Вести
Медведев ќе спроведе реформи во полицијата
Рускиот претседател Димитриј Медведев соопшти денеска дека ќе спроведе реформи во министерството за внатрешни работи, што е потребно по злоупотребите на полицијата. Тој ќе ја промени структурата на министерството и ќе ја намали бројката на полицајци за една петина до крајот на 2012 година. Тој најави и отпуштања во другите сектори на министерството, како и борба против корупцијата во полицијата.
Судири во Иран меѓу полицијата и приврзаниците на Монтазери
Иранските безбедносни сили наводно затвориле една џамија, бидејќи локалниот свештеник сакал да одржи служба во чест на починатиот свештеник десидент ајатолахот Хосеин Али Монтазери, соопштува еден очевидец на настанот за Радиото Фарда. Безбедносните сили притоа се судриле со толпата луѓе за да ги затворат вратите на џамијата.
Африканска унија-мировниот договор да се спроведе во Судан
Африканската унија денеска ја соопшти својата загриженост за недостигот на доверба меѓу северен и јужен Судан за имплементација на нивниот мировен договор. Според унијата договорот од 2005 година кој ја прекина две децениската војна меѓу северот и југот мора да биде обновен и мора да пронајдат заеднички јазик нивните две партии. Според договорот во 2011 треба да се спроведе референдум во кој јужен Судан треба да одлучи дали сака да стане независна
8 мртви при експлозија на автомобил бомба во Авганистан
Најмалку осум луѓе го загубија животот во експлозија на автомобил бомба, пред еден хотел во јужниот град Кахдахар во Авганистан. Полицијата соопшти дека го приметила напаѓачот и се обидела да го сопре, но тој успеал да детонира бомбата.
Тачи-нема да има вонредни пзрламентарни избори на Косово
Парламентарните избори на Косово ќе се одржат во 2011, бидејќи сегашна коалиција на ДПК и ДСК е стабилна и нема потреба од вонредни избори, соопшти косовскиот премиер Хашим Тачи. Со изјавата Тачи ги негираше тврдењата на опозициските партии и експерти треба да се одржат парламентарни вонредни избори наредната година, поради несогалувањето на коалиционите партнери.
Собранието го усвои буџетот за 2010
Собранието на Република Македонија го усвои буџетот за наредната година со 66 гласа за, еден против и еден воздржан. Според буџетот приходите за 2010 се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран на 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари. Кај приходите има зголемување од 3,4 проценти, а кај расходите за 2,8 отсто. Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација.
Ерменија ќе чека Турција да го ратификува договорот за нивните односи
Ерменија нема пред Турција да го ратификува договорот за нормализирање на односите на двете земји, соопшти денеска ерменскиот претседател Овик Абрамиан. Тој ја обвини Анкара дека поставува нови услови за ратификацијата на договорот. Според Абрамиан Турција сака ратификацијата да ја поврзе со спорот на Ерменија и Азербеџан за сепаратистичката територија Нагорно Карабах и за различните ставови на земјите за маскарот на Јерем за време на отомаската империја.
Нови жртви од експлозијата на рудникот во Русија
Руското министерство за итни ситуации соопшти денеска дека бројката на жртви од експлозијата која се случи вчера во еден рудник се искачила на девет. Според министерството причината за експлозијата во рудникот Јестунинскаја во градот Нижни Тагил е поради непочитувањето на безбедносните правила во транспортото на експлозивот. Рудникот е во сопственост на групацијата Евраз.
Тирк-добар е арбитражниот договор со Хрватска
Словенечкиот претседател Данило Тирк соопшти денеска дека арбитражниот договор со Хрватска и носи на Словенија можност за добро решение за граничниот спор на двете земји. Според него критиките во Словенија за арбитражниот договор се поради политичките пресметки, отколу анализите на договорот и неговите одредби.
7 жртва во Албанија од А Х1Н1
Во Албанија едно 25 годишно момче починало од грипот А Х1 Н1, кое спаѓало во ризичната група граѓани. Тоа е седмата жртва од грипот во земјата. Во критична состојба се наоѓа и една бремена жена. Бројот на заразени во земјата е над 400, а околу 7 од нив се во тешка состојба.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете