени во понеделник кога ќе биде соопштена и новата цена на струјата која според најавите од регулаторите ќе поскапи за 10 проценти.

Албанија ке биде „супер сила“ за зелена енергија

Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека приоритет на неговата Влада е да ја претвори Албанија во мала суперсила за производство на зелена енергија во регионот. Како што јави МИА од Тирана, Бериша смета оти климатските промени се една од најсериозните закани со кои се соочува планатета Земјата. Албанија, според него, е решна да ги исполни обврските кои произлегуваат од Протоколот од Кјото.

19 жртва на новиот грип во Македонија.

На Клиниката за инфективни болести изминатото деноноќие почина едно лице родено 1938, со потврдено присуство на новиот тип на вирус А Х1Н1, соопшти Министерството за здравство. Починатиот пациент е 19 жртва на новиот грип во Македонија. Во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани осум нови пациенти со симптоми на грип и таму во моментот се лекуваат 56 лица.

Груевски - Не преговараме за јазикот и името на нацијата

„Ние не преговараме за јазикот и името на нацијата“, изјави денеска Премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали со Грција, покрај за името се преговара и за јазикот , со оглед на тоа што во ОН во личната карта за Македонија стои македонски јазик. Груевски по пуштањето во употреба на фекален и атмосферски колектор во општина Гази Баба рече дека македонската страна за тоа не преговара туку ни бараат да го смениме името на јазикот и името на нацијата. Груевски изјави и дека не планира реконструкција на владата.

Ахмети: поддршка на секое решение за името ако е од интерес за албанците

,,Нема да се случи трета светска војна, ако проблемот со името не се реши за шест месеци,,.Oва го изјавил лидерот на ДУИ, Али Ахмети за телевизијата Алсат-М. Изразувајќи оптимизам дека средбите на претставниците на Скопје и Атина ќе продолжат Ахмети вели: ,,Ние ќе поддржиме секое решение што ќе го постигнат македонските политички партии, но без да се стави во прашање и нашиот интерес како албанци, а тоа е да не се нарекува Словенска Република Македонија.,,

Божиќно обраќање на Папата Бенедикт 16

Католичките верници денеска го слават Божиќ, еден од најголемите христијански празници. Папата Бенедикт 16 во традиционалното обраќање Урби ет Орби на плоштадот Свети Петар во Ватикан ги повика богатите земји да ги прифатат мигрантите, бидејќи, како што рече, тие бегале од сиромаштијата и нетолеранцијата во нивните земји. Папата предупреди и на моралната криза, наведувајќи дека таа е полоша од глобалната финансиска криза.

Јапонија со рекорден буџет

Јапонија денеска објави рекорден буџет за наредната година од околу илјада милијарди долари. Тоа, според агенциите, било во согласност со предизборните ветувања на премиерот Јукио Хатојама за зголемување на трошоците за детска заштита и за вработување.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG