Достапни линкови

Вести

Латвија ќе го решава граничниот спор со Русија

Латвија соопшти денеска дека работи на тоа да го реши спорот со Русија, кој предизвика стотина камиони да останат заробени на нивната граница. Министерството за транспорт соопшти дека двете земји започнале да преговараат. Околу 1050 камиони од минатат недела стојат на двата најважни правци во Латвија, кои водат до Русија. Како и Литванија во август и Латвија соопшти дека побарала помош за спорот од ЕУ.


Гелиќ-нова ера и етапа за Србија со кандидатурата за ЕУ

Србија почнува нова ера и нова етапа во европската интеграција, соопшти српскиот вицепремиер за европски инеграции Божидар Гелиќ по поднесувањето на кандидатурата на земјата за полноправно членство во ЕУ. Според него со извршените реформи и со соработката со хашкиот трибунал, борбата со корупцијата и криминалот Србија создала ситуација за поднесување на кандидатурата за членство во ЕУ.

ОН-да се врати мировниот процес во Конго

Советот за безбедност на ОН им соопштил на миротворците во Конго да ги направат сите потребни мерки против бунтовничките групи, кои го нарушуваат мировниот процес во земјата. Советот побарал од Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун да ја разгледа ситуацијата во Конго и да се истражат обвинувањата за сексуалната злоупотреба од страна на цивилите на ОН и воените лица од МОНУК

Ватикан-одлуката за Пиј 12 не е непријателски чин спрема Евреите

Ватикан им соопшти на Евреите дека нивната одлука да го донесат папата Пиј 12 поблиску до титулата светец е признавање на неговата вера, а не на неговото лидерство. Одлуката на Ватикан предизвика реакции кај еврејскиот народ бидејќи Пиј 12 кој бил папа за време на Втората Светска Војна е познат по неговата неактивност во холокаустот, кога нацистите ги убиваа Евреите. Ватикан соопшти дека нивната одлука не треба да се гледа како на непријателски чин спрема еврејскиот народ.

Москва ќе ја обнови скулптурата што ја урна Грузија

Московскиот градоначалник Јуриј Лужков соопти дека споменикот од Втората Светска Војна кој беше урнат во Грузија ќе биде повторно направен и поставен на планината Поклонаја во градот. Споменикот Лужков ќе побара да биде обновен од страна на скулптурот Мераб Берженишвили кој првично го направил. Споменикот беше урнат во саботата за на негово место да се изгради парламент.

Осомничен за кражбата на знакот од Аушвиц во притвор 3 месеци

Марчин А. кој е осомничен дека принудил 4 мажи да го украдат знакот "Работата ќе ве ослободи" од еден поранешен нацистички логор во Аушвиц ќе остане три месеци во притвор до судењето. Според полскиот суд во Краков иако тој не ја признал вината за кражбата ќе му биде даден истиот третман како и на другите кои соопштија дека учествувале во грабежот. Судот смета дека Марчин може да се обиде да ги прикрие доказите за инцидентот. Обвинетиот кој има од 20 до 39 година се соочува со казна до10 години затвор.

ЕУ-Русија не го исполнила мировниот договор со Грузија

Шефот на мисијата за мониторинг на Европската Унија, Хансјоерг Хабер соопшти дека Москва не го исполнила целосно мировниот договор со Грузија, под покровителство на унијата, кој ја прекина војната меѓу двете земји минатата година. Тој изјави дека Русија не ја исполнила обврската да ги повлече своите војници на позицијата на која се наоѓале пред конфликтот во август 2008 година. Русија не им дозволила на претсавниците на мисијата за мониторинг да влезат во грузиските сепаратистички републики Абхазија и Јужна Осетија.

Солана задолежен за безбедноста на Шпанија

Шпанската влада денеска го постави Хавиер Солана за шеф на мисијата за стратегија и безбедност на земјата. 67 годишниот Солана десет години беше висок претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност. Претходно од 1995 до 99 година беше генерален секретар на НАТО.

Романскиот Парламент изгласа доверба на владата на Бок

Романскиот Парламен денеска на заедничка седница на двата дома изгласа доверба на новата влада на премиерот Емил Бок. Гласањето беше усвоено со 267 гласови до 471 пратеник во двата дома на Парламентот. Бок ја преставил пред Парламентот својата програма и новиот кабинет, кој вклучува 15 министерства.

Шумахер повторно ќе се натпреварува во Формула 1

Михаел Шумахер по пауза од три години соопшти дека ќе се врати во Формула 1 трките и дека ќе вози за тимот на Мерцедес во 2010 година. Шумахер кој ќе наполни 41 година во јануари е најуспешниот натпреварувач во Формула 1. Тој досега има освоено 7 светски титули, а во 91 трка завршил на првата позиција.


Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG